
На 13ти овој месец, значи в четврток, граѓаните што имаат заштеда, а што не знаат што да и прават, ќе можат да купат државни обврзници, кои државата ги продава со камата од 5% годишно. Рочноста на исплатата на обврзницата е 2 години, што значи дека по две години, на истиот датум на кој сте купиле овбрзници, ќе ви бидат вратени парите со зголемена сума од 10 проценти на вложената сума, со тоа што каматата ќе се исплаќа година за година, па така ако купите овбрзница на 13 јули 2023, провиот износ на име каматата ќе го добиете на 13 јули 2024, а вториот на 13 јули 2025. Значи ако купите обврзници (вложите) за 100 000 денари вкупниот износ од каматата, по 2 години, ќе ви биде 10 илјади ден.
Каматата што ја ветува државата за исплата на овбзниците е поголема од банкарските камати на депозитите, односно на средствата што лежат на сметките, оставени како сигурно место за чување. Тие камати беа уште пониски, но со покачувањето на основната каматан стапка на Народната банка, која достигна до 6%, сега банкарските камати се движат приближно од 3-4% на орочени средства.
Рака на срце државните обврзници се најсигурната можност за инвестирање, зашто, теоретски, опасноста да ги изгубите парите е иста со опасноста од пропаст на државата. Значи, се работи за високо-сигурни хартии од вредност.
Единствен „непријател“ на гарантираната каматна стапка на оврзниците е инфлацијата, но и таа губи сила и е падната под 10 проценти, што значи дека е едноцифрена со надолна тенденција.
Министерството за финансии информира дека приходот, односно каматата, нема да се оданочува што е сосема логично, бидејќи се работи за државни обврзници, а не за некој друг приход кој подлежи на оданочување. Со овој фискален потег, државата се задолжува кај населението, па нема никава логика каматата, како цена на парите што ги враќа на граѓаните од кои ги позјамила парите, да ги оданочува, ако ги оданочува тоа значи дека каматата нема да биде 5% туку помала, што драстично би го намалила интересот за купување на државните оврзници, односно за инвестирање во овие хартии од вредност.
Министерството има свои образложенија за причината за издавањето на оврзницата, што се логични, па така, ни најголемите финасиски аналитичари нема да можат да ја оспорат намерата и оправданоста на овој државен (фискален потег).
Единствено не е јасно колку ќе земаат банките како провизија за услугата на оваа трасакција. Секогаш, кога се работи за трансакции на граѓанските сметки, провизијата ја плаќаат граѓаните. Да се надеваме дека банкарската провизија нема да земе многу од ќарот од каматата, па тоа да влијае на граѓаните на одлуката за купување на обврзниците. Транскациите мораат да одат преку банките, сигурно дека државата нема да отвора шалтери за една намена, па директно да ги прибира парите.
Целта на државата (фискалната политика), како што информира министерството е „мобилизација на средствата од приватниот сектор (домаќинствата), нова можност за штедење и инвестирање од страна на физичките лица, како и развој на пазарот на хартии од вредност. Но, прибирање средства за “инвестрирање во сопствената инфраструктура и други јавни добра, ќе се развива и ќе им обезбеди подобар стандард и подобри услови за живот на нејзините граѓани“…
… „Средствата што ги инвестираат граѓаните во граѓанската обврзница ќе завршат во стопанството. Со инјектирање средства во стопанството, тоа ќе произведува и ќе креира додадена вредност, ќе ја зголеми својата продуктивност, ќе инвестира, ќе отвора нови работни места, ќе плаќа даноци кон државата, која, пак, ќе има повеќе средства за инвестиции во капитални проекти, во унапредување на јавните услуги и подобрување на животот на граѓаните.“
Обврзницата ќе може да се препродава на пазарот на хартии од вредност.
Министерството информира дека процедурата за инвестирање во граѓанската обврзница е исклучително едноставна. Граѓаните треба да појдат во некоја од комерцијалните банки и да поднесат барање за учество на аукцијата, а потоа и да го уплатат паричниот износ за кој сакаат да купат обврзници. Барањето треба да биде доставено до банката најдоцна еден ден пред одржувањето на аукцијата. По завршување на аукцијата барателите склучуваат договор и обврзницата се запишува на нивно име, а потоа, како што доспеваат роковите, им се исплаќа каматата.
За тие што имаат намера да инвестираат, имаат уште само 3 дена, сосе денешниот.