
Веќе почнаа европските проблеми по се што ја зафати заедницата, како - ковидот, руската агресија врз Украина, војната во Газа и санкциите на Трамп. Последиците од ковидот, иако се подзаборавени, не се сосема излечени, дури не се сосема надминати ни проблемите од големата економска криза од 2008 година што се затркала од Америка. Па така, по сите овие причини, последиците излегуваат на виделина, иако најголемите економски европски сили тешко може некој да ги кутне.
Гераманската економија паѓа. Всушност, оваа економија, паралелно со споменатите кризи, бележи пад, но во таква економска сила последиците доаѓаат побавно. За оваа година статистичарите на економскиот раст очекуваат само мал процент над нулата. Истовремено, цвета работата „на црно", а цветаат и другите економски активности "во сенка", односно штом не се пријавени, значи дека не се ни легални.
Ланската година учеството на сивата економија износувало 482 милијарде евра! Тоа е највисоко ниво во последните десет години и го надминува дури и германскиот сојузен буџет. Дури познати германски економисти за оваа година предвидуваат натамошен раст на сивата економија на 511 милијарди евра. Тоа би значело зголемување од 6,1 насто во однос на ланската година. Германските стручњаци, терминот „работа на црно“ го поистоветуваат со терминот „сива економија“. Оваа појава и економска активност ја има и во нашата економија, а тоа се неоданочените секојдневни активности, како поправката на автомобили, миењето коли, домашни поправки, разни занаетчиски услуги и др, кои се надвор од даночниот систем, значи без да се плати данок на добивката и социјалните придонеси.
Законските одредби, како обврската за исплаќање минимална плата или максимално работно времене на овој начин се заобиколуваат.
Во споредба со домашниот бруто производ (БДП), Германија, со процент од 11-12 % на сивата економија е на средината на скалата меѓу индустријските земји. Процентот на сивата економија во Ромунија, на пример, изнесува 30, а во Грција 22 проценти.
Во Македонија тој процент изнесува 40 насто, односно, кога овој процент би се легализирал, буџетските приходи би пораснале барем за толку колку што сега не се зафаќа од тие приходи.
Ако оваа економија не е легална, значи дека е нелојална конкуренција. Се поставувуа прашањето - кои се причините за растот на цената на трудот на црно и на „сивите“ активности, како услугите и трговијата, на пример? Одговорот на ова прашање е многу едноставен: „сите цени растат, па логично е да пораснат и услугите во „сивата економија“, а профитот од тие услуги нерелано расте и оди во џебовите на тие што работата на црно.
Тие што ја разбираат работата, го губат даночниот морал и се во постојана дилема – зошто мораат да плаќаат даноци, кога има привилегирани пред кои државата ги затвора очите. Затоа и не е чудно што многу луѓе не само што работат на црно туку и не се грижат за износот не својата пензија, надевајќи се дека до пензијата ќе измислат некоја друга итроштина и така „ќе се снајдат во животот“.
Некои германски аналитичари оваа појава ја дефинираат како "даночен бунт на малиот човек".
Лигично е да се констатира дека во време кога невработеноста расте, кога производителите се соочуваат со намален број нарачки, нема прекувремени часови, кога се скратуваат работните часови и се намалуваат смените, да настапи појавата „работа на црно“. Луѓето се можеби најприлагодливиот животински вид на тешкотиите, па така огромен број работници работа по две, па и по три работи во денот, за да продолжат да ги задоволуваат своите потреби од времето кога со една работа ги задоволувале тие потреби. Значи, кога регуларната економија слабее, сивата економија е во пораст и обратно.
Некои критичари на германската економија тврдат дека високата социјална помош во Германија ја стимулира работата на црно. Откако социјалната помош од почетокот на 2024. беше зголемена за повеќе од дванаесет проценти, речиси 88.000 до 100.000 луѓе ги напуштиле своите работни места со скратено работно време. Всушност, тоа се тие работни места за кои сега Герамнија очајнички бара работна сила.
Сега, повеќе од третина од германскиот буџет се издвојува за социјални давачки. За 2025. за социјална помош се предвидени речиси 52 милијарди евра – што е околу пет милијарди повеќе од претходната година.
Дури, германските власти признаваат дека државната помош ги привлекува криминалците.
Намелен туристичкиот промет и побарувачката на брендови
Економските последици се гледаат и во трошењето на американските и на кинеските туристи. Тоа резултира со пад на продажбата на луксузни производи во Европа и во Јапанија.
По минатогодишниот силен раст на продажбата на луксузни производи, поттикнат од големата потрошувачка од страна на кинеските туристи во Јапонија и на американските во Европа, трендовите оваа година се сменија.
Јапонскиот „јен“ зајакна, а американскиот долар ослабна по воведувањето на новите царини од страна на Доналд Трамп, што влијаеше на однесувањето на потрошувачите во странство.
Аналитичарите велат дека американската побарувачка би можела уште повеќе да ослабе поради очекивањата дека увезената стока ќе поскапе поради новите тарифни мерки.
Сепак водечките брендови се’ уште се колебаат да ги намалат цените, сметајќи на сопствената ексклузиност поради која и имаат накалемено големи маржи на своите производи.
Извештајот на консултантската куќа Bain & Company за ланската година, покажува дека глобалната база клиенати во секторот „луксуз“ се намалила за околу 50 милиони луѓе, од 400 на 350 милиони во периодот од 2022. до 2024. година. Главната причина е економската неизвесност и растот на цените.