Што всушност преставува и како ќе функционира АДА, објасува Нино Карас, извршен директор и основач на компаниајта „CodeWell“. 

„АДА е дигитален асистент кој е создден со конверзациска вештачка интелигенција. А вештачката интелигенција е широко поле со многу подгранки. Постојат многу дефиниции што е вештачка интелигенција, но една од моите омилени е способност на компјутер или робот контролиран од компјутер да извршува задачи што обично ги извршуваат луѓето затоа што бараат вештачка интелигенција. АДА всушност дигитален асистент кој е креиран со Code Well AI технологијата со која овозможуваме креирање на дигитални вработени кои се тренирани да бидат експерти во затворен домен на знаење и да автоматизираат масовна комуникација со крајни корисници. Ваквите дигитални асистенти се во можност да овозможуваат реална комуникација, достапни се во кое било време и на мајчин јазик“, рече Карас.  

Овој дигитален асистент ќе претставува директен пристап до најдобриот шалтерски работник достапен 24 часа и може да ве услужи со се“ што ве интересира од дадената институција. Потенцијалот на АДА е голем, ова е само нејзината прва фаза. На почеток треба да им ги претстави сите информации на граѓаните и странски инвеститори за инвестициските механизми и програмите кои се случуваат преку Владата и институциите. АДА во моментот обезбедува комуникации на три јазици, македонски албански и англиски јазик и е достапна на најпопуларните апликации во државата. 

„АДА ќе им овозможи на заинтересираните граѓани, компании и инвеститори услуги со програмите за државна помош. Може да обезбеди и чекор по чекор асистенција при процесот на аплицирање за даден повик. Ако имаме стартап компанија или странски инвеститор кој е заинтересиран за мерка, АДА може да провери кои повици се активни соодветни за нив, да го запознае со сите услови за повикот, до кога се роковите и целокупната документација, каде електронски да ја испрати. За стартап компаниите кои се заинтересирани да аплицираат на даден повик ада нуди и асистенција при проверка на подобност на компанијата за тој повик. Тоа е важен тест бидејќи секој повик и мерка имаат свои услови, понекогаш листите се обемни и сложени за просечен корисник. АДА ќе им каже дали се подобни или не“, вели Карас.  

АДА има и напреден нотификациски систем. Компаниите кои некогаш биле заинтересирани за повиците, може да ги известува за нови настани и програми, преку испраќање на пораки. АДА ќе може да им одговори и на потенцијалните странски инвеститори за екосистемот во земјава, условите и програмите кои се нудат, бенефитите од зоните, со цел да ги придобие кон правење на позитивна одлука за инвестиција. 

АДА е во можност да препорача и персонализирано финансиска поддршка за странските инвестиции согласно достапните мерки кои ги има во државата. Сите активни мерки и повици кои се достапни, ограничувања да се поедностави целиот процес преку конверзација странскиот инвеститор да добие конкретен извештај во кој е наведен за кои мерки е подобна неговата компанија базирана на неговите бизнис потреби.