Основачот и автор на повеќето песни на „Парни ваљак“ - Хусеин Хасанефендиќ Хус, се претставува пред публиката во малку поинакво светло, односно во поинтимно издание, чијшто почеток го нарече едноставно „Песничка“.

Ова е негово прво патување во кантавторство, иако како композитор и текстописец со децении е на самиот врв на регионалната музичка сцена.

„Песничката“ е нежна, но позитивна и весела тема и зборува за самото потекло на песната, што не е толку лесно да се напише во денешно време, а камоли да се пее.

Со неа, слушателите ќе сонуваат, ќе размислуваат за некои носталгични моменти, но исто така и ќе танцуваат, ќе се чувствуваат позитивно... Што е единствено добредојдено во време на коронавирус и глобална социјална и секоја друга криза.

Дали впловувањето на Хус во водите на кантавторство значи и градење соло-кариера, или ова е мал тајм-аут во времето на корона, за сега не ни е познато?!

„Песничката“ на Хус македонската радио-промоција ја имаше на Анторис радио.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=yJcMmm2W_uI[/embed]