На кого му треба сон кога ќе заработите милијарди долари?

Наративот на „hasl“културата ја промовира идејата дека секогаш има нешто ново кон кое треба да се стремиме: да заработуваш повеќе пари, да стекнете  поголема титула или да се унапредиш за да обезбедиш повисок плафон за успех.

Иако сите претприемачи не ги прифаќаат овие архетипови, некои експерти тврдат дека некои луѓе сè уште го чувствуваат притисокот на повеќедеценискиот ефект на целосна посветеност на работата, често на сметка на други фактори во нивните животи.

Тие истакнуваат дека овој начин на размислување потекнува главно од технолошките стартапи во Силиконската долина, а се шири преку социјалните мрежи.

Но, тие исто така истакнуваат дека свесно претерување на работа - и фалење дека се прави тоа - може да има негативни последици за менталното и физичкото здравје на работниците и дека како последица може да почне да ја губи својата привлечност, особено кај некои вработени од маргинализираните групи и малцинствата.

Во ерата на пандемијата, многу луѓе почнаа да ги преиспитуваат приоритетите на она што го сакаат од работата и животот: тие сè повеќе ги напуштаат токсичните работни места, избегнуваат непотребни обврски, ги зајакнуваат границите и наоѓаат повеќе време за приватниот живот и хобито.

Дополнително, експертите тврдат дека економската несигурност и поголемата свест за нееднаквоста, исто така, може да направи идеите и вокабуларот на менталитетот „стани и оди“ да изгледаат застарени и надвор од реалноста.

Подемот на филозофијата „стани и оди“ (rise-and-grind) 

 

Експертите велат дека претприемачкиот бум од 1990-тите и раните 2000-ти ги поставил темелите за наративот на „hasl”културата.

Тие истакнуваат дека порастот на финансирање на ризичниот капитал (venture capital) помогна да се изградат технолошките титани во Силиконската долина: компании како Google и Facebook кои воспоставија доминација.

Овие огромни успеси – познати по интензивната работна култура на која и го посветувате целиот свој живот – ја зацврстија позицијата на Северна Калифорнија како светски центар за иновации и претприемништво.

„Силиконската долина се здоби со имиџ на парадигма на економијата, со врвна технологија“, вели Ник Срничек, предавач по дигитална економија на Кралскиот колеџ во Лондон и коавтор на новата книга After Work.

„Таа лидерска позиција значи дека што и да се случи во Силиконската долина ќе се почувствува и ќе се шири понатаму.“

Културата на работа 24 часа дневно, седум дена неделно и борба за освојување средства за финансирање стана примерен бизнис модел за многумина.

„Тоа ја легитимира идејата дека за да се биде успешен и да се постигне нешто значајно, треба да се работи прекувремено“, вели Срничек. 

Тајната на успехот, според некои основачи?

Работете напорно и кога мислите дека сте дале се од себе, туркајте уште повеќе.

„Според идеологијата на hasl’ културата, луѓето не се форсираат себе си да работат затоа што имаат економска мотивација, туку едноставно затоа што тоа е начин за амбициозните да го постигнат она што го зацртале“, додава Срничек.

Хијунг Чанг, професор по социологија и социјална политика на Универзитетот во Кент во Обединетото Кралство, кој го истражува пазарот на трудот и социјалната држава, се согласува со оваа констатација.

„Луѓето ја прифатија идејата дека треба да се посветите само на работата и да жртвувате сè надвор од неа.“

Со текот на времето, тој наратив само порасна: „Со подемот на LinkedIn, Instagram и TikTok, наративите за Hasl културата експлодираа“, вели Даниеле Хејг, главен психолог во DH Consulting, консултантска компанија со седиште во Лондон, специјализирана за развој на лидерство и благосостојба на работното место.

„И тогаш, тој почна да се храни со несигурноста на луѓето во врска со тоа што немаат и што не прават.“

Дали минува времето на величењето на „hasl “?

Пандемичните полициски часови им дадоа на многу работници време и простор да ја преиспитаат нивната рамнотежа помеѓу работата и животот.

И бидејќи тој период беше проследен со стрес од финансиска несигурност, експертите велат дека некои луѓе сфатиле дека културата на „гужва“ повеќе ги исцрпува отколку што ги зајакнува.

„Од „Ковид-19“, луѓето почнаа да ја отфрлаат ’hasl’  културата и да се штедат себеси - тие веќе не се подготвени да работат работи што не значат ништо и почнаа да поставуваат граници меѓу себе и токсичните наративи“, вели Брукс И. Скот,  калифорниски тренер и експерт за интерперсонална комуникација.

„Тие видоа дека hasl културата повеќе не функционира како клучна состојка за постигнување успех“.

Истражувањето од 2022 година на 2.000 американски работници од осигурителната компанија Prudential покажа дека 70 проценти од американските работници имаат приоритет или размислуваат да им дадат приоритет на нивниот приватен живот пред работата и кариерата; 20 отсто рекле дека се подготвени да преземат намалување на платата доколку тоа значи дека ќе имаат подобар баланс помеѓу работата и животот.

„Еден начин на размислување за работата е тоа што на работниците им обезбедува две награди: едната е плата; и, помалку познато, значење и заедница“, вели Даниел Марковиц, професор по право на Јеил и автор на книгата „Замката на меритократијата“.

„Лицето кое работи исклучиво за плата се третира себеси какоимот, а не како личност и посветува многу повеќе од својот возрасен живот на стекнување на имот – а тоа е отуѓувачки начин на живот кој може да го направи човекот богат, но не и здрав.“

По пандемијата, повеќе луѓе бараат правилен баланс помеѓу работата и животот, делумно како реакција на тие размислувања, вели тој.

„Одговорите одат подлабоко отколку што се признава терминот „рамнотежа помеѓу работата и животот“. Тие не се обидуваат само да посветат повеќе време и внимание на работи надвор од работата - тие даваат приоритет на значењето и заедницата, а не на платата, во рамките на работата“.

Некои податоци,  покажуваат дека вработените се обидуваат да избегнат одговорности наместо целосно да се вложат во работа.

По неколку години нагорен тренд, ангажманот на вработените во САД го доживеа првиот годишен пад во една деценија - паѓајќи од 36 проценти од ангажираните вработени во 2020 година на 34 проценти во 2021 година, според истражувањето на Галуп на околу 15.000 редовно вработени и хонорарци.

Таа шема продолжи и во 2022 година, кога се  ангажирани 32 отсто од работниците со полно и со скратено работно време, додека 18 отсто беа активно исклучени.

Плус, додека  некогаш со културата на работното место доминираа слоганите како „стани и стигни до тоа“, на социјалните мрежи се појавија нови звучни зборови како „тивко отпуштање“, „мек живот“ и „минимум понеделник“, тренд да се работи најмалку во понеделник за да не се чувствувате прегорени пред викенд.

„Сите овие трендови сугерираат дека вработените почнуваат да се спротивставуваат на hasl’ културата, и повеќе не работат куп бесмислени обврски кои не значат ништо и наместо тоа ставаат акцент на сопственото ментално здравје на работното место“, вели Скот, кој верува дека популарноста на „ hasl културата ќе продолжи да опаѓа.

„Не верувам дека ќе се вратиме на она што беше порано“, вели тој.

„Постои сè поголемо разбирање дека за да напредувате, исто така треба да имате креативен простор за одмор, повторување и размислување - и не можете да правите ништо од тие работи ако сте постојано зафатени.“

Меритократија?

Некои експерти, исто така, тврдат дека одредена изложеност на широко распространета нееднаквост за време на пандемијата ја оспори идејата за „hasl“ културата како меритократија - идејата дека секој, од кое било потекло, кој вложува одреден напор, може да постигне огромен успех со ресурсите со кои веќе располага.

На пример, заедниците со пониски приходи и малцинските заедници се соочија со големи економски бариери во последниве години, а старателите, исто така, се мачеа во текот на пандемијата, додавајќи ги тековните тешкотии на претприемништвото.

„Професиите и работните места кои бараат долги часови работа, автоматски ги истиснуваат жените и мајките“, вели Чанг.

Во последниве години, финансирањето се намали уште повеќе за некои основачи на малцинствата, вклучувајќи ги и црните претприемачи.

Севкупно, вели Марковиќ, „се повеќе се прифаќа дека индивидуалните напори не можат да ги надминат овие нееднаквости“.

Пандемијата, објаснува тој, била „прилично катастрофална емпириска реакција на идејата дека напорот на поединецот, неговиот потфат и напорната работа одредуваат кој ќе напредува, дека секој има еднакви шанси да успее“.

Еволуцијата - не исчезнување – на „hasl” културата

„Hasl” Културата не исчезна целосно, се разбира.

Сè уште има примери на луѓе кои веруваат и го промовираат пристапот „стани и оди“ - вклучувајќи ги и оние со големи платформи.

Во март, Хардик Пандја, виш потпретседател за дизајн во Унакадеми, една од најголемите индиски компании за образовна технологија, објави твит во кој напиша дека „оние кои велат дека не треба да се работи за викенди никогаш не доживеале што е фантастична работа“.

Тој пост предизвика огромна дебата и има 1,2 милиони прегледи во моментот на пишувањето.

А сепак, генерално, експертите велат дека постојаната работа и стремежот кон професионални пресвртници кои се однесуваат подеднакво за сите, станале културно помалку пожелни за некои луѓе.

Чанг верува дека работата од дома одиграла клучна улога во падот на тој тренд, бидејќи вработените имале поголема контрола врз сопствените работни часови и рутини.

„Работниците открија дека работењето помалку часови или прошетката за време на паузата за ручек им помага полесно да ја завршат работата“, вели тој.

„Тие разбраа дека, да, сакаат унапредување, но сакаа да поминуваат време и со семејството.

Прекувремената работа и интензивната посветеност на работата порано беа врвниот статусен симбол за многумина, но по неколку тешки години - и новите економски тешкотии и потенцијалните отпуштања кои се на хоризонтот - се чини дека здравјето и семејството на некои луѓе се поважни од „hasl“.

Извор: BBC на српски