Пандемијата целосно го промени светот каков што го знаеме и ја наметна потребата од брзи и иновативни решенија во многу сегменти од нашиот живот. Некои од тие решенија, поточно трендови, се идентификувани во новиот извештај на Делоит (Deloitte) за урбаната трансформација, којшто треба да послужи како насока за градовите во создавањето одржливост, еластичност и просперитет во опкружувањето по Ковид. Извештајот „Урбана иднина со цел:12 трендови кои ја обликуваат иднината на градовите до 2030 година“ покажува како градовите можат да ги користат овие трендови како водич за подобро градење користејќи ја технологијата и иновациите.

Леувен - Белгија

Иако пандемијата ја наруши самата суштина на градскиот живот - од социјално дистанцирање и заклучување до дестабилизирање на економиите - градовите се сè уште добро позиционирани да одговорат на кризата и да поставуваат правила за обнова и изградба.

„Овие трендови не само што можат да им помогнат на владите да ги развијат своите стратегии за урбана трансформација, туку можат да ги водат и на најдобар начин да ги балансираат краткорочните притисоци со долгорочните потреби“, вели Мирослава Гаќеша, директорка во секторот за управување со ризик на Deloitte. 

Хибридните модели на работа се иднина

Врз основа на увидите од истражувачите, креаторите на политики и градските лидери, 12-те трендови вклучуваат:

Зелено планирање на јавни површини. Градовите традиционално се карактеризираат со висока густина на население и се повеќе се соочуваат со притисокот на растечкото население, ограничените ресурси и зголеменото влијание на климатските промени. Затоа сега ја преиспитуваат нивната структура и функции за во иднина да биде возможен одржлив урбан живот.

Сè за 15 минути. Урбанистите имаат за цел да дизајнираат населби така што главните погодности ќе бидат на 15 минути пешачење или возење велосипед, со опсег на домување, повеќе зелени површини и одредени пешачки и велосипедски патеки. Целта е да се намалат емисиите на јаглерод диоксид поради помалата употреба на автомобили, како и да се зајакне децентрализацијата каде секое локално населено место би имало се што е потребно за непречен живот и работа. Најдобри примери се Париз, Портланд, Стокхолм и Мелбурн.

Инклузивни услуги и планирање. Владите ширум светот проактивно спроведуваат решенија фокусирани на инклузија, со цел секој да има исти права и можности – од пристап до домување и инфраструктура до еднакви можности за вработување. Тоа се работи во градовите Меделин во Колумбија, Кито во Еквадор и Нагарејама во Јапонија.

Паметни здравствени заедници. Градовите развиваат здравствени екосистеми кои се фокусираат не само на дијагностицирање и лекување на болести, туку и на превенција и рана интервенција користејќи дигитални технологии.

Интелигентна и одржлива мобилност. Градовите на иднината се замислени со многу повеќе пешачки и велосипедски патеки, но и бројни промени кога станува збор за движењето на луѓето, кои ќе се забрзаат во следната деценија со електрификација, автономно возење, паметна и поврзана инфраструктура и интермодална мобилност.

Екосистем на дигитални иновации. Во обид да привлечат таленти, да овозможат креативност и да поттикнат дисруптивно размислување, градовите промовираат нови извори на вработување и економски раст поврзани со технолошките иновации.

Циркуларна економија и локално производство. Градовите усвојуваат кружни модели засновани на здрава циркулација на ресурси и принципи на споделување, повторно користење и обновување.

Масовно учество. Градовите се развиваат за да бидат повеќе насочени кон луѓето и дизајнирани за според потребите на нивните граѓани. Тоа се места каде што граѓаните, социјалните иноватори, граѓанските организации, компаниите и академската заедница работат заедно на процесот на градење на нивните градови. Најдобри примери се градовите Леувен во Белгија, Мексико Сити и Сан Диего.

Свесност за сајбер безбедноста и приватноста. Развојот на иницијативата за паметни градови без да се земе предвид сајбер-безбедноста и приватноста може да резултира во исклучително ранливо опкружување што претставува безбедносен ризик за клучна инфраструктура и податоци, а во некои случаи дури и може да создаде безбедносни ризици за граѓаните.

Паметни и одржливи згради и инфраструктура. Користејќи ги дигиталните технологии, градовите можат да користат податоци за да ја оптимизираат потрошувачката на енергија и да користат ресурси во зградите и комуналните претпријатија, вклучувајќи отпад, вода и енергија.

Функционирање на градот со помош на вештачка интелигенција. Користејќи вештачка интелигенција, технолошката инфраструктура може да ги поддржи градовите во автоматизирање на операциите, создавање ефикасност, решавање проблеми и обезбедување подобри услуги.

Во антички Рим, аквадуктите биле неопходни за раст на населението. Во 19 век За Чикаго, облакодерите беа решение за недостигот на земја. Вештачката интелигенција се појавува како следна фаза од урбаниот развој. Дигиталните платформи (вештачка интелигенција) ќе ги следат и управуваат сите операции во градот, со што ќе се оптимизира потрошувачката на ресурси и додадената вредност.

Градовите како Даблин и Сингапур создадоа „дигитални копии“ на нивните градови и користат дигитални платформи за да ги предвидат идните потреби за време на урбаното планирање. Каскаис (Португалија), Виена и Калгари се добри примери.

Надзор и полициски предвидувања со вештачка интелигенција. Градовите користат вештачка интелигенција (АИ) за да ја осигураат безбедноста и сигурноста на своите граѓани додека ја штитат приватноста и основните човекови права.

Иако закрепнувањето од пандемијата, како и притисокот на растечкото население се клучни фактори за градовите, урбанистите мора да се справат и со други релевантни предизвици за да создадат одржливи градови.