Најголемата амбиција доаѓа од коалицијата Кина-Русија, односно од проширената „формација“ на земји таканаречена „БРИКС“, кратенка од првите букви на Бразил, Русија, Иран, Кина и Јужноафриканската Република, земји во развој, однонсно земји со многу помал општ економски стандард во споредба со високоразвиената Америка.

Тридневниот самит на БРИКС се оддржа од 22 – 25 август во Јоханесбург. Домаќин беше јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса. Во Јоханесбург пристигнаа кинескиот претседател Си Џинпинг, индискиот премиер Нарендра Моди, шефот на бразилската држава Луис Инасио Лула да Силва и околу 50 други лидери. Рускиот претседател Владимир Путин учествувше преку видео врска, а земјата во Јоханесбург ја претставуваше министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Членките на БРИКС претставуваат четвртина од светската економија, а во пресрет на нивниот тридневен самит во Јоханесбург, интересот за приклучување порасна и од страна на други земји.

Министерот за меѓународни односи и соработка на ЈАР, Наледи Пандор, најави дека една од главните теми на самитот ќе биде проширувањето, а на средбата беа  поканети претставници од повеќе од 60 земји. Јужноафриканскиот дипломат Анил Суклала, според западните медиуми, изјави дека повеќе од 40 земји изразиле желба да се приклучат на економскиот блок БРИКС, од кои 22 формално, додека останатите покажале неформален интерес. Од сите тие се спомнуваат Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Аргентина, Алжир, Боливија, Индонезија, Египет, Етиопија и други.

Централно место во привлечноста на групацијата е нејзината растечка економска тежина. Петте земји на БРИКС сега имаат комбиниран бруто домашен производ (БДП) поголем од оној на Г7 во однос на паритетот на куповната моќ. Номинално, земјите од БРИКС прават 26% од глобалниот БДП. И покрај тоа, тие добиваат само 15% од гласачката моќ во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).  

На 15-от самит присуствуваше и генералниот секретар на Обединети нации (ОН) Антонио Гутереш.

Блокот формиран во 2009 година со Бразил, Русија, Индија и Кина, ја доби својата конечна форма во 2010 година со вклучувањето на ЈАР. Државите во блокот исто така контролираат 18 отсто од светската трговија и 22 отсто од глобалните странски инвестиции.

Сегашните земји-членки покриваат 26,7 отсто од светската површина, со 3,2 милијарди луѓе (41 процент од глобалното население).

Новата развојна банка (НДБ), претходно позната како Банка за развој на БРИКС, е основана во 2015 година како глобална алтернатива на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

Со седиште во Шангај, Кина, НДБ започна со капитал од 100 милијарди долари и оттогаш има финансирано 98 проекти во вкупна вредност од 32,4 милијарди долари, со проценета корист од 280 милиони луѓе.

Со вклучувањето на Бангладеш, Египет, ОАЕ и Уругвај во 2021 година, членството на банката достигна девет земји. Во иднина се очекува да се приклучат нови членки, како Саудиска Арабија и Алжир, наведува агенцијата Анадолија.

На 15. самит на БРИКС во Јоханезбург, главната расправа се водеше околу проширувањето на членството со шест нови членки и за натамошната дедоларизација, односно за зголемување на трговијата со локални валути.

Идејата на „дедоларизација“ стана актуелна на инсистирање на Русија, која е суспендирана од меѓународниот платен систем поради агресијата врз  Украина и бара начин како да ги заобиколи санкциите што и’ ги воведе  Западот.

Сепак, Валутата на БРИКС не беше на дневен ред на самитот, затоа што е во фаза на разгледување.

Во усвоената декларација во врска со тоа, е рчено дека лидерите на БРИКС се залагаат „за користење на националните валути во меѓународната трговија и во финансиските операции“. Исто така, министрите за  финансии на БРИКС најавија основање група до следниот  самит во Казан, која ќе ги разгледа „прашањата за  формирање алтернативен платен систем”.

Проблеми со алтернативата за доларот

Досегашните предложени алтернативи, како можна замена за доларот, имаат свои проблеми:

Идејата за БРИКС-валута прв ја лансира рускиот претседател Путин минатата година, но на годинешниов  самит рече дека прашањето на единствената валута на БРИКС е комплексно, но дека „членките се движат во тој правец“. Структурните проблеми во земјите на БРИКС и нивната хетерогеност, недостатокот на цврсти централни банки и монетарната политика, го прават тешко изводливо  создавањето заедничка валута, (еден поранешен руски  предлог гласеше - новата валута да се вика „Р-пет”, затоа што сите валути на БРИКС почнуваат на буквата Р ‒ реал, рубља, рупија, ренминби и ранд). БРИКС е конгломерат на разнородни држави и во политичка и во економска смисла, за чие поцврсто поврзување ќе бде потребно многу време и компромиси. Разликите во нивото на развој и стабилноста на овие земји значително го отежнуваат нивното  институционално поврзување. Тоа се земји со многу  различни економии, што би го отежнало, а можеби и би го оневозможило користењето на една валута. Прашање е и дали и сегашните и идните чланки на БРИКС би биле подготвени за воведување наднационална централна банка (како Европската централна банка - ЕЦБ), која би управувала со таа заедничка валута, што би значело и откажување од националниот суверенитет. Развојната банка на БРИКС не е и не може да биде централна банка која креира заедничка валута, туку само финансира развојни проекти на земјите на овој блок.

За БРИКС да создаде нова валута, која во иднина можеби би му прарирала на доларот, потребно е нивните економии и  валути да се доволно јаки. Валутите на земјите на БРИКС се слаби и неважни на глобално ниво, освен кинескиот јуан.

 Корпа на валутите на овие земји

БРИКС, меѓу другото, го разгледува прашањето за можно создавање меѓународна резервна валута на база на корпа на валутите на овие земји со покритие со злато. Потребата  за нова глобална валута, преку која земјите на БРИКС би тргувале би се базирала на националните резерви и на придонесот во глобалнот БДП на членките на блокот.

За идната валута на БРИКС да биде стабилна, потребни се, пред се, сигурност, ликвидност и принос, а за овие  параметри потребен е висок кредитен рејтинг, што членките на БРИКС го немаат.

Еврото

Еврото е втора најкористена резервна валута на која  отпаѓа околу 20 насто од глобалните девизни резерви. ЕУ им парира на САД по економската величина, извезува повеќе и може да се пофали со една централна банка и со силни финансиски пазари, фактори кои нејзината валута ја прават одржлива спрема доларот.

Јуанот

Кина се обидува да ја зајакне глобалната улога на јуанот  од почетокот на овој милениум. Во моментов има мал процент на глобалните резерви, но Кина се’ повеќе се обидува да го користи јуанот во билатералната трговија, особено по почетокот на војната во Украина. Меѓутоа,  кинеските креатори на економската политика се внимателни. Поуките доаѓаат од други валути које се имаат  брзо интернационализирано и ја имаат изгубено строгата  контрола врз тековите на парите. Кина нема намера или капацитет да го „турне“ доларот и прашање е дали би била подготвена јуанот да стане нова светска резервна валута, зашто тоа би значело одреден губитак на контролата над сопствената монета.

Имајќи ги предвид потенцијалните тешкотии околу  формирањето на БРИКС-валутата, ограничената  привлачност на еврото, недоволниот капацитет на јуанот, неможноста за поширока употреба на СПВ (интерната валута на ММФ) и егзибиционизмот на криптовалутите, доларот, иако ослабен, ќе остане важно глобално средство за плаќање. Некои економисти прогнозираат дека улогата на доларот постепено ќе се намалува и ќе остане као валута на колективниот Запад во процесот со униполарниот кон  мултиполарниот поредок и намалување на улогата на  западните валути, а кон остатокот на светот и на глобалниот Југ ќе јакне диверзификацијата на регионалнте  валути, односно се поголемата употреба на националните  валути како средства за плаќање и за пресметка меѓу поедини земји.