Долги години пред да се појави светскиот кабадахија Доналд Трамп, кај нас евроскептиците и подложните на руско-азиската пропаганда беа цврсто убдени дека светот ќе се подели на тие што се со и за Америка и БРИКС, и дека тоа ќе биде новиот светски поредок. На убедувањето дека земјите на БРИКС се навистина голем економски потенцијал, но не и единствена и цврста структура, која може да и конкурира на семоќната Америка и дека Македонија, сепак, треба да се дружи до своето друштво, а тоа е европското, велеа дека тоа е само утописка надеж, затоа што ЕУ ќе се распадне и дека и Америка само што не се рападнала. Значи, беа убедени и се’ уште има убедени дека најдоброто македонско друштво би било БРИКС. Ако прашате просечен граѓанин дали знае што е БРИКС, кај се наоѓа и дали може да ја дешифрира кратенката од првите букви на имињата на „основние“ земји, нема да знае. Само мислат дека тоа е некоја имагинрна економска и воена сила која само што не ја урнала Америка за да го зазаме нејиното место и само што не го „кунтала“ доларот.

Во актуелниов политики момент што го наметна, не Америка, туку личното Трамп, се виде кој е главниот плејмејкер на политичката и на економската глобална сцена, односно кој е и главната опасаност за светскот мир и просперитет. Секогаш, во историјата, се наоѓал некој со својата самоубеденост дека е повикан од господа за да ги исправи сите неправди во светот. Освен учеството во настаните на директно инволвираните држави од друштвото БРИКС, во актуелниве политичко-економски превирања нема ниеден колективен став по ниедно прашање на оваа лабава дружина. Тоа значи дека таа нема институции што ќе го изградат тој став и директно ќе влијаат на светските текови.

Состојбата со земјите на БРИКС

Овој сојуз се појави како одговор на доминацијата на развиените западни економии и има цел да придонесе кон создавање мултиполарен светски поредок, во кој повеќе центри на моќ ќе имаат влијание врз глобалните економски и политички процеси.

Во ХХI век, БРИКС — групата на земји што ги сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка — како и проширувачката мрежа на партнерски и потенцијални членки (вклучувајќи Египет, Етиопија, Индонезија, Иран, ОАЕ, како и други партнери како Казахстан, Тајланд, Уганда и други) се развиваат во значајна сила на глобалната сцена. Со додавање на нови членки и партнерски држави, БРИКС денес претставува поголем дел од светската популација и економија отколку што беше на почетокот.  Во членките живее околу половина од човештвото кое продуциара околу 41–42% од светскиот БДП (мерено според куповна моќ).

Еден од најважните движечки фактори на БРИКС е демографската и економската моќ. Индија, со силен економски раст и огромно население, останува еден од двигателите на овој блок, додека Кина продолжува да биде најголемата економија во рамките на БРИКС според куповна моќ. Земјите како Етиопија и Египет забележуваат висок економски раст, а проширувањето на групата со повеќе африкански и азиски држави ја зголемува нивната стратегиска тежина.

Во политички и геополитички контекст, БРИКС се стреми кон поттикнување на мултиполарен свет — модел според кој  властите и економските одлуки не се доминирани само од западните институции и валути. Ова вклучува иницијативи за развој на алтернативни финансиски механизми, како што се проекти за создавање заедничка или поврзана дигитална валута и системи за плаќање меѓу членките со цел намалување на зависноста од УС-доларот.

Сепак, оваа трансформација не е без тешкотии. Се јавуваат и внатрешни напори за ускладување, бидејќи различните членки имаат различни надворешнополитички ставови. На пример, неодамна Индија го прескокна учеството во неодамнешни заеднички морски вежби што ги организира Јужна Африка, нагласувајќи дека не учествува затоа што  тоа не е официјален БРИКС-настан, што се толкува како дипломатско маневрирање меѓу сојузништвото и одржување баланс во односите со други големи сили.

Истовремено, политичките и безбедносните ризици остануваат важни. На пример, за време на заеднички воени вежби под покровителство на Јужна Африка, учеството на Иран предизвика критики од САД, што ја нагласува комплексноста на соработката меѓу земји со различни глобални интереси.

Во глобалниот поредок, БРИКС тежнее да ја зголеми својата улога како платформа за реформа на глобално управување и поддршка на развојот на Глобалниот југ — земји кои долгорочно бараат поголема застапеност и влијание во меѓународните институции. Самитите и годишните состаноци продолжуваат да ја нагласуваат важноста на меѓународната соработка и зајакнување на економскиот раст, иако не секогаш се постигнува единствена заедничка декларација поради различните интереси на членовите.

Политички цели и геополитичка улога

Една од главните цели на БРИКС е реформа на глобалниот систем на управување, особено меѓународните финансиски институции како ММФ и Светската банка. Земјите-членки сметаат дека тие институции се премногу под влијание на Западот и не ја одразуваат реалната економска тежина на земјите во развој.

Во таа насока, БРИКС ја формира Новата развојна банка (NDB), чија цел е финансирање инфраструктурни и развојни проекти во земјите членки и во глобалниот југ. Исто така, се водат дискусии за користење на национални валути во меѓусебната трговија, со што би се намалила зависноста од американскиот долар.

Внатрешни проблеми и ограничувања

Иако БРИКС има голем потенцијал, сојузот се соочува и со значајни препреки и проблеми. Земјите членки имаат различни политички системи, економски модели и геополитички интереси и се многу одалечени една од друга на различни континенти. На пример, односите меѓу Индија и Кина се обележани со тензии, додека Русија е под меѓународни санкции, што го отежнува заедничкото делување.

БРИКС не е формален сојуз со цврсти институции, туку повеќе платформа за соработка, што понекогаш ја намалува ефикасноста при донесување заеднички одлуки и мерки. И покрај нивната главна цел – „дедолариазацијата“ на светот и влегување во промет на една нивна заедничка валута, тоа не се случува. Сите обиди за постигнување на таа цел засега се неуспашни. Трговската размена меѓу земјите на БРИКС со друга валута (јуанот, или рубљата) се сведува на билатерална размена и е процентуално безначајна.   

Вкупната трговија на Македонија со БРИКС

Македонија има отворена економија која е силно интегрирана во глобалниот трговски систем со значителен вкупен извоз и увоз. Во 2023 година земјата извезла стоки вредни околу 8,995 милиони УС$, додека увозот достигнал околу 12,052 милиони УС$. Ова резултирало со трговски дефицит како типичен тренд за земјата.

Позицијата на земјите од БРИКС во трговската размена

Кина

Кина е еден од значајните трговски партнери на Македонија, особено како земја-извор на увоз.

Во 2023 година, околу 8.99% од увозот на Македонија доаѓа од Кина, што ја прави меѓу петте најголеми извори на увоз.

Кина често се појавува и како важен партнер во трговската статистика според државниот завод за статистика, каде што се наведува меѓу петте најзначајни партнери во вкупната размена по обем.

Русија

Трговијата со Русија е многу мала во споредба со другите партнери: Русија учествува со околу 0.53% од извозот и околу 2.2% од увозот на Македонија.

Ова значи дека Русија не е меѓу главните трговски партнери за обем на стоковна размена.

Размената со Русија е симболична и далеку помала отколку со земји од Европската Унија или со Кина.

Индија, Бразил и Јужна Африка

Податоците за трговската размена со Индија, Бразил и Јужна Африка не се посебно значајни во официјалните извештаи на Македонија.

ОЕЦ (World) податоци за Бразил покажуваат многу ниски вредности на трговија (пример: само околу 2 милиони УС$ во извоз во Бразил во ноември 2025) — што е минорен обем на трговија во споредба со другите партнери.

За Индија и Јужна Африка нема видливи значајни статистички податоци според достапните бази — што сугерира дека нивната улога во трговијата со Македонија е засега е незабележлива.

Македонија генерално ја насочува трговијата во рамките на Европска Унија и регионалните партнери, додека трговијата со БРИКС се ограничува главно на Кина и во помала мера Русија.

Дилемата, во кој правец треба да продолжи Македонија, според овие и според други факти и причини, траба да се симне од дневен ред и веднаш земјата да се зафати со  исплнување на задачите и обврските на европската преговарачка рамка, ако во тој обид успее да ја поврати меморијата на европските фактори дека се’ уште постои.