
И покрај интензивните текови на глобализмот, што и покрај сите повремени скршнувања од главниот „пат“, се шират и никогаш нема да застанат, паметните земји своите природни минерални богатства ги чуваат љубоморно од грабливите и лакоми економски сили, со цел да ги користат за своите потреби, за својот економски напредок, за конкуренција на светскиот пазар итн. Тие светки богатства не се ни правилно, уште помалку идеално распоредени по глава на жител на планетава, па затоа земјите водат и мораат да водат посебна, специјална политика за нивното користење или тргување со нив. Дали тоа било златото, литиумот, јагленот, сеедно, важно е од тоа богатство да се има некаква полза, а не да се дава по багателни цени, или со него да се прави нелегална трговија за нечии лични интереси.
Пред две-три години се појавија вести дека државата од концесиите што им ги дава на експлоататорите на македонските суровини или ретки минерални, наплатила само милион и пол евра за една година, што предизвика неговдување во јавноста, односно изненадување и сомнеж дека се работи за некави сомнителни зделки и таа вест остана на тоа.
На пример, податоци за годините меѓу 2018 и 2022 по години не се достапни во објавениот материјал.
Можеме да кажеме дека според новите податоци од Министерството за енергетика, рударство и минирални суровини зборуваат дека Договорите за користење минерални суробвнии што ги издава Министерството, во 2025 година се склучени 289 договори за концесии при што вкупно се наплатени милијарда 223 милиони и 45 илјади денари, а во 2024 година биле склучени 342 договори, а наплатени 561.544.717,00 денери. Министерството тврди дека наплатата за 2025 година е зголемена за 218 проценти во споредба со 2024.
Министерството информира дека ова е резултат на посветените активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите, вклучувајќи засилени инспекциски контроли и теренски проверки, испраќање писмени опомени и прекршочни постапки за доцнење со обврските, едностран раскин на 46 договори со концесионери кои не ги исполнувале законските обврски (неплаќање, еколошки прекршоци, неовластено проширување на полиња, пренос на концесија спротивно на законот), стапување во сила на новиот Тарифник од 1 јануари 2025, со кој се зголемил износот на концесискиот надоместок до 100 проценти, како и подобра координација меѓу Министерството и општините.
Битно е да се каже дека зголемената наплата директно придонесува за зголемување на буџетите на општините во чиј атар работат концесионерите, како и на државниот буџет. Тоа значи инвестиции во комуналната инфраструктура, поддршка на енергетската транзиција и проекти за обновливи извори, како и поголеми средства за заштита на животната средина.
Историски податоци (2018–2022)
Според Годишниот извештај на Државниот Завод за ревизија, во периодот 2018–2022 биле наплатени вкупно 2.781.024.000 денари од концесиски надоместоци за експлоатација на минерални суровини.
Ова ги вклучува:околу 287.307.000 денари за користење на простор; 2.487.581.000 денари за експлоатирана количина на минерални суровини; 6.136.000 денари од камати.
Тоа изнесува приближно 45 милиони евра во тој петгодишен период.
Kонцесија од Министерството за економија за да користат минерални суровини имаат добиено 264 фирми. Вкупно се издадени 358 вакви концесии. Површината на земјата опфатена со овие концесии е 349 километри квадратни што е 1,4 % од вкупната територија на државата.
Вкупно се експлоатираат 50-тина видови минерални суровини. Најмногу концесии има издадено за експлоатирање варовник - 110, за вода - 47 и за песок и чакал - 43 концесии. За експлоатација на мермер има издадено 33 концесии, за кварц 30 и за глина 15 концесии.
Кога станува збор за територијата на која се издадени концесиите и се експлоатираат минералните суровини, најмногу концесии се издадени за експлоатација на суровини на територијата на општина Прилеп, вкупно 32. Следат општина Гостивар со 21 концесија, Струга со 18 концесии и Сопиште со 15 концесии.
Една петтина од вкупно 264-те концесионери имаат повеќе од една концесија. Најмногу концесии по девет, имаат Цементарница УСЈЕ од Скопје и градежната фирма Гранит од Скопје. Следна фирма, со шест концесии е МИСА-МГ од Скопје, а пет концесии има Кнауф Радика од Дебар.
За добиените концесии се плаќа надомест по две основи: (1) фиксен надомест по километар квадратен за користење на просторот, односно површината за експлоатација на минералната суровина и (2) надомест за експлоатираната количина од минералната суровина, како процент од вредноста или фиксен износ.
По првата основа, односно од надоместот за површината за експлоатација на суровината, годишно се прибираат само околу 800 илјади евра, додека по втората основа, за количината на експлоатираната суровина се прибираат 7,2 милиони евра.
Најголем надомест за експлоатација на руда во земјава плаќа рудникот Саса, 2,2 милиони евра годишно. Следен, со годишен надомест од 1,2 милиони евра е рудникот Бучим. Само Саса и Бучим заедно годишно плаќаат дури 43 % од вкупните пари што се слеваат во државната каса за експлоатацијата на суровините. Трети се Електрани на Северна Македонија со надомест од 872 илјади евра.
Инаку, од сите 358 доделени концесии, само 19, односно 5,3 % не го платиле пресметаниот надоместок за користење на просторот за 2019 година, додека само за три концесии или за 0,8 % од сите концесии за 2019 година не е платено надомест за експлоатација.
Кога станува збор за големината на површината од која се експлоатираат суровините, најголема концесиска површина од 32 километри квадратни има државната Електрани на Северна Македонија за експлоатација на јаглен. По неа со површина од 29 километри квадратни има „Енергетика Пела“ за експлоатација на олово, цинк, злато, сребро и бакар. Следуваат Скопски легури кои експлоатираат манган на концесиска површина од 24 километри квадратни.
Во актуелнава глобална геополитичка „перестројка“, во која една од темите и фокусот на глобалниот пазар се минeралите, особено ретките, треба да се обрне посебно внимание на стратегијата во водењето на политиката околу нивната експлоатација или дозвола за нивно користење. Да се оцени дали во иднина цените на концесиите теба да се коригираат нагоре, особено на тие што повеќе се бараат.
Моментот е погоден затоа што новите технологии бараат ретки минерали, а се бараат дури и во земји во кои до вчера никој и не помислил дека ќе се бараат. Македонија можеби нема ретки минерали, но тоа што го има не треба да го потценува, сето тоа е прашање на добриот маркетинг.