
Убава вест пристигна од Кавадарци, каде денес, среда (14 јули 2021, со почеток од 20 часот), во Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“, премиерно ќе биде изведена претставата “Тетовирани души“, по текст на Горан Стефановски, а во режија на Александар Малинков.
Последниот драмски текст на Горан Стефановски што се играл на сцената на кавадаречкиот театар беше „Диво Месо“ во 2012 година, откри неодамна за „Нова Македонија“ режисерот Александар Малинков...
– Една од трите основни причини зошто се одлучив за драмскиот текст „Тетовирани души“ е затоа што за мене Горан Стефановски е најголемиот драмски автор кој го имала и се уште го има Македонија. Втората причина е тоа што сите негови претстави се безвремени и секогаш актуелни и најдобро ја отсликуваат самата срж на македонскиот живот и дух.
Драмата „Тетовирани души“ Горан Стефановски ја има напишано во 1985 година, а ја има посветено на мајка му Нада, која беше актерка. За темата, оваа театарска пиеса го има животот на македонската емиграција во Америка.
Во претставата која вечерва се игра во Кавадарци, учествуваат: Диме Боцев, Диме Коцевски, Сијче Трајкова, Милица Гочевска, Љупчо Настов, Ребека Малиминовска, Микица Илова, Видан Станоев, Сашко Орешков, Никола Колев Зезо, Стојанче Вангелов, Александар Видиков, Бранко Најдов, Костадин Прокопов, Димитар Илов, Ана Ефремова, Методи Глигоров, музичари: Пепи Ангелов и Зоран Станоев и Балетско студио Венус.
Инспициент - Марјан Тодоровски; костимограф - Сара Милевска; кореограф - Ана Балова; сценографија – Александар Малинков; суфлер, гардеробер, реквизитер – Благица Илиева; сценска техника – Диме Темков; дизајн на плакат – Билјана Соколова Тодоровска.

Претставата “Тетовирани души“ е поддржана од Министерството за култура.
Првата реприза на претставата “Тетовирани души“ е во четврток, на 15 јули 2021.
