
Нашата економска ситуација ни е позната, животниот стандард во последниве 15тина години три пати доживеа „удар в ребра“, тоа беше економската криза од 2008 година, ковид-пандемијата и актуелнава, предизвикана од руската агресија врз Украина, која има свое продолжение со штетите што ги предизвикува невремето како резултат од се’ повидливите климатски промени. На огромен број од населението можноститие за преживување му се намалени, односно ретко кој е комотен во задоволувањето на месечните потреби.
Единсвена утеха во оваа ситуација, иако секој си плаче над сопствената мака, е тоа што кризата, намалениот стандард ја чувствуа целиот наш континент, па веќе западноевропските земји не се една од ветените земји во кои лесно се наоѓа работа, стан, добра плата итн.
Со децении Европјаните, од генерација во генерација, стануваа се побогати, ама на таа среќна приказна и дојде крајот.
Американскиот „The Wall Street Journal“ пишува дека практичо во сите европски земји куповната моќ се намалува од месец во месец.
Французите јадат помалку деликатесни јадења и пијат помалку црно вино. Шпанците штедат на маслиново масло, Финците ги палат сауните само кога има ветер, кога струјата е поевтина. Во Германија потрошувачката на месо и на млеко е падната на најниско ниво во последните три децении, а пазарот на органска храна, кој до неодамна беше во метеорски вознес, сега доживува исти таков метеорски пад.
Во Италија се свикуваат кризни состаноци поради цените на тестенините кои поскапеа двојно повеќе од инфлацијата.
Во различни змеји има стотици слични примери, а поради намалената потрошувачка, Европа на почетокот на годинава падна во рецесија.
Сегашната состојба во која се наоѓа Европа не се случи преку ноќ. Нејзиното население е се’ постаро. Освен тоа, Европјаните преферираат се повеќе слободно време и пократка работна недела. Тоа, со години го забавуваше економскиот растеж и ја намалуваше продуктивноста.
Потоа дојде пандемијата на Ковид-19, па војната во Украина, што резултира со прекин на глобалните патишта на снабување, со брз пораст на цените на енергијата и храната.
Реакцијата на владите ширум континентот само го влошија проблемот. За да ги зачуваат работните места, властите главно се определија за моделот на субвенции што ги насочија кон работодавачите, со што граѓаните/потрошувачите ги доведе до незавидна положба кога цените во продавниците скокнаа.
За разлика од Европјаните, Америка пакетот помош го насочи главно кон граѓаните наместо кон работодавачите за да ја стимулира побарувачката.
Европа има моќна извозна индустрија, па во минатото нејзините жители можеа да се потпрат на оромниот девизен прилив, силните валути и голем стандард.
Но Кина, која претставува клучен европски пазар, исто така е во економски проблеми, кои се прелеваат во Европа. Високите трошоци за енергија и огромната инфалција, каква што не е видена од 1970-тите години, ја намалува конкурентноста на европските производи на меѓународниот пазар и ги нарушуваат некогашните хармонични работни односи на континетот.
Забавувањето на глобалната трговија, зависноста на Европа од извозот, кој изнесува 50% од БДП-то на Еврозоната, во споредба со 10% во САД, станува слаба точка на европската економија. (ова укажува дека американската економија е самодоволна, односно дека лавовскиот дел од производството се пласира и се троши на големиот и моќен домашен пазар).
Според податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕСД), потрошувачката во 20 земји- членки на еврозоната е намалена за околу 1 % од крајот на 2019 година. Од друга страна, во САД, во истиот период, пораснала за речиси 9%. Европската унија сега учествува со околу 18 проценти од вкупната светска потрошувачка, а САД околу 28%. Пред 15 години ЕУ и САД сочуинуваа околу четвртина во вкупната светска поторшувачка.
Прилагодено со инфлацијата и со куповната моќ, платите паднаа за отприлика 3% од 2019 година во Германија, за 3,5 % во Италија и Шпанија и 6 проценти во Грција.
Од друга страна, реалните плати во САД зе зголемни за 6% во истиот период. Според податоците на ММФ стопанството на еврозоната во последните 15 години се зголемило за 6%, а во САД за 82 проценти!
Директна последица на ова е тоа што - една просечна земја на ЕУ е посиромашна од сите држави во САД, освен од Ајдахо и Мисисипи.
Ако продолжи овој тренд до 2035 година, разликата меѓу економското производство по глава на жител во САД и во ЕУ ќе биде поголема од разликата меѓу Јапонија и Еквадор.
Со оглед на се поголемиот трошок на задолжувањето и потребата на европските влади да ја зголемат воената поторшувачка, економистите очекуваат зголемување на даноците, што создава додатен притисок врз потрошувачите/граѓаните.
А даноците во Европа се веќе повисоки во споредба со другите богати земји за околу 40-50% од БДП, во споредба со 27% во САД.
Македонските граѓани се’ уште го живеат сонот за подобар живот во Европа (штo е оправдано во вакви животни околности), снаоѓајќи се на разни начини, со вадење бугарски пасоши или од некои други земји челнки на ЕУ, со некакви работни сезонски визи. но ретки се тие штосе навистина задоволни и што им се погодило да им тргне добро на тој неизвесен пат. Заостатокот на евопските земји предизвикан од светските кризи и синџири на снабдување се одразуваат на сите. Да, Германија се уште бара работна сила, но евтина, која веќе не може да си дозволи сместување во квалитени станови и во близина на работните места. Тоа се претвора во тежок печалбарски живот, со искомплицирани семејно-фамилијарни релации, со носталгија и желба сето ова да престане и се да се врати на свое место. Но, за да се врати на свое место, Македонија мора да спроведе итни реформи, не само во стопанската структура, туку конкретно во земјоделство, да го окрупни и да стане независна во својата потреба и потрошувачка на храна. Императивот доаѓа од видливите климатски катастрофи што ја унишуваат земјата, посевите, овошките, градинарските култури и со тоа основните земјоделски производи, што ги имавме во изобили, сега се луксуз на нашата трпеза. Тоа нема да биде лесно и брзо, особено што врските на нашите иселенци, и на тие што останаа, со нивните земјоделски имоти, одмана се оладени илисосема раскинати. Но, веројатно маката ќе не натера да се вратиме малку наназад, а тоа е на родната земја, наместо да итаме кон родната Еропа.