„Мајка“ е новата песна на скопскиот рок-состав „Ласт Експедишн“, која се роди едно утро, спонтано, од силната љубов кон место во кое живееме – вели Енко – првиот човек на овој скопски супер-состав за Анторис.

Во море на патриотски и навивачки песни, „Мајка“ се издвојува според исклучителен сензибилитет, каков ретко се забележува во денешно време.

– Песната е истовремено химна, класика и оперска арија, а всушност е рокенрол. Свири „Експедишн“, а гостуваат пријателите, еден куп. Најпрвин Дино Имери, кој е врвен пијанист, потоа Ричи Мерцедес, познат автомеханичар, еден неверојатно талентиран самоук оперски пејач, кој подготвува таков албум, и Калина, која оперскиот дел го има во женска верзија. Секако, тука е и голем, 20-член хор на наши другари, кои се дел од песната. Затоа „Мајка“ е дело на сите нас – „Ласт Експедишн“ и пријателите“ – објаснува Енис Хаџиќ и ветува дека својата радио-премиера „Мајка“ ќе ја има деновиве на „Анторис“ радио.

А, бидејќи нема пари за рокенрол во државата, барем првично, оваа феноменална балада ќе го добие своето лирик-видео…

Мајка

Студено сонце облак покрива
На моето лице една солза умира
Мојата мајка, мојата роза црвена
тивко си заминува

К’о што ми кажа тогаш татко ми
Погледни сине доле на југ е мајка ти…
Првиот бакнеж, првата љубов искрена
Тоа е Македонија

Сине знам за кого постојам,
За кого живеам
Тоа е гордост голема

И сега знам за кого постојам,
За кого живеам…
Тоа е мојата татковина

Сега сум тука, свој на своето
Срцето чука, кʼо бранови од морето
Душата пее среќни песни, љубовни
Само да не се заборави

И сега знам за кого постојам
За кого живеам
Една е мајка најмилa

И сега знам за кого постојам
за кого живеам
Мојата мајка Македонија