Секоја земја, зафатена од тешка економска криза, каква што ја има зафатено и Македонија, е сочена со прашањето -  како да се излезе од неа, при стопанство што се држи на стаклени нозе, што е голем зависник од увозот, што има закржалвено земјоделство, која има огромен надоврешен долг според сопствениот БДП.

Не само ние, со истите прашања се сочува и нашиот северен сосед, Србија, иако економските потенцијали на оваа земја се далеку поголеми од нашите. Србија располага со големо земоделство и сточарство, со производство на  месно и месни производи, со производство на злато, со добар енергетски сектор, има автомобилска, па дури и  воена индустрија од која има голема заработувачка.  

Народната банка на Србија, (НБС), во рамките на своите надлежности презема низа мерки за намалување на стресот што го педизвикуваат макроекономските околности, домашни и надворешни, па така, покрај пропишаните пониски камати, од средината на овој месец има воведено посебни олеснувања при отплатата на кредитите, што дополнително ќе им помогне на тие што се колебаат дали да земат кредит, или не.

Гувернерката на Народната банка на Србија, Јоргованка Тавбаковиќ, за „Политика“ вели дека со овие мерки ќе бидат опфатени 60 насто од вработените и речиси сите  пензионери, имајќи предвид дека некои банки понудиле кредити со намалени каматни стапки без ограничување во однос на месечните примања на граѓаните. Дури некои банки ја имаат намалено каматната стапка и под основната каматна стапка што ја има пропишано НБС. 

Од 15 септември, граѓаните на Србија поднесуваат барања за овие кредити, а банките веќе почнале со нивното одобрување. Понудите на кредитите со намалени камати ќе бидат на располагање најмалку една година. 

НБС има донесено одлука и за повластици за тие граѓани што, откако ќе го земат кредитот, остануваат без работа, или ќе се разболат, или ќе се најдат во тешка ситуација, па дури се спомнува и простување на долгот.

Табаковиќ тврди дека овие и вакви мерки се вообичаени во многу европски земји и дека се пропишани во новите  директиви на ЕУ за потрошувачкото кредитирање.

Сепак, тоа е во спротивност со пазарните закономерности на работењето на банките и влегува во сверата на државниот интервенционизам, па добро би било српската гувернерка да каже дека тоа можеби се применува од некои посебни резервни фондови, или на комерцијалните, или на Централните банки.  

Потоа додава дека, всушност, банките можат да понудат намалување на каматата за преосанатиот долг, или да им простат на граѓаните дел од затезната камата на тие што заостанале со враќањето на кредитот, или репрограмирање на ратите со продолжување на рочноста за враќање.

Меѓу олеснувањата е и можноста, во случај на тешки животни околности, тој што зел кредит да биде ослободен од плаќање во првите два месеца.

Останува прашањето – како се штитат банките во вакви околности, дали постои препорака од страна на НБС, банките шти ги имаат дадено сите овие олеснувања како да ги избегнат загубите во приходите? Можеби со примена на некои други банкарски давачки?

Табаковиќ тврди дека е погрешно да се мисли дека повластицата што ја нуди една комерцијална банка е на нејзина штета. Таа вели дека во интерес на банката е да има клиент кој редовно ги отплаќа своите обврски, а не ненаплатлив кредит, што би одел во извршна постпка во која, освен банката, се појавува најмалку уште еден доверител – извршител за трошоците на извршувањето.

Табаковиќ одговара и на прашањето – дали српските резерви на злато се чуваат дома или има уште нешто останато во странските трезори. Таа вели дека сето злато Србија го чува во своите трезори, освен последните купени пет тони, кои во моментов се наоѓаат на посебна сметка на Народната банка на Србија во Берн.

Лани НБС има купено пет тона злато у странство, па од  2019. на меѓународниот пазар има купено 17 тони злато – заедно со купените девет тони во 2019. и три тони во 2020. година. НБС редовно купува златни прачки со највисок  квалитет до домашното производство од компанијата  „Циѓин копер” од Бор и сето тоа се чува во српските трезори. Во текот на оваа година Србија има купено 264 златни шипки чија вкупна тежина изнесува 3,3 тони. Тоа  значи дека вкупното количество злато со кое сега располага  НБС изнесува рекордни 51,5 тон, а неговата вредност изесува околу 5,2 милијарди евра. Одлуките за купување  злато на меѓународниот пазар, како и потребата златото да се префрли во домашните трезори, се донесени врз основа на анализата на сите фактори што можат да имаат влијание на тоа, што зафаќа опсег од глобалната геополитичка и економска ситуација, до можностите за располагање со тие  средства.

На прашањето дали очекува зголемување на странските директни инвестиции, Табаковиќ одговара дека за првите седум месеци од оваа година забележен е прилив во Србија од речиси 2 милијарди евра, што е значително намалување во однос на истиот период од претходната година во која тие достигнале над милијарда и 162 милиони евра. На намалувањето на странските инвестиции големо влијание има општата политичка ситуација, но и протестите на граѓните во земјата, вели Табаковиќ.

Што се однесува до македонските златни резерви, што се дел од девизните резерви, НБРМ соопштува дека Македонија има околу 7 тони монетарно злато во вредност од 647,8 милиони евра, што изнесува 13,6 насто од вкупните девизни резерви.

Според презентираните податоци од Светскиот совет за злато, земјите во светот поседуваат вкупно 36.359,7 тони монетарно злато, а само Еврозоната има 10.764,7 тони.

На листата од 100 земји, Македонија го зазема 81-то место по количината на монетарно злато во нејзина сопственост. Што се однесува до соседите, како што спомнавме, на прво место е Србија, нешто помалку има Бугарија, а Словенија има „само“ 3,7 тони.

Вкупните македонски девизни резерви во август изнесувале  4 милијарди и 750 милиони евра, а најголем дел од нив се пласирани во хартии од вредност ‒ 74,6 насто, по што следува монетарното злато – 13,6 насто, и на крај валутите и депозитите со учество од 11,7 насто.