„Продолжува одливот на населението од земјава“, на сиот глас алармираат медиумите!

Најмногу и најбрзо се празнат најмалите гратчиња во кои остануваат само пензионерите. Нивите се запустени и обраснати, земјата се испости и наместо пченица, на полињата никнат трње и диви треви, на пасиштата почнува да се фаќа се што ќе го донесе ветерот и полека многу предели се претвораат во шума.  

Македонското иселување има своевиден развој, своевидна „крива“. На почетокот, пред 40тина години, се иселуваа поедници кои не можеа да се снајдат на тогашниот пазар на работна сила, кои бараа нешто повеќе во животот, кои немаа образование, па одеа да ги работат најтешките и највлаканите работи на Западот, како азбестот, сонувачи за некакви ветени земји, авантуристи кои, гледајќи ги убавите американски филмови, мислеа дека таму само се игра твист и се пее блуз, а се’ друго се средува само по себе. Потоа, почнаа да се ислуваат кадрите со некакви вештини и ретки специјалности, како медицински сестри, доктори, занаетчии-мајстори, кои на почетокот добро заработуваа и почнаа да праќаат пари на своите семејства, нивите парични пратки достигнаа милијарда евра годишно, така се дополуваа девизните резерви, кои сега изнесуваат околу 5 милијарди евра, и последна фаза е сегашната во која се ислеуваат цели семејства. Освен строгиот центар на неколку градови Скопје, Тетово..., нема улица во која нема затворено цели куќи кои живнуваат накратко во летниот период неколку дена, а потоа пак улиците замираат и почнува новата сезона на загаден воздух.  

Домашните работодавачи мака мачат со работна сила, граѓаните мака мачат да најдат мајстор, лекар, лекар-специјалист, особено за децата, нашето најголемо богатство, кое многу малку го зголемуваме, покажуваат бројките кои велат дека цели чилушта се затворат поради недоволен број ученици. Наталитетот е негативен со години!

Неодамна граѓаните од Македонски Брод во една ТВ-анкета се жалеа дека од година во година градчето се’ повеќе се празни, како и целиот Поречки крај кој е најиселен во земјава. Таму луѓето не гледаат перспектива, нема фабрики, нема работа, „се’ се сведува на политика и партиски вработувања“ се пожалија жителите на Брод. Во Куманово 174 ученици од основните и средните училишта се отпишале на крајот на првото полугодие, се отселиле во странство или во друг град во земјава. Ова се само два  примера од многуте. Податоците на Заводот за статистика покажуваат дека Македонија во последните седум години изгубила 17.000 ученици од сите училишта во земјава.

Во главнот град, во кој се „крчка“ 60% од БДП, сообраќајот е затнат, јавниот презоз се држи на стаклени нозе, воздухот е најзагаден во светот, огромна смртност како последица на тоа, па сето тоа контрахира голем процент од економијата.

Старнските инвестирори фаќаат магла, поради светската економска криза, а многу веројатно поради нешто што не скаат да го кажат, за да не не уврдат, а тоа е нефункционирањето на нашата држава, која им даде се’ бесплатно, само да можеме да се пофалиме со присуството на нивните брендови и да ни вработат по некое човече над кое се спроведува вистинска експлоатација.

Работата е крајно тешка!

Граѓаните се залажуваат со тоа дека власта спроведува некакви мерки, потоа кампањи за бојкот на продавнците, а економките стручњаци тоа го оценвуаат како популизам, нагласувајќи ги универзалните пазарни закономерности што ја регулираат економијата во целиот свет. Така, ниедна власт нема да постигне разултати со популистички мерки, тие ќе бидат и се депласирани од економските законитости.  

Ниедна власт не признава дека нејзината држава е сиромашна. Таа тоа не може ни да го почувствува затоа што нејзините првенци не се сиромашни. Нив ги финсанираат тие што останаа, преку државниот буџет, пеку разни други можности за заработка легална и нелегална. Во последно време излегуваат некои криминални приказни, ќе видиме каков судкси епилог ќе добијат.

Ако на владата и е приоритет да купи нови автомобили, или други луксузни непродуктивни средства, на сите граѓани приоритет им е да имаат добра работа и добро платена, вистинска здравствена заштита, да има доволно храна, да поевтинат горивата, да има доволно градинки и одмаралишта, да има јавно WC, замислете во Македонија никаде нема јавни WC-а, сите трчаат по „кафиките“, а странците, бидејќи не знаат каде да се стрчаат во случај на зорт, мака мачат и никогаш веќе не се враќаат да ги видaт нашите чуда од споменици.   

Како тоа да се обезбеди за наште човечиња да се вратат назад, на улиците да се врати животот, училиштата да се наполнат, наталитетот да се зголеми, нека одговори конкретно некој од власта, не само од сегашната, туку и од поранешните и идните. Времето лета, животот се крати, а стандардот се’ подолу!  

Платите на македонските пратеници, на високите функционери, надоместоците за патни трошоци, за кирии, за одовен живот и за разни измислени „заслуги“ се три пати повисоки од словенечкиот просек, не зборуваме за другите можности за заработка, зашто немаме докази, а за кои на големо се обивунуваат двете политички страни, како  тендери за јавните набавки и др.

Народот бара сатисфакција во станардот на највисоките чиновници, што е нивниот сандард и луксуз поголем, толку тие му се подалечни и обратно.

Затоа, еднаквост во „сиромаштијата“, молам!