Истражувањето на EOS „Европски платежни навики 2022“, во кое беа анкетирани 3 200 финансиски директори од 16 европски земји, покажува алармантна ситуација. Навиките за плаќање од 2019 година значително се влошуваат. Компаниите се соочуваат со недостиг на ликвидност поради задоцнетите плаќања. Во моментов, една од пет фактури во  Западна Европа и една од четири во Источна Европа се или платени доцна или не се платени воопшто..  

Високи 46% од компаниите во Европа, го пренесуваат своето управување со побарувањата на надворешни партнери. Околу една од две компании успешно го вклучи дополнителниот обем на работа во постојните процеси, додека една од четири прибегнаа кон ангажирање на надворешни даватели на услуги.

„Една позитивна промена во ова е сѐ поголемата дигитализација на управувањето со побарувањата, при што една од четири компании го забрзала овој процес. Во поглед на дигитализацијата на процесот на потсетување на клиентите за плаќање на нивните обврски, излегува дека 1 од 10 компании сè уште главно се потпира на рачни процеси. Други 5% немаат воспоставени стандардизирани процеси. Од друга страна, јасно е дека поголемиот дел од компаниите веќе користат дигитални алатки во оваа област. Сепак, секоја петта компанија целосно го дигитализирала овој процес“, покажуваат резултатите од истражувањето.  

Испитаниците сè уште не се сигурни до кој степен вештачката интелигенција го менува управувањето со побарувањата, но 44% се убедени дека вештачката интелигенција има  потенцијал да го револуционизира процесот на управување со побарувањата. Во исто време, речиси една третина од компаниите сметаат дека вештачката интелигенција во областа на управувањето со побарувањата претставува само модерен израз што е преценет.

Севкупно, навиките за плаќање во поглед на трансакциите меѓу деловните субјекти и потрошувачите и меѓу деловните субјекти во Европа значително се влошени во последните неколку години. 

„Секоја петта фактура во Западна Европа или секоја четврта во Источна Европа се плаќа со задоцнување или воопшто не се плаќа. Тоа се само некои заклучоци од нашето истражување кое го претставуваме денес во детали. Нашата цел е да ја подигнеме свеста за значењето на овие податоци за економијата како целина, истовремено истакнувајќи ги можностите за подобрување. Генерално, Европската економија е песимистична за идинината. Фактот дека моралот на плаќање значително опаѓа во првата половина од оваа година е загрижувачки, особено поради тоа што се очекува дополнителен пад во поглед на плаќањата, земајќи ги предвид моменталните економски параметри и високата инфлација. Задоцнетите и неуспешните плаќања им ја отежнуваат работата на компаниите. Намалената ликвидност на пример е една од позначајните импликации“, смета генералната директорка на „EOS Matrix Macedonia“, д-р Катерина Бошевска. 

Многу попесимистичкиот поглед на компаниите за навиките за плаќање во иднина е поврзан со ваквата состојба. Додека во 2019 година повеќето од испитаните компании беа оптимисти, сега се забележува поголем песимизам во овој поглед во сите земји.

Стапките на успех на давателите на услуги за наплата на долгови и управување со побарувањата покажуваат дека со стручна помош, компаниите можат да ги ублажат последиците од лошите навики за плаќање. Екстерното управување сопобарувањата може да ги минимизира непосакуваните последици од неподмирените обврски.

„Компаниите треба да продолжат да го професионализираат управувањето со побарувањата и нивните процеси на наплата и да настојуваат да работат со надворешен партнер. Продажбата на побарувањата исто така може да биде добро решение. Како експерти наоѓаме решенија кои функционираат за компаниите и за корисниците кои доцнат со плаќање“, вели Марвин Рамке, извршниот директор на ЕОЅ Групацијата.

Стапките на успех на давателите на услуги за наплата на побарувања покажуваат дека со стручна помош, компаниите можат да ги ублажат последиците од лошите навики на плаќање. Особено со оглед на економските бројки кои се предизвик, компаниите за наплата на побарувања нудат вредна поддршка за компаниите и за економскиот систем, бидејќи тие ја враќаат ликвидноста. 

Соработка со надворешни даватели на услуги

Во моментов, 46% од испитаните компании соработуваат со надворешни даватели на услуги во областа на управувањето со побарувањата, додека дополнителни 46% го водат овој процес исклучително во рамки на компанијата.

Во 7% од компаниите не постои стандардизиран процес за оваа активност. Додека во Западна Европа малку поголем број на компании имаат соодветни внатрешни решенија, компаниите во Источна Европа почесто користат надворешни даватели на услуги. Во овој поглед можат да се издвојат Романија и Грција, бидејќи околу 60% од компаниите во овие земји веќе работат со надворешни даватели на услуги.

Податоци и технологија

Околу половина од европските компании изјавија дека нивната компанија (во голема мера) се потпира на употреба на податоци во работните процеси. Во исто време, една од десет компании сè уште не е оспособена за систематско управување со податоци.

Сè уште има значителни разлики помеѓу земјите, особено кога станува збор за компаниите кои во најголем степен се потпираат на употребата на податоци во работењето. Во Германија  оментално само 5% од компаниите сметаат дека се потпираат на податоци, во Франција секој петта компанија се смета за таква.

Инвестициите и технолошкиот напредок претставуваат неоходен предуслов за успешно имплементирана стратегија за паметно користење на податоци. Повеќето компании веќе ги завршија првите чекори кон оваа цел. На пример, повеќето компании се сметаат за многу прогресивни кога станува збор за заштита на податоците, безбедноста на информациите и ИТ архитектурата. Сепак, сѐ уште има значителна работа во поглед на агилните работни методи и применување на cloud решенија.

Трендови во управувањето со побарувањата

Во 2022 година компаниите се изјаснија дека ги сметаат прашањата за безбедноста како што се подобрувањето на заштитата на податоците и кибер (сајбер) безбедноста како најголеми трендови во управувањето со побарувањата. За најмалку важни трендови се сметаат крипто средствата, дигиталните валути, машинското учење и синџирите на блокови („блокчејн“) .

Компаниите во Западна и Источна Европа спроведуваат мерки за подобрување на заштитата на податоците; ова игра важна улога особено за компаниите во Грција и Полска. Седум од десет компании веќе ги спроведуваат ваквите мерки во пракса. Покрај заштитата на податоците, компаниите исто така, работат на индивидуализација/ персонализација на процесот на наплата на побарувањата, како и на автоматизација на дигиталната комуникација со клиентите.

Општата одржливост како тренд во управувањето со побарувањата:

2 од 3 компании веќе ја имаат оваа тема на дневен ред. Многу компании веќе ја признаваат важноста на одржливоста. 8 од 10 компании ја сметаат пркатичната примена на одржливи политики како клучен фактор за успехот на компанијата. Во многу компании има уште многу што треба да се направи, особено во поглед на постигнување одржлива политика во процесот на управувањето со побарувањата. Според резултатите од истражувањето, само 31 процент од компаниите во моментов спроведуваат одржливи пракси во оваа област.

Во исто време, компаниите имаат јасно формулирано барање да работат на одржлив начин. Околу три четвртини од испитаните компании планираат да го направат ова, а не помалку од 2 од 3 компании известуваат дека веќе го имаат прашањето за одржливоста на својата агенда.

Групацијата EOS е водечки технолошки напреден инвеститор во портфолија на побарувања и експерт за управување со побарувања. Со над 45 години искуство, EOS им нуди на околу 20 000 клиенти во 25 земји во светот за сите нивни потреби за управување со побарувањата. Клучните целни сектори на EOS се: банкарството, недвижностите, телекомуникациите, комуналните услуги и е-трговијата. EOS вработува над 6 000 луѓе и е дел од Групацијата Ото (Otto).

Извештајот „Европски платежни навики 2022“ е изработен во партнерство со независниот Институт за истражување „Кантар“. Истражувањето „Европски платежни навики“ се спроведува од 2007 година и го оценува расположението на меѓународната економија. Во периодот од 4 март до 19 април 2022 година EOS спроведе телефонски интервјуа со 3 200 компании во 16 европски земји за да ги идентификува главните навики за плаќање.

Во пролетта 2022 година, 200 компании во Белгија, Бугарија, Чешка, Хрватска, Данска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Швајцарија и Обединетото Кралство одговараа на прашања во врска со своите искуства со плаќањата, како и на тековни прашања поврзани со управувањето со ризикот и побарувањата.