Иако сме сиромашен народ, во просек, голем број граѓани имаат заштеди под перница на кои не знаат што да им прават, а тие што знаат дека вредновста на парите најмногу губи ако лежат без работа, тогаш размислуват што да прават со нив, дали да ги вложат или да ги остават в банка на чување во која каматите по видување на депозититие  се незначителни, дестимулирачки и се движат под нулата од 0,0001  до 0,40. На кредитите пак се изгор и се движат од 6 до 15 проценти зависно за каков кредит станува збор. Секогаш инвестиција е ризик, ако вложите во бизнис, ако ви тргне ќе имате со што да се гордеете, ако не ви тргне – ќе се најдете во големи неволји, задолжени со кредити, можеби купена опрема, несигурност на пазарот, голема и нелојална конкуренција, монополско здружување, екстерни потреси, нафтафлација, отежнато снабдување со репроматеријали и многу други непредвидени работи. Ваквите удари можат да ги издржат само големите компании, кои во своите фондови имаат тргнато настрана финансиски капитал за „недај боже“.

Затоа, обичниот граѓанин, што во животот успеал да заштеди, да претпорставиме 10тина илјади евра, најдобро му е да ги вложи во дражвни обврзници. Државната обврзница значи дека државата позајмува од граѓаните, се задолжува кај граѓаните, односно граѓаните ја финанисраат државата.  

Актуелните државни обврзници, првата издадена во јули со рок на доспевање од 2 години, и втората, зелената,  издадена деновиве, имаат одлична каматан стапка во споредба со банаките: првата гарантира 5% камата годишно, а втората ,4,75 годишно. Значи, ако, за првата, во јули сте купиле обврзници за 10 илјади евра, 610 000 денари = 61 обрзница, по 2 години - 2025 година, на вашате денарска сметка во вашата банка ќе легнат 61 илјада денари, или два пати по 30 500 денари - во јули 2024 и 30 500 денари во јули 2025 година плус главнината со која сте ги купиле обврзниците.

Издадените зелени обврзница, исто така имаа рок на доспевање од 2 години со каматна стапка од 4,75% годишно, односно ќе доспеат на 5 октомври 2025 година, а каматата ќе биде исплатена на 5 октомври 2024 година за првата година и на 5 октомври 2025 година за втората година, заедно со главнината.

Некој ќе рече дека за две години тоа е мала заработка. Да, но, потенцираме дека процентот, каматната стапка, е повисока од сите банкарски каматни стапки, во сите банки по видување, а вложувањсето во некаков бизнис во кој немаме искуство е многу ризично. И друго и поважно е тоа што сигурноста на исплатата на основниот влог и на каматата ви се 100% сигурни. Државата нема да пропедне, бидејќи држави не пропаѓаат така лесно, второ, НБРМ води конзистентна и оддржлива монетарна политика, како доказ е деценискиот цврст курс на денарот, во чија стабилност се уверивме, Македонија има задоволителен кредитен рејтин, па така тоа влева сигурност во граѓаните што ќе одлучат да ја финасираат државата преку обврзниците.       

Фактички, купувањето државни обврзници ви е „орочување“ на одредени средства за кои во банките на орочени средства можете да добиете околу 3,5 - 3,6 - 4% проценти.

Единствена „негативна“ срана на „орочувањњето“, како и кај банките, е тоа што главнината две години ќе ја немате на располагање. Но, ако раскинувањето на договорот за сметка на некоја поисплатлива инфестиција ви се исплати, никој не може тоа да ви го забрани.

Државата најавува дека нејзиното задолжување кај граѓаните на овој начин, издавање државни обврзници, ќе продолжи. Тоа ќе биде можност токму за граѓаните кои се двоумат што да прават со своите мали заштеди. Сега им се дава можност парите ем да им „лежат“ на државна сметка, ем безризично да си добијат повеќе пари отколку да лежат во банките по видување.  

„Во согласност со Стратегијата за развој на пазарот на капитал и Планот за забрзан економски раст, освен овие два инструмента, во наредниот период на пазарот ќе бидат понудени и проектни и развојни обврзници, насочени кон развојни проекти и проекти поврзани со инфраструктурата. Дополнително, по издавањето на зелената обврзница во текот на овој месец ќе биде издадена и втората граѓанска обврзница, информира Министерството за финасии. Значи,  работата треба да се следи и тие што моажт да реагираат, односно да ја искористат можноста за безризично инвестирање.