Истоштеноста на работа -причина за оставка. Повеќе од 40 проценти од вработените ширум светот се подготвени да ја напуштат сегашната работа затоа што се истоштени. A, претпоставените не го гледаат тоа затоа што даваат приоритет на високата продуктивност. Ова се показателите од студијата објавена од „Мајкрософт“, насловена: „Следната голема промена е хибридниот начин на работа - да, подготвени сме? “
Извештајот дава подобар увид во седумте хибридни работни трендови што треба да ги знае секој бизнис лидер додека влегуваме во нова ера на деловно работење. Таа покажува дека деловните лидери треба да се спротивстават на нагонот да ја видат хибридната работа како заедничка деловна активност.
Истоштеноста на работа -причина за оставка
Компаниите тежнеат да ја остават можноста за далечинско работење дури и по пандемија. Тоа е добро затоа што истражувањата покажаа дека ова е важно за 73 проценти од вработените и дека има се повеќе огласи за такви работни места. Само на LinkedIn, бројот на огласи за работни места кои вклучуваат работа од далечина се зголеми за пет пати. Покрај физичката оддалеченост на работниците, на тој начин е намаена и комуникацијата во рамките на тимовите. Поточно, кругот на соработници се стеснува. Податоците добиени преку апликации на Teams и Outlook покажуваат дека е намален бројот на пораки испратени до цели тимови, поголеми групи луѓе и луѓе без работа. Меѓутоа, бројот на пораки кои се фокусираат на тесен круг на колеги е зголемен. Овој тренд може негативно да влијае на иновациите во работењето.
„Децентрализацијата“ на работната сила
Главните наоди на истражувањето, во кое учествуваа експерти кои со децении ја проучуваа соработка, социјалниот капитал и дизајн на работни места, се:
Флексибилниот начин на работа ќе продолжи.
Лидерите не комуницираат со вработените и потребно е на тоа да им се укаже.
Високата продуктивност крие исцрпена работна сила.
Генерацијата Z е изложена на ризик и има потреба од нова енергија.
Мрежите што постојано се намалуваат претставуваат закана за иновациите.
Автентичноста ќе поттикне продуктивност и благосостојбата.
Хибридниот начин на работа овозможи движење на работниците, па може да се каже дека беше спроведена „децентрализацијата“ на работната сила. Сега веќе не мора да живеат во местото каде што се наоѓа компанијата во која работат.
Пет стратегии за деловните лидери
Покрај откривањето од што зависи иднината на работата, индексот на трудовиот тренд дефинира пет стратегии за бизнис лидерите кои почнуваат да ги воведуваат потребните промени:
-Да се направи план за зајакнување на луѓето за поголема флексибилност.
- Да се инвестира во просторот и технологијата за да направите транзиција помеѓу физичкиот и дигиталниот свет.
-Започнете од врвот кога станува збор за решавање на одреден проблем, т.н „Дигитална исцрпеност“.
- Поставете го развојот на новиот социјален капитал и култура како приоритет.
- Редефинирајте го начинот на работа (работа во компанијата или од дома, дополнителни бенефиции, можности за стекнување нови вештини за побрзо напредување…) за да можете да привлечете најдобри кандидати за работа на конкурентниот пазар на труд.
Согорувањето на вработените- глобално
Извештајот, кој опфати повеќе од 31.000 луѓе од 31 земја и анализираше милијарди податоци за продуктивноста и перформансите преку Мајкрософт 365 и Линкдин, покажа дека согорувањето на вработените е распространето на глобално ниво. Дури 54 проценти од испитаниците изјавиле дека се пренатрупани со работа, а 39 проценти дека се преморени.
Но, предизвиците за работниците остануваат незабележани, најмногу заради преместување на работни места, бидејќи анкетираните работодавци велат дека работата напредува.
Ситуацијата е најкритична за членовите на генерацијата Z, во која се вклучени лица на возраст меѓу 18 и 25 години. А, истражувачите претпоставуваат дека причината е што тие се на самиот почеток на својата кариера и живеат сами.
Покрај нив, проблеми пријавуваат и жените, работници на критични работни места и нововработени.
„Деловните лидери изгубија контакт со своите вработени. Тоа го покажува анализата според која 61 процент од нив изјавиле дека напредуваат, а само 38 проценти од вработените го делат тоа мислење со нив. „Очигледно постои расчекор во посматрањето на ситуацијата“, вели Џеред Спатаро, потпретседател на Мајкрософт, задолжен за „Мајкрософт 365“.
Дигиталната комуникација- без граници
Истражувањето покажа дека времето поминато на онлајн состаноци е скоро двојно зголемено, со тенденција и понатаму да се зголемува. Додека состаноците траат 10 минути подолго, а неделно дури 45 проценти повеќе време се троши на разговор, од кои 42 проценти надвор од работното време.
Фактот дека 40 милијарди повеќе електронски пораки биле испратени во текот на февруари 2021 година отколку во истиот период минатата година зборува за тоа колку целата комуникација е префрлена во дигитални рамки.
„Се добива впечаток дека се повеќе изчезнуваат границите меѓу деловниот и приватниот живот. А, газдите очекуваат работникот да работи од 7. часот наутро, но и дека може да контактира со него во 19-20 часот навечер“, вели Спатаро.
„За време на пандемијата, забележавме големо забрзување на одредени трендови што постоеја порано. Сепак, еден од најинтересните трендови е секако развојот на работата од далечина “, вели Карин Кимбро, главен економист на LinkedIn.
Со оглед на тоа што можностите растат благодарение на телекомуникациската работа и фреквенцијата на талент, ние се соочуваме со „децентрализација“ на работниците, затоа што тие повеќе не се врзани за локацијата на компанијата во која работат. Па затоа ова е време деловните лидери да ја искористат можноста за пристап до различни вештини, а со самото тоа и до работниците кои порано не им биле достапни.“
Резултатите од истражувањето подетално мпоже да се разгледаат на Мајкросовата Worklab, дигитална публикација за иднината на работата.