
Голем број граѓани на планетава се чудат зошто една „локална“ војна толку ги поремети економските текови, го стресе целиот свет, па дури и најголемите економии ги доведе до работ на рецесија, која е се’ поизвесна.
Одговорот го добивме откао ги видовме бродовите натоварени со жито како не можат да го продолжат својот пат кон светские пазари и земјите што ја трошат украинската пченица, односно видовме дека оваа земја, жртва на руската агресија, била светска велесила во производство и извоз, не само на сончогледово масло, за каква што ја знаевме, туку и на жито. Блокадата на патот на украинското жито во Црното Море ја наметна потребата од барање алтернативен пат за снабдување на Европа. Така и украинските и европските власти се согласуваат дека житарките би можеле да патуваат низводно низ Молдавија, Романија, Бугарија, Србија, Хрватска, Унгарија, Словачка и Австрија во Германија – по Дунав.
Поради реалната опасност, Русија повторно го блокира извозот низ Црното Море, Украина сè повеќе бара отстранување на бирократските пречки и соработка со други земји низ кои поминува Дунав за да извезува жито во Европската унија.
Уште од мај годинава, имаше слични, прилично неуспешни обиди за испорака на украинските производи заробени во нејзините силоси. По Волга, Дунав, е втора по големина река во Европа, долга 2.860 километри. Житарките, според новиот план, би патувале низводно од Украина до Германија.
Според Обединетите нации, Украина во 2019 извезувала 16% од светските резерви пченка и 42 % сончогледово масло, но падот на испораката преку востановените рути ги зголеми цените на храната.
Во оваа ситуација излегува дека Дунав е вистински воден пат што значи животот за Европа. Откао Русија ги блокира морските пристаништа, Дунав стана важен фактор за извозот. Дунав сега е гаранција за безбедноснта на извозот на храна – велат украинските власти за ХИНА. Тие се свесни дека има „тесни грла“ и тешкотии околу царините и дека овие проблеми мораат да бидат решени со билатерални договори.
Колку е навистина можна оваа алтернативна насока за Србија и што би значело ако овој воден пат навистина заживее? За Србија Дунав е исто така незаменлива патека за транспорт на житни култури до Констанца.
Познавачите на пазарот веруваат дека ова може да биде само делумно решение кое од економски аспект не е најисплатливо. Освен тоа постои проблем со плиткото дно, особено во Бугарија. Затоа треба да се исчисти коритото од наноси на песок, но тоа сè уште не е сторено до крај. Кога нивото на Дунав ќе се спушти, тогаш бродовите се товарат од 50 до 70 проценти од нивниот вкупен капацитет (околу илјада тони) што го забавува транспортот и ги зголемува трошоците. Со оглед на ова, траснпортот преку Дунав би можел да го замени морскот транспорт со само 20 проценти.
Експертите велат дека кога почна војната во Украина, сите бродски компании ги повлекле своите поморски бродови од претпазливост. Но, кога еден синџир на снабдување ќе забави или ќе биде прекинат, неволјата ќе ве натера да барате други патишта за кои порано не сте размислувале.
Така, првиот алтернативен обид беше со железничкиот превоз, но имаше проблеми со ширината на пругата, па потоа почна речниот. Неспорно е дека ништо не може да се спореди со поморскиот транспорт, затоа што нема конкуренција. Сепак, речниот транспорт почна преку Констанца и некои терминали имаа целосно искористување.
Повеќе од два милиони тони житни култури отидоа во тоа пристаниште и овие количини постојано се зголемуваат. Европската унија во меѓувреме ги воведе таканаречените логистички насоки со цел да и помогнат на Украина да го извезе житото. Вклучени се различни експерти што помагаат во тој процес, така што товарот оди по реката. и тоа со стотици бродови. Меѓу нив има и српски бродови кои учествуваат во транспортот меѓу украинските пристаништа и Констанца.
Тој правец во долниот дел на Дунав е можен и не е неповолен. Сигурно е дека кога не можете по морето, ова е најисплатливо, велат експертите. Особено ако извезувате надвор од Европа. На пример, од германските или полските пристаништа до Суец имате 4.000 наутички милји, а од Констанца 1.900, наведуваат стручњаците.
Но, цената на превозот во сите војни се зголемува поради поскапиот транспорт не само поради повисоките цени на горивата, што се случува во секоја криза. Во прашање е зголемувањето на цената на осигурителините полиси на осигурителните друштва кои, поради опасноста од воени штети на бродовите, значително ги дигаат цените.
Тоа се слуваше секаде и во сите кризи кои се наоѓаа на патот на суровата нафта, како што беше секогаш кога имаше тензии во Персискиот залив.