Балканскиот човек е осуден на мал избор за летување и мал радиус на движење со оглед на тоа што на секои 200 км, а можеби и помалку, наидува на државна граница. Почнувајќи од јуни, па до октомври, колоните на граничните премини се огромни, се чека во 3-4-5-6 колони во нервоза, на голема горештина, во големо безредие што го прават тие што мислат дека се најпаметни од сите и се пикаат во секоја дупка од колоната за која им се чини дека оди побрзо од таа во која се наоѓаат.

Најголемите навалици и редови во овој дел на Европа се создаваат на српско-македонската и на македонско-грчката граница. Не само македонските државјани, туку, туристи и од северот се упатуваат на граничниот премин Богородица-Евзони и тука се начекуваат и си чекаат во шпицот и до 3 часа. На тој граничен премин можете да видите коли со рагистрации и од подалечните северни земји, а најмногу освен македонски регистрации, таблички на туристи од Србија.     

Голем број патници се жалат и во групите на социјалните мрежи дека предолгото чекање на македонските граници создава метеж, но и ги одвраќа да ја користат земјава за транзит кон Грција.

Во препораките што ги оставаат туристите, сѐ почесто се препорачува да се оди преку Бугарија.

Ако, пак, се намали прометот на возила преку нашава земја,   Дојран и Гевгелија ќе останат со кратки ракави зашто од овој промет ќе загубат многу поради тоа што голем дел од приходот и профитот го остваруваат од ноќевањата и гоштевањето на транзитните туристи.

Цифрите за загубите во време, во пари и воопшто за бизнисите се огромни. На граничите премини чекаат не само патниците во своите возила, туку и во автобусите, превозниците, стоката што циркулира од север кон југ и обратно од солунското присаниште консеверот на Европа.

Затоа, земјите како нашава, наместо да итаат кон Европа и кон Шенген –зоната, тие наоѓаат се’ некои зкачки да ја избегнат оваа поволност и можност. Замислете границата со Грција да се минува без застанување. Патувањето ќе биде многу пократко, трошоците многу помали, а и природата нема да мора да ги трпи сите тие издувни гасови од автомобилите што ги испуштаат во време на стоење по 3-4 часа. Затоа паметната Европа ја воведе шенген-зоната. Таа е создадена во 1990-тите. Шенген-зоната овозможува патување без граници меѓу 29 европски земји, најголемиот дел од ЕУ, како и некои држави што не се членки, како Норвешка и Швајцарија. Таа го олеснува слободното движење на над 450 милиони луѓе и претставува основа на единствениот пазар преку елиминација на внатрешните грнични проверки на стоки, услуги и работна сила.

Додуша, откако почна масовната миграција од азиските и африканските земји кон развиените европски, граничните контроли и во Шенген зоната се зајакнати, но претосатавуваме дека се тоа привремени мерки и дека со нормализирање на ситуацијата, контролите пак ќе се тргант од границите.  

На пример, Франција одржува гранични проверки уште од терористичките напади во 2015 година. Австрија воведе контроли на границите со Словенија и Унгарија во септември истата година, на врвот на бегалската криза, и оттогаш ги продолжува секои шест месеци, повикувајќи се на миграциони и безбедносни ризици итн. Сепак и овој привремен тренд резултира со значителни загуби во време, од 10–20 минути за автомобили и 30–60 минути за тешки возила, и ја чини транспортната индустрија околу 320 милиони евра годишно, само поради доцнења.

А замислете колкави се загубите на границите што се цврсто поставени и што не се гледа хоризонтот за целосна елиминација.

Цените растат, синџирите на снабдување забавуваат, а работните места и бизнисите што зависат од прекуграничната соработка пропаѓаат.

Откако Романија и Бугарија и' се приклучија на Шенген зоната оваа година, прекуграничниот сообраќај значително се зголемил. Во првите три месеци од 2025 година, сообраќајот меѓу двете земји пораснал за 25%, со над 160.000 возила во споредба со 128.000 во истиот период минатата година. Просечното време на чекање се намалило од над 10 часа на помалку од два. За превозниците и градовите што зависат од брза трговија, ова значи побрзи испораки и економско оживување. Враќање на „тврди“ граници, може да го поништи овој напредок,  предупредуваат експертите

Затоа, Македонија мора да се вклопи во овој амбиент, а не да го одолговлекува почетокот на преговорите за пристап во ЕУ. Сигурно дека сме многу далеку од Шенген шемата, но од некаде мора да се почне, границите мораат да паднат, со границте сите се ограничени во соето слбодно движење, во заработката и во напредокот.