
Наспроти надежите дека патиштата на храната, испреплетени и искривени од двете кризи - Ковидот и војната во Украина, ќе се исправат и храната ќе си го најде својот пат и ќе поевтине, нејзината цена не се намалува, туку расте и тоа на сите светски пазари. Цените на финалните прозиводи во Европа и во регионот, во марктетите, и натаму удираат в глава.
Нашта влада се фали дека „поради навремено преземените мерки, како што е замрзнувањето на трговските маржи, намалувањето на стапката на ДДВ од 10% на 5% кај основните прехранбени производи, субвенционирањето на електричната енергија на производителите на прехранбени производи, како и замрзнувањето на цените на основните производи во маркетите кои се со „гарантирана цена“, даваат реални резултати. Во превод ова значи стегање на економијата, суспендирање на економските законитости, со опасност таа стега да експлодира од притисокот на сопствената кмпресија, па во многу догледно време цените да надоместат се што е изгубено во периодот на нивната регулација. Освен тоа, сите тие ограничувања значат и намален прилив во буџетот- па билансот на крајот е „пата-пата“!
Податоците кажуваат дека во октомври имавме пад на инфлацијата на 3,5%, од рекордните 19,8 во октомври минатата година, па така аналитичарите од регионот забележуваат дека Македонија е единствена во регионот и Европа со пад на цените на храна од 4,36%.
За споредба, во соседството и во регионот, Србија бележи раст на цените на храната од 10,5%, Албанија 7,8%, Бугарија 7,6%, Грција 9,93%, Косово 3,9%, Црна Гора 3,8%, Хрватска 8,7%, Романија 8,66%, Босна и Херцеговина 6,24%, Турција 71,99%, Словенија 7,32%.
Во европските змји, Обединетото Кралство има раст на цените на храната од 10,1%, Германија 6,36%, Франција 7,8%, Италија 6,5%, Шпанија 9,5%, Холандија 7,8%, Белгија 9,46%, Австрија 8,36%, Чешка 3,7%, Полска 8%, Словачка 9%, Португалија 4,35%, Литванија 5,6%, Латвија 4,3%, Шведска 6,63%, Норвешка 8,54%, Швајцарија 3,3%, Ирска 7%, Исланд 11,7%, Финска 4%, Естонија 6,7%, Кипар 5,46% итн.
Владата за себе вели дека се грижи за граѓаните и дека прави максимални напори во борбата со растечките цени на храната на светските пазари со цел да го заштити животниот стандард. Веројатно нема да помислиме дека земјите во кои храната поскапува не ги знаат мерките што ги има преземено македонската влада. Не, во прашање е суспензија на еконоскте законитости кои кога тогаш ќе избијат на површина и ќе си го наплатат тоа што е пропуштено. Во економијата има едно правило: „Нема бесплатен ручек, некој мора да го плати цехот“. Бизнисмените се жалат на овие мерки и кажуваат дека по ограничувањата на маржите, кои се на минимум, не можат да продолжат да работат, да исплаќаат плати и придонеси.
Болката е во нешто друго, а тоа е нашето заостанато змејодлество, за кое не се најде лек за повеќекратно зголемување на приносите и за проширување на лепезата на земјодлески производи, задржување на старите автохтони сорти омилени во цела Европа и познати како македонски брендови, ајвар, ајварка, драчевски кромид, куртовска капија, пченицата, (Македонија беше втора житница во Југославија, по Војводина… ) Освен тоа плодната земја сето ова време се пренаменува во градежно земјиште на кое се гради безмилосно, диво или „плански“, не се знае за кого се гради, бидејќи иселувањето и напуштањето на родната земја добива катастрофални размери.
Последен страв од намалување на земјоделското земјиште е предлог измените во Законот за земјоделско земјиште. Позначвачите се сомневаат дека под притиоск на финансиските моќници се подготвуа терен за поставување централи од сончеви панели и тоа на најплодното змејиште. Во сегашната верзија на законот тоа не е можно, иако се наоѓаат „паметни“ да најдат дупки во него, па така на многу места можат да се видат панели на плодновот земјиште во низината, наместо на околните ридови. Трката по пари е безмилосна, себичноста е наша национална карактеристика под покровителство и пример на сите владејачки бирократии што го профилираа македонскиот бизнис.

Експертите за храна велат дека ако поминат измените на Законот, Македонија ќе стане уште поголем увозник на храна, а со тоа и увозот на инфлацијата ќе се зголеми, односно на цените во малопродажбата и на стандардот на граѓаните, кој и така е на најдолните граници на издржливоста, ќе падне „под нулата“.
Министерството за зејоделство информира дека „Единствен исклучок со овие предложени измени во делот на земјиштата од прва и втора категорија е изградбата на енергетски капацитети кои се предмет на стратешки инвестиции и не претставуваат никаква закана за земјоделското земјиште. Пренамена може да се додели ако се процени дека проекот има карактер од стратешки интерес и за да се добие позитивно мислење мора да се исполант некои услови на претпазивост.
Но, земјодлеците и невладините организации велат дека токму во одредувањето на стратешкиот инвеситор, за кој одлучува владата, лежи замката во однос на губењето на земјоделските површини. Кој е тој што ќе одлучува за издавање градежна дозвола за соларните централи.
Стратешките инвеститори се залагаат за донесување на овој закон. Ним им одговра и не им е гајле за потребите на домашното населени. Тие се подготвени да лобираат, а тоа е синоним за корупција. Такви примери им се многу познати на граѓаните. За плодна земја се водат војни и големи преселби на народите. Ние од сопственици на плодна земја стануваме номади во потрага по иста таква.
Земјоделските стручњаци велат дека уште од почетокот на влијанието на климатските промени, земојоделското земјиште ги губи своите квалитетни карактеристики, однсоно преминува во подолните категории, се деградира со што се намалуваат приносите на храна, се загрозува егзистенцијата на земјоделците кои се повеќе го напуштаат земјоделието како животна дејност и определба.
Ако едно време бевме целосно самодоволни во производството на храна, денес сме многу подалеку од таа самодоволност. И покрај сите мерки во земјоделството изминативе години, имаме постојан пад во производството. Можеби имаме делумно покачување во приносите, кое на глобално ниво изнесува 10% на десет години како резултат на технолошкиот развој, меѓутоа поради намалувањето на површините што се обработуваат, вкупната продукција ни опаѓа и тоа прави да бидеме сè позависни од увозот на храна.
Значи, како и секоја мерка, треба да се предвиди и да се спроведе од коренот, од таму кај што почнува матната, а не да се фалиме со палијативни решенија, кои секогаш ни се удираат од глава, а ние многу лесно ја примаме политичката пропаганда и фалба.