
Министерството за земјоделство објави дека почнува спроведувањето на ИПАРД 3 програмата, финансиска поддршка од Европската унија за Македонија. Властите се фалат дека претходните две „транши“ од оваа поддршка се успешно реализирани, па се надеваат дека и овој дел од европската помош исто така ќе помине успешно. Министерството го соопштува селдново:
Од 1 септември 2023 година почна спроведувањето на новата ИПАРД 3 програма, со распишување на првиот јавен повик за мерките 1 и 7 од новата програма.
Првиот јавен повик ги се однесува на мерката 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства и мерката 7 - Диверзификација на фарми и развој на бизниси. Вкупната вредност за инвестициите, што се става на располагање со приот јавен повик за двете мерки изнесува 30 милиони евра.
За мерката 1, како корисници се јавуваат земјоделски стопанства запишани во ЕРСЗ системот на МЗШВ, кои можат да бидат физичко лице (носител на семејно земјоделско стопанство), правно лице (микро, мали и средни претпријатија) и индивидуални земјоделци. Корисници можата да бидат задруги или здружени правни лица.
Поддршката од мерката 1 ги опфаќа следните сектори, кај растителното производство житните, индустриски и фуражни култури, градинарски култури, повеќегодишни култури, лозарство. Потоа кај сточарското производство говедарството, свињарството, овчарството, козарството и живинарство. Други сектори опфатени со мерка 1 се производството на риба, преработката и маркетинг на сопственото земјоделско производство и Инвестиции во обновливи извори на енергија за сопствени потреби, односно инвестиции во поставување на био гас и био гориво, соларна, ветерна и гео-термална енергија.
Минималната вредност прифатлива по инвестиција кај мерката 1 изнесува 20.000 евра. Максималната финансиска поддршка на еден корисник за еден проект изнесува 750.000 евра. Финансиската поддршка – кофинансирање кај оваа мерка е 60% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата.
Кај мерката 7 како корисници се јавуваат физички лица, правни лица, задруги и здружени правни лица за колективни инвестиции.
Како приоритетни сектори кај мерката 7 се јавуваат алтернативно земјоделско производство, преработка на алтернативни земјоделски производи, производство на прехранбени производи и пијалоци, производство на не-прехранбени производи, поддршка на занаетчиски активности, поддршка на услуги за рурално население, поддршка на услуги во земјоделство и поддршка на рурален туризам.
Минимална вредност на прифатливи трошоци на предложен проект изнесуваат од 10.000 евра. Максимална финансиска подршка по корисник по поединечен проект изнесува 600.000 евра. Максимална финансиска подршка по корисник за цел период (2021-2027) изнесува 1.500.000 евра. Стапка на финансиска поддршка кај мерката 7 изнесува до 60% од вкупните прифатливи трошоци. Стапка нa финансиска поддршка се зголемува на 70% за апликанти кои се млади фармери и колективни инвестиции. Финансиска поддршка се зголемува за дополнителни 10% само за оние инвистиции во обновлива енергија, управување со отпад и циркуларна економија.
За подетални, информации со цел повеќе да ја доблизжимем ожноста на заинтересираните за искористување на средствата од ИПАРД 3 програмата ја консултиравме Ленче Николовска, директор на консултантската фирма Агротим.
· Што е ИПАРД 3?
- ИПАРД 3 се пари од ЕУ кои, преку неколку мерки се наменети најмногу и за инвестици во руралните подрачја. Со ИПАРД 3 имаме 97 милиони евра доделени од ЕУ, кои заедно со нашите пари за национало кофинансирање достигнуваат вкупно 128 милиони евра. Според најавите оваа година треба да се распишат повици за 37 милиони евра.
„Рурални подрачја“ се сите населени места до 30 000 жители. Што значи и помалите градови како Валандово, Ресен, Струга… Но ова важи само за апликанти и инвестици за МЕРКА 7. За аплицирање по другите мерки нема ограничувања, капацитетот може да се наоѓа во било кој регион.
· Како се аплицира?
- Аплицирањето се врши преку Платежната агенција, која е еден вид банка на овие пари. Таму се потпишуваат договорите и се исплаќаат средствата.
Основно за сите е што прво треба да се инвестира па потоа да им се вратат средствата. До ИПАРД 2, беше целосната инвестиција да се заврши па да им се вратат парите. Сега со ИПАРД 3, тие што ќе потпишат договори со Платежната агенција, имаат право да добијат 30-50% аванс и да почнат со реализација. Апликантите не смеат да почнат со инвестицијата додека не потпишат договор со Платежна агенција.
Во текот на периодот предвиден за реализација на целокупната програма ( 2021-2027) Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој (која управува со парите од ИПАРД фондовите) распишува Јавни повици по конкретно определени мерки. Во моментот комплетно акредитирани и потпишани се три мерки и тоа:
Мерка 1: ИНВЕСТИЦИИ ВО МАТЕРИЈАЛНИ СРЕДСТВА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ СТОПАНСТВА
Мерка 3: ИНВЕСТИЦИИ ВО ФИЗИЧКИ СРЕДСТВА ЗА ПРЕРАБОТКА И МАРКЕТИНГ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ И РИБИНИТЕ ПРОИЗВОДИ
Мерка 7: ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА НА ФАРМИТЕ И РАЗВОЈ НА БИЗНИСИ
КОРИСНИЦИ на средставата од ИПАРД фондовите можат да бидат
Земјоделско стопанство, Физичко лице (носител на семејно земјоделско стопанство), индивидуален земјоделец – ИЗ, правно лице, задруги.
Правни лица (трговски друштва во рангот на микро, мали, средни претпријатија до 250 вработени и годишен обрт до 50 мил. €) ( важи исклучиво за мерка III)
Правни лица (микро и мали претпријатија);( важи за мерка 7)
Физички лица со место на живеење во рурални средини или намера да започнат бизнис во рурална средина
Висината на финасиската поддршка за која може да аплицира еден апликант изнесува од 50% -70% од висината на планираната инвестиција ( во зависнот од Мерката )
Висината на инвестицијата за која аплицира апликантот исто така зависи од мерката, но се движи од минимум 10.000 евра до максимум 1.000.000 евра ( овај интервал важи за сите мерки со одредени отстапки во одредени случаи).
ПРИФАТЛИВИ ИНВЕСТИЦИИ
МАЕРКА 1 И МЕРКА 3
Конструкција/реконструкција на објекти за производство или помошни објекти;
Конструкција/реконструкција на објекти кои се користат за пост-бербени активности и преработка на земјоделски производи;
Набавка на повеќегодишни растенија;
Набавка на нови машини и опрема;
Објекти и опрема за наводнување;
Набавка на специјализирани транспортни приколки;
Инфраструктура на земјоделско стопанство.
Преработка на млеко и млечни производи;
Преработка на месо и месни производи (вклучувајќи јајца и живина);
Преработка на овошје и зеленчук (вклучувајќи компир, печурки и легуминозни култури);
Преработка на житарки, мелнички производи и скроб;
Растителни и животински масти и масла;
Шира, вино и оцет;
Производство на енергија со преработка на примарна биомаса од растително и животинско потекло, со исклучок на биомаса од рибни производи.
Инвестиции во згради/опрема со цел подобрување на енергетскатата ефикасност;
Инвестиции во згради/опрема за производство на био-енергија во случај на преработка на производи (суровини), како и преработка на примарна и секундарна биомаса од животни и растенија;
Инвестиции во згради/опрема за производство на енергија од други обновливи извори на енергија со цел задоволување на сопстевните потреби за енергија;
Инвестиции за згради/опрема за третман на вода/отпадна вода.
МЕРКА 7 ( ИНВЕСТИЦИЈАТА МОРА ДА БИДЕ РЕЛИЗИРАНА ВО РУРАЛНА СРЕДИНА)
Инвестиции во алтернативно земјоделско производство
• Одгледување на печурки и тартуфи;
• Хортикултура (расадници и одгледување на цвеќе и цветни папки, украсни растенија, дрва);
• Производство на семенски и саден материјал;
• Одгледување зајаци;
• Одгледување полжави;
• Одгледување птици за јајца и месо – патки, гуски, мисирки, тетреби, ноеви, емуа и бисерки;
• Одгледување дивеч;
• Пчеларство;
• Одгледување на билки, семиња, и други зачински и ароматични растенија;
• Насади на дрвја (брзо растечки) за дрвена граѓа и био-маса;
• Рибници за производство на слатководна риба.
Инвестиции во производство на прехрамбени производи и пијалоци
• Алкохолни производи од грозје или овошје и пиво;
• Колачи, тестенини и пекарски производи;
• Чај и билни екстракти;
• Зачини и билки;
• Слатководна риба, ракови и мекотели и
• Други производи кои не се наведени во Листа на производи од Анекс I на Договорот за фунционирањето на ЕУ
Инвестиции во производство на не-прехрамбени производи
4. Инвестиции во занаетчиски дејности. Сите дејности пропишани со „Правилник за измена на Правилникот за определување на дејностите кои можат да ги вршат занаетчиите “Службен весник на Република Македонија бр 44/09” 6
5. Инвестиции во обезбедување на услуги во земјоделството
• Воспоставување и унапредување на ветеринарните служби;
• Воспоставување и реновирање на работилници за одржување и поправка на земјоделска механизација, машини и опрема;
• Воспоставување услуги за изнајмување на земјоделска механизација и машини (машински прстени)
6. Инвестиции во услуги за руралното население
• Услуги за поправка и одржување;
• Услуги за теренско (пејсажно) уредување;
• Услуги за грижа на домашни миленичиња;
• Услуги за престој и нега (домови за стари лица, за рехабилитација, итн);
• Услуги за дневно згрижување на деца;
• Обука и образовни центри за било која професија, хоби или целна самонадградба, спорт и рекреација, услуги за поддршка на образование, информатички центри;
• Кино, локална радиодифузија, локална телевизија.
7. Инвестиции во рурален туризам
• Туристичко сместување во внатрешен простор (соби, апартмани, ноќевање и појадок, само-угостителски колиби)
• Туристичко сместување на отворено (кампови, бунгалови, камп-приколки
• Угостителска дејност (готвење и служење на храна)
• Комбинирани услуги – сместување и угостителски услуги
• Обезбедување на простории за дегустација/продажба за директен маркетинг на производите;
• Рурални музеи (згради и изложбени предмети за разгледување на историски, природни, традиционални, образовни, земјоделски и други добра од руралните средини, како и ботанички и зоолошки градини);
• Обезбедување простории за семинари и обуки, едукативни фарми;
• Обезбедување рекреативни активности за туристите.
8, Производство и продажба на енергија од обновливи извори
Производство и продажба на обновлива енергија, вклучувајќи
– преработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса, освен
биомаса од рибни производи;
– преработка на земјоделски производи за производство на биогориво;
– преработка на шумска биомаса;
– производство на енергија од обновливи извори (сонце и ветер).
Градба/реконструкција на објекти и друг недвижен имот кој се користи за прифатливите економски активности;
Набавка и/или инсталирање на нови машини и опрема поврзани со прифатлива економска активност;
Набавка на наменски транспортни резервари и приколки;
Набавка на повеќегодишни дрвја и растенија (со исклучок на семе, саден материјал и мицелиум);
Набавка на нови машини и опрема за заштита на животната средина вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија;
Инфраструктурно уредување.
Сите овие информации се водат како основни за секој апликант, но со оглед дека секоја инвестиција си има свои специфики, како и секој апликант, консултантите од Агротим ви стојат на располагање за дополнителни информации како и изготвување на апликации.
· Колку имаат нашите земјоделци поволности, односно поддршка, дали навистина се оставени смаи и на климатските промени.
- Нашите земјоделци имаат 150 милиони евра годишен буџет за субвенции. Хрватските и Словенечките земјоделци до 2027 година ќе имаат на располагање 6 МИЛИЈАРДИ евра поддршка за нивното производство. А се бориме на исти пазари со нивните производи. Колку и да одвојува државата од сопствен буџет нема шанси со ЕУ, затоа што таму 40% од буџетот е за поддршка на агросекторот. Единствена заедничка политика Европската Унија има за ЗЕМЈОДЕЛСТВО. Милијарди евра за земјоделското производство и руралниот развој, најмногу за млади земјоделци, за модернизирање, дигитализација на производството, за екологија, за органско производство…Во претпристапниот период Полска, Хрватска, Словенија искористија стотици милиони евра, затоа што Брисел ја подготвува државата за влезот во Унијата и инвестира таму каде што најмногу треба. А кај нас има простор. На нашата аграрна стратегија и реформа и треба финансиска поддршка. Штета е да пропуштиме шанса за над 200 000 семејства кои на било каков начин се поврзани со земјоделското производството да имаат достоен живот од оваа тешка професија. Има одличен тренд кај младите, зашто тие следат што се случува во светот, гледаат дека најголемите газди се тие што произведуваат храна. Зошто да одат да работат во други држави, ако може овде да го модернизираат производството од своите родители или да започнат нов бизнис. За тоа треба ПАРИ, а пари за нив ЕУ издвојува во МИЛИЈАРДИ. За мене од ова поголем патриотизам нема. Не одам подалеку што значи тоа за државата, за зголемување на домашното производство, за намалување на трговскиот дефицит, за сигурноста на домашната суровина. Тоа само луѓето што работат знаат, за жал и оние што ставија клуч на бизнисите оти едноставно не можат да се носат со конкурентноста на европските производи.