
Во моментов макроекономските показатели за Македонија се поволни, берем така јавуваат монтераните и фискалните власти.
Ако е така, добро е. Сепак заканите доаѓаат однадвор. Нова закана е војната во Израел која може да донесе трета криза во континуитет, па мерките на сите влади, па и а македонската, да се најдат пред преиспитување и прекројување. Не се знае какви рестрикции ќе произлезат од опасната војна што може да ги скршне светските „патишта на свилата“, па да донесе ново поскапување, нова увезена инфлација. Војните, потресите на билискиот исток, секогаш носат ценовни ризици на поскаување на нафтата, од нејзнино намалено производство, но и од енормно поскапување на осигуриелните полиси на сите средства што сообраќаат во и околу тој невралгичен регион.
Деновивиње сите анализи се занимаваат со тоа кој од која страна може да се вмеша во оваа војна, Сирија, Иран, и други воени и милитантни организации, засега никој не предупредува на економските последици од оваа нова војна, која може да трае подолго отколку што се очекува и да се прошири на поголм радиус од сегашниов.
Информациите на македонските финансиски власти велат дека инфлацијата забавува и се очекува нејзино стивнување, без притоа светската економија да западне во рецесија. Сепак, на светско ниво, стапките на инфлација сѐ уште се високи, а ризиците поврзани со геополитичката фрагментација и климатските услови и натаму се едни од клучните ризици со кои треба да се справуваат носителите на економската политика. Со оглед на непредвидливиот глобален контекст, неопходно е задржување на внимателниот пристап во водењето на политиката и натамошно обезбедување простор за реакција на евентуалните нови шокови.
И ММФ констатира дека македонскат економија е стабилна, вклучувајќи ја и платнобилансната позиција. Затоа Меѓународниот монетарен фонд минатата година, преку Програмата за претпазливост и ликвидност – ПЛЛ, на Македонија и стави на располагање 530 милиони евра.
Буџетскиот дефицит од 4‚6% во 2023 година, колку што е проектиран, се предвидува во 2024 година да изнеусва 3,4%, во 2025 година 3% од БДП и до 2028 година да се намали на 2,5%“, информира Министерството за финансии. Од Буџетот се сервисираат сите обврски редовно. Буџетскиот дефицит останува на исто ниво во номинален износ, иако беше направена прераспределба на средства заради исплата на зголемените плати за јавната администрација и пензиите, а при тоа се креираат и мерки за справување со ценовната и енергетската криза, за што се издвоени 225 милиони евра во Буџетот и дополнително со прераспределбата 4,55 милијарди денари.
Според најновите, есенски проекции на ММФ за македонската економија, растот на инфлацијата годинава ќе забави, а ќе продолжи да забавува и следната година, додека на среден рок инфлацијата би се вратила на историското ниско ниво од 2%.
Приходите во Буџетот се за 12% повисоки од приходите остварени минатата година, расходите и дефицитот се во рамки на планираното и се одржуваат на курсот на постепена фискална консолидација. Капиталните расходи бележат раст од 142,2%. Јавниот долг се одржува на ниво во согласност со поставените правила во новиот Закон за буџети и Мастришките критериуми (60% од годишниот БДП). Финансирањето на Буџетот е обезбедено до крајот на годината, твди Министерството.
На податците што ги пласираат Надоната банка и Министерството за финасии треба да им се верува, затоа што тие не можат да бидат популистички, подлежат на ревизија токму од споменатите „Бретонвудски близнаци“ (Светската банка и ММФ) врз основа на кои се базира нивниот однос/релација со нашата монетарна и фискана политика. Потоа да бидеме објективни, Македонија , како и целиот свет се соочи со досега невидена блокада од пандемијата со Ковидот, па со руската агресија врз Украина. Но, колку и таа да е „успешна“ во овие услови, домашната економија ја урива нашата инертност, познатитие и веќе здодевни бројки за превработеност во јавната администрација, бавноста во реализацијата на проектите и најмногу катастрофалиниот правен систем – кочничар на огромен дел од процесите. Климатските премни спаѓаат во објективните фактори.
Форумот од Берлинскиот процес, што се оддржа деновиве во Тирана, е еден од патиштата за напредок во економијата, односно регионалното пазарно поврзување на што инсистира Европската унија, како еден од условите за приближување во нејзино друштво. Веќе се потпишаа и неколку договори за размена и слободно движење на некои професии, што може да биде тест за покажување на нашите аномалии кои произлегуваат од нашата затворнесот.
Другата страна на медалот, реалноста, е поразителна!
500 илјади граѓани до крајот на годината ќе влезат во категоријата што нема да можат да го преживеат денот со едно евро на ден. И тоа во просек! Ситуацијата на теренот е - огромен број од таа популација покажува дека никој не знае како се снаоѓаат тие што формално немаат никакви приход. Веројатно се „вработени“ во „сивата економија“, која изнесува дури 40% од БДП. Но, тоа е живот на „чамец“, на кој никогаш не си сигурен дали ќе може да му одолее и на најмалото бранче.
Единствно сидро во тоа немирно море се девизните резерви кои изнеусваат речиси 4 милијарди евра, што засега, и со години, го држи стабилен курсот на денарот.