Познатиот писател Перо Зубац, кој неодамна доби престижно признание „Златен беочуг“, деновиве за српскиот национален калан откри некои интересни детали врзани за неговата работа, а посебен осврт имаше култната поема „Мостарске кише“...

На прашањето како настанала поемата „Мостарске кише“, што ја напишал кога имаше само дваесет години, Зубац на шега рече дека ќе беше подобро да имаше повеќе...

- Настана сосема случајно. Тоа е збир на неколку спомени на раните сензации, на заљубување. И од овие години гледам дека тие беа вистински љубови, само платонски љубови, скоро без тактилност, држење за рака, прошетки... - вели поет.

Во „Мостарските дождови“, Зубац, од четири жени ја создаде Светлана...


- Тоа се четири девојки во кои се заљубував до 20-та година. Мирјана е од Мостар, Љиљана е од Белград, од „Сараевска“ 8, за жал сега на гробиштата Топчидер. Вера е Германка од Осијек, а Драгана е моја идна сопруга, се до неодамна, додека не замина на другата страна на брегот, откако помина 50 години среќен живот со мене. Од нив четири, ја направив Светлана – откри легендарниот поет Перо Зубац.

Интересна е приказната според која „Мостарске кише“ авторот ја отчука на машина за пишување, без индиго...
- Ниту машината, ниту хартијата не беа мои. Ја отчукав во канцеларија на еден пријател, навечер. Тој ги куцаше своите песни, да ги прати во Загреб, а мене ми беше здодевно да чекам. „Мостарски дождови“ се неповторлив крик на младоста.

Песната, меѓу друго, била објавена и во списанието „Работница“ во Москва, кое го имаше неверојатниот тираж од 19.750.000 примероци.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=4IlupHJ8iRk[/embed]