
Деновиве од печат излезе една многу интересна книгичка која можеби е и единствена и најавтентична од сите книги што можат да се најдат на домашниот пазар, затоа што е подготвена по вкусот на едно домашно кученце, милениче, пекинезерче по име Берта.
Автор на книгата е на Проф. д-р Наташа Ѓорговска, научен советник во Институтот за сточарство при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Таа во оваа книга ни презентира домашни рецепти за исхрана на домашните миленичиња, кучиња и мачиња, со што на читателот многу му ја олеснува грижата за дневното мени на неговото милениче, зашто храната што ја купуваме за нив од маркетите, на миленичињата им станува здодевна, освен тоа го оптоварува домашниот буџет. Домашните рецепти, нивната храна ја прават многу поразновидна, па и визуелно поинтересна, што не треба да се занемари.

Професорката Ѓирговска со книгата многу ни ја олеснува таа грижа, со еден многу топол и достапен стил не упатува на можностите за подготовка на дневниот оброк за кучињата и мачињата со храна што ја јадеме ние, чиј вишок сигурно го фрламе. Дека рецептите на професорката Ѓорговска се издржани, на кои може да им се верува, гарантира нејзината импресивна биографија на научник со 106 трудови во авторитени светски списанија со импакт фактор, што значи дека се уважени од цела светска научна јавност, се користени за потребите на образованието и цитирани токму од таа научјна јавност. Наместо вообичаено интервју, професорката ни предложи во Анторис да објавиме неколку делови/рецепти со што читателот повеќе ќе се увери во можностите и во содржината на оваа свежа книга.
КУЧЕШКИ ДЕЛИКАТЕС
»ЕДНО ЈАБОЛКО ДНЕВНО«
Потребни состојки:
2 шољи интегрално пченично брашно
1/2 шоља бело брашно
1/2 шоља пченкарно брашно
1 јаболко (насецкано или изрендано)
1 јајце (изматено)
1/3 шоља растително масло
1 супена лажица кафен шекер
3/8 шоља вода
Подготовка:
Загрејте ја фурната на 175°C. Намачкајте го плехот со масло за печење. Лесно набрашнете ја работната површина. Во голема здела за мешање, помешајте ги брашната и пченкарното брашно. Додајте ги јаболкото, јајцето, маслото, кафениот шеќер и водата, па потоа мешајте се додека состојките добро не се измешаат. Врз набрашнетата работна површина, со сукало, развлечете тесто, со дебелина од околу 22 мм. Нарежете го, со помош на режачи за колачи, во саканиот облик и големина. Потоа ставете ги деликатесите во претходно подготвен плех. Печете ги во претходно загреана фурна, 30 минути. Исклучете ја фурната. Оставете ја вратата на фурната затворена 1 час за да можат деликатесите да станат цврсти (крцкави). Потоа извадете ги од фурната. Испечените деликатеси ставете ги во херметички затворен сад или пластична кеса и чувајте ги во ладилник или замрзнувач.
РОДЕНДЕНСКИ КОЛАЧ ЗА КУЧЕНЦА
Потребни состојки:
1 1/2 шољи повеќенаменско брашно
1 ½ кафени лажички прашок за пециво
½ шоља мек путер
½ шоља масло
1 тегла храна за бебиња, месо, говедско, исцедено
4 јајца
2 лентички сушено говедско месо (2 до 3)
Подготовка:
Загрејте ја фурната на 160 °C. Намаслете и набрашнете подлабок четвртаст плех за векни, со димензии 20×12,5×7,5 цм. Изматете го путерот во крем, да стане мазен. Додадете ги маслото, храната за бебиња и јајцата. Мешајте се додека смесата не стане рамномерна. Ставете ги сувите состојки и мешајте се додека смесата не стане изедначена. Издробете го сушеното говедско месо и додадете го во смесата за тесто. Истурете ја смесата за тесто во плехот. Печете 1 час и 10 минути. Потоа, оставете го плехот да се лади 15 минути на сталак од жица. Премачкајте го колачот со обичен јогурт или сирен намаз. Непотрошениот колач чувајте го во ладилник.
КОСКА ЗА ШАРКО
Потребни состојки:
2 ¼ кафени лажички сув квасец
¼ шоља топла вода
малку шекер
3 ½ шољи повеќенаменско брашно
2 шољи интегрално пченично брашно
2 шољи кршена пченица или булгур
1 шоља ржано брашно
½ шоља млеко во прав
4 кафени лажички келп алга во прав
4 шољи говедски буљон (или пилешки)
Глазура:
1 големо јајце
2 супени лажици млеко
Подготовка:
Прво сувиот квасец ставете го во млака вода со малку шеќер за да нарасне. Во голема здела ставете ги сите суви состојки и мешајте додека убаво не се помешаат. Потоа, додадете ја смесата со квасецот и 3 шолји од булјонот. Со раце, мешајте ја смесата во зделата додека не се добие тесто, додавајќи уште булјон ако е тоа потребно за да стане тестото мазно и еластично. Потоа, поделете го тестото на два дела, па прво едниот, а потоа и другиот, месете ги кратко време на лесно набрашнета маса. (Додека го обликувате првиот дел, вториот дел држете го покриен со влажна крпа). Со сукало развлечете го тестото, потоа изрежете го во саканите облици, со помош на режач за колачи во форма на коска со димензии 7,5–9 цм или со округла форма со димензии 6,5 цм. Остатоците по режењето замесете ги заедно во ново парче, а потоа и од нив изрежете соодветни форми и сè така додека тестото не се потроши. За привлечен сјај на колачињата, лесно изматете ги заедно јајцето и млекото. Потоа, со четка премачкајте ги колачињата со овој намаз. Печете ги 45 минути или додека да станат кафеави и цврсти. Кога ќе се испечат, извадете ги колачињата од плехот и поставете ги на решеткаст сталак за да се изладат целосно. Колачињата чувајте ги во херметички затворен сад, на собна температура. Испечените колачиња можат да траат со месеци. време на лесно набрашнета маса. (Додека го обликувате првиот дел, вториот дел држете го покриен со влажна крпа.) Со сукало развлечете го тестото, потоа изрежете го во саканите облици, со помош на режач за колачи во форма на коска со димензии 7,5–9 cm или со округла форма со димензии 6,5 cm. Остатоците по режењето замесете ги заедно во ново парче, а потоа и од нив изрежете соодветни форми, и така се додека тестото не се потроши. За привлечен сјај на колачињата, лесно изматете ги заедно јајцето и млекото.
Потоа со четка премачкајте ги колачињата со овој премаз. Печете ги 45 минути, или додека да станат кафеави и цврсти. Кога ќе се испечат извадете ги колачињата од тепсијата и поставете ги на решеткаст сталак за да се оладат целосно. Колачињата чувајте ги во херметички затворен сад, на собна температура. Испечените колачиња можат да траат со месеци.
КУЧЕШКИ БИСКВИТИ СО ВКУС НА ПИЛЕШКА ЧОРБА
Потребни состојки:
2 шолји пченично, интегрално брашно
2/3 шолји пченкарно брашно
½ шолја лупен сончоглед
2 лажици масло
½ шолја пилешка чорба
2 јајца изматени со ½ шолја млеко
1 матено јајце, за мачкање
Подготовка:
Во голем сад ги мешаме двете вида брашно и сончогледот, па се додава маслото, пилешката чорба и јајцата изматени со млекото. Тестото треба да е мазно. Се остава да отстои од 15 до 20 минути. Ја вклучуваме рерната на 175оС да се загрее. На набрашнета површина се расукува кора со дебелина од околу ½ см. Се сече во различни облици, се редат во тавче за печење, се мачкаат со изматеното јајце и се печат околу 25 минути додека не добијат костенлива боја. Се ладат и се чуваат во кутија.
КУЧЕШКИ СПЕЦИЈАЛНИ ГРИЦКИ
Потребни состојки:
1 шолја пченично, интегрално брашно
250 гр маргарин, на собна температура
½ шолја рендан кашкавал или сирење
1 чешне лук
½ шолја варен грашок или морков
малку млеко
Подготовка:
Се мешаат маргаринот и сирењето, се додава грашокот/морковот, лукот и брашното и доволно млеко за да се формира тесто. Се лади околу 1 час во ладилник. Се расукува кора на набрашнета површина и се сече со модлички. Се печат во рерна на 200оС околу 15 минути или додека да ја добијат посакуваната костенлива боја.
ГРИЦКИ СО ПАРМЕЗАН И ЗАЧИНИ
Потребни состојки:
1 сув квасец
¼ шолја топла вода
2 шолји пилешка супа
2 лажици маслиново масло
½ шолја пармезан
½ шолја млеко во прав
2 лажици сув магдонос
1 лажичка оригано
2 лажици ситно сецкан лук
1 шолја интегрално, пченично брашно
½ шолја ’ржано брашно
½ шолја оризово брашно
1 шолја кршени зрна од пченица
Подготовка:
Во голем сад квасецот се раствора во топлата вода. Се додава супата, маслото, пармезанот, млекото во прав и зачините. Постепено се додаваат брашната и кршените зрна од пченица. Се замесува тврдо тесто со додавање пченично брашно по потреба. На набрашнета површина се меси тестото околу 5 минути. Се расукува кора со дебелина од 1 см и се сечат форми по желба, а потоа се редат во намастено тавче и се печат во рерна на температура од 150оС, околу 45 минути. Се вадат од рерната, се мачкаат со смеса од едно јајце и 1 лажица млеко и дополнително се печат од околу 20 минути. Се оставаат да се изладат пред да им ги дадеме на нашите миленици.
Многу повеќе рецепти ќе најдете во книгата за која зборуваме.
Биографија на професорката Наташа Ѓорговска:
Д- р НАТАША ЃОРГОВСКА
Редовен професор, научен советник
Д-р. Наташа Ѓорговска е родена на 1967 година во Скопје, Р. Македонија. Основно и средно образование завршила во Скопје. Во 1985 г. се запишала на Земјоделскиот факултет во Скопје, сточарска насока, каде што во 1990 година дипломирала.
По завршувањето на додипломските студии се вработила во Институтот за сточарство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во хемиската лабораторија за анализа на добиточна храна во Заводот за исхрана на домашните животни.
На постдипломски студии на групата живинарство на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје се запишала во учебната 2000/2001 година.
Постдипломските студии ги завршила во 2005 година со успешна одбрана на магистерскиот труд „Влијание на артифициелното митарење на амортизираните несилки врз појавата на нов јајценосен циклус и промените на хормоналниот статус“.
На крајот на 2009 година го одбранила докторскиот труд со наслов „Ефект на изофлавоните врз производствените перформанси кај кокошките (Gallus gallus) низ животниот циклус“ и се здобила со звањето доктор на земјоделски науки.
Учествувала и во реализација на неколку научни и апликативни проекти реализирани во Институтот за сточарство.
Во последните 10 години посетувала повеќе конференции, курсеви и семинари во земјата и странство, учествувала во повеќе проекти
Раководител на Секторот за висобразовна дејност во периодот од 2010 до 2015 и од 2015 до 2017г.
Раководител на Центарот за исхрана и преработка на хранителни производи во периодот од 2010 до 2015 и од 2015 до денес.
Главен уредник на научното списание Macedonian Journal of Animal Science во периодот од 2017г до денес.
Главен и одговорен уредник на Монографијата по повод 65 години постоење на УКИМ Институт за сточарство од 1952 до 2017 година
Во 2020 година сум избрана од страна на Научниот совет на Институтот за сточарство за член на Универзитетскиот сенат.
Член на Уредувачкиот одбор на научното списание Journal of Agriculture Food and Development, Scientific Array 3084 Owls Foot Drive, Mississauga, Ontario L5M 6W5, Canada
Одлично се служи со англискиот јазик.
Научно истражувачка дејност
Научноистажувачкиот интерес на д-р Наташа Ѓорговска е фокусиран главно на исхраната на домашните животни и контролата на квалитетот на добиточната храна, квалитет на анималните производи (јајца) и нивна фортификација со одредени функционални додатоци (витамини, минерали, омега 3 масни киселини и сл.). Поголемиот број од публикуваните и презентираните трудови се однесуваат на актуелни теми од областа на исхраната на домашните животни, примена на крми во исхраната, технолошки решенија, добивање збогатени производи со примена на технолошки решенија преку додавање на специфични додатоци во крмните смески и сл.