Германската „Пума“ и нејзиниот најголем конкурент „Адидас“ ги имаат своите корени во истата куќа. Пред еден век, браќата Рудолф и Адолф Даслер го започнаа својот бизнис со обувки заедно. Голема караница меѓу нив потоа ја подели компанијата.

 

По поделбата на оригиналната компанија Геда, Рудолф ја основа Руда - подоцна преименувана во „Пума“ - додека Адолф го основа „Адидас“. Седиштето на двете компании останува само на неколку чекори една од друга во баварскиот град Херцогенаурах.

„Пума“ сега ќе биде под капата на водечката кинеска компанија за спортска облека „Анта“, која ќе стане нејзин најголем акционер во договор вреден 1,8 милијарди долари.„ Анта“ ќе се обиде да „оживее“ еден од најважните европски спортски брендови кој одеднаш падна во немилост.

„Пума“, со своето лого на дива мачка, се мачеше да ги освои потрошувачите за својата спортска облека и патиките Спидкет. Од друга страна, „Адидас“ постигна напредок со своите ретро патики - проширувајќи го јазот во продажбата помеѓу двете фирми.

„Пума стана... премногу зависна можеби од производи за животен стил, а не од високо-перформансни спортски обувки, што навистина ја придвижи оваа индустрија“, изјави аналитичарот Дејвид Шварц за Ројтерс.

Пониските приходи на „Пума“, објасни тој, значеа дека има помалку пари за трошење на ѕвезди за промоција на брендот. „Значи, тие немаат видливост“.

Нови брендови

„Пума“ беше број три во спортска облека по Најк и Адидас до неодамна, со кул патики и спонзорства. Како што растеа поновите брендови како On Running и Hoka, Пума заостануваше.

 „Пума стана премногу комерцијална, премногу изложена на погрешни канали, со премногу попусти“, смета извршниот директор на Пума, Артур Хоелд.

Договорот со „Анта“ за 29 проценти удел би можел да ѝ даде можност на „Пума“ да врати дел од изгубениот пазарен удел, вклучително и во Кина. Акциите на „Пума“ веќе скокнаа за девет проценти.

Вредноста на „Пума“ се проценува на околу 6,2 милијарди долари. Вредноста на неговата компанија е за околу едн пат поголема од прогнозираната продажба за 2027 година, што е релативно евтино во споредба со конкурентите.

Спидкет наспроти Самба

„Пума“, основана во 1948 година, има долга историја на опремување на спортисти со патики. Обувките потоа се произведувале во фабрика во Херцогенаурах, а сега главно се набавуваат од фабрики во Кина, Виетнам и Индонезија.

Додека „Адидас“ цветаше, исто така и „Пума“ растеше, а нејзините акции достигнаа врв од 115 евра кон крајот на 2021 година. Сепак, оттогаш падна, губејќи 80 проценти од својата вредност. Нејзината пазарна капитализација оваа недела беше 3,2 милијарди евра, што е осмина од вредноста на „Адидас“.

Неизвесностите околу трговската војна го погодија малопродажниот сектор како целина во последниве години, но „Пума“ особено трпеше.

Конкуренцијата во спортската облека се засили, а нејзините нови модели на патики, вклучувајќи го и Спидкет, ги засенија Самба на Адидас и другите ретро патики.

Извршниот директор беше принуден да објави затворање на 900 работни места во корпорацијата, намалување на попустите и подобрувања во асортиманот и маркетингот.

 „Адидас беше првиот што профитираше од трендот на ретро патики, околу шест месеци пред Пума. Ова не само што му даде предност, туку и го прошири досегот на брендот“, објасни Феникс Данл, аналитичар за продажба во Мецлер Банк.