Форбс излегува на берза, ќе собира средства со продажба на акции преку Иницијална јавна понуда (IPO)
Форбс излегува на берза
Познатиот деловен магазин Forbes објави дека Forbes Global Media Holdings Inc. и Magnum Opus Acquisition Limited, преку компанијата SPAC (Special Purpose Acquisition Company), специјализирана за стекнување технологија и медиумски бизниси, ќе започне деловна соработка така што акциите од Форбс ќе ги стави на Иницијална јавна понуда на крајот на годината.
SPAC се хит на инвестицискиот пазар каде што во пракса се собираат еден куп мали инвеститори, купувајќи по фиксна цена акции на компании кои на почетокот немаат имот, со што создаваат SPAC или, алтернативно, blank check company“, односно „компанија со празен чек“.
Во „Форбс“ преку IPO планираат да соберат над 600 милиони долари. Средствата, како што најавија, ќе им помогнат во „дигиталната трансформација и создавање на подлабоко ангажирана публика, притоа одржувајќи го високиот квалитет и приходот на компанијата“.
Под претпоставка дека јавните акционери на Магнум Опус нема да ги откупат акциите, акционерите на Форбс ќе станат сопственици на приближно 22 проценти од компанијата, објави Форбс.
Компанијата, постои 104 години, достигнува 150 милиони луѓе ширум светот, има 45 лиценцирани публикации во 76 земји и е меѓу 50 -те најпосетувани страници на Интернет.