Ако денес можеме да се договориме за нешто, тоа е неопходноста креативно да се подобрува и иновира бизнисот од ден на ден. Лидерите на најголемите корпорации зборуваат за тоа, новите бизниси не мора ни да зборуваат за тоа, тие често се иновација сами по себе. Оние кои не се подготвени за брзи промени веројатно остануваат некаде на крајот од пазарните настани.
И ако се договориме за тоа, како ќе одговориме на навидум реторичкото прашање: во време на брзи промени, кој има компаративна предност, големите корпорации или малите, флексибилни стартапи?
Изгледа дека микро тимовите и корпоративните конгломерати воопшто не можат да се натпреваруваат едни со други. Но, да видиме:
Човечки капитал
Луѓето денес се една од невралгичните точки во сите индустрии. Корпорациите и стартапите на истиот пазар на труд бараат освежување на персоналот. Ако некогаш предноста беше на страната на големите (сигурна плата, корпоративни бенефиции), што се случува денес кога вработуваме нова генерација која очекува нешто сосема поинакво од работодавецот? Ако оптималните работни услови денес подразбираат флексибилност на сите полиња (работно време, работа на далечина, облека и однесување), на чија страна преовладува вагата?
Иновативност
Речиси секој во корпоративниот свет денес меѓу своите приоритети ги става иновациите. И нема причина да се сомневаме во искреноста на таквиот став. Но, практиката покажува дека малкумина од големите системи имаат таква подготвеност да се свртат кон новото, и брзо да ги прифатат и реализираат иновациите, како штотоа се подготвени да го направат микро системите.
Креативноста што ја среќаваме кај стартапите, кои не само што со години се помлади, туку и сосема различни по енергија, не може да се спореди со корпоративно опкружување.
Претприемачки дух
Денес во стартап екосистемите, можете да го најдете тој стар претприемачки дух препакуван во новото време. Се размислува брзо и храбро (не без грешки, се разбира). Се поставуваат логични прашања, брзо се доаѓа до заклучок зошто нешто работиме и колку е тоа ни е исплатливо. Оваа логика понекогаш се губи во свет каде процедурите се премногу силни. Не е ретко, за жал, системот на компанијата да се удави во пополнувањето на формуларот, понекогаш заборавајќи ја суштината на она за што е создаден.
И каде одиме? Какви компании ни се потребни?
Можеби денес, во поодминатиот 21 век, всушност ни треба компанија со сила на корпорација и дух на стартап.
Стартапите ќе бараат финансирања со кои ќе можат да ги задоволат нивните развојни потреби.
Корпорациите ќе го бараат духот на стартапите за да можат да ја придружуваат потребата за промени.
И едните и другите, стартапите природно, корпорациите принудени, ќе мора да го негуваат духот на креативноста и иновативноста, бидејќи во спротивно нема да дојдат квалитетни луѓе и добри идеи.
А. Бојиќ, консултант за комуникации
