Проектот „Паметни дентални ентитети“ за масовна дигитализација на денталниот сектор на Комората на приватно здравство при Сојузот на стопански комори на Македонија е прогласен за најдобар проект на 21 век во регионот на престижната меѓународната манифестација „Најуспешна жена и најуспешен маж на 21 век“ . 

Претседателката на Комората за приватно здравство и потпретседател на Сојузот, д-р Тања Дејаноска која е коавтор на проектот е добитник на Награда за значајни дентални услуги и посветеност на развој на вештачката интелигенција во стоматологијата, додека Татјана Велиновска Димовска исто така коавтор на проектот се закити со признание за најдобар лидер за претприемничка креативност во денталниот сектор.

Стоматолошкиот сектор во нашата земја има голем потенцијал за развој и напредок, а во текот на својот историски развој бележи период на сериозни достигнувања, што може да биде повторно постигнато со забрзана имплементација на дигиталните решенија. Во последните години дигитализацијата го менува светот и сериозно навлезе во сите дентални сегменти.

„Дигиталниот начин на работа допринесе она што претходно се работеше мануелно или аналогно, денес да се работи многу поедноставно, побрзо, поекономично, попрецизно и со однапред предвидлив резултат. Тоа ќе придонесе за зголемување на бизнис можностите, раст, развој и експанзија на денталните ентитети. Во 90-тите години на минатиот век стоматологијата во нашата земја беше препознатлива по иновативен пристап и примена на најсовремени технологии, техники и материјали. Со забрзување на процесот на дигитализација сакаме да го вратиме стариот сјај на секторот и да ја позиционираме Македонија на светската дентална дигитална мапа“, истакна д-р Тања Дејаноска, претседател на Комората на приватно здравство.

Д-р Тања Дејаноска е и основач и сопственик на стоматолошка ординација Dental International и компанијата „Дентал Травел“. Дејаноска е специјалист по стоматолошка протетика и доктор на науки во истата област со објавени повеќе трудови во домашни и меѓународни стручни списанија. Во своето работење секогаш се трудела да ги следи најновите современи трендови во стоматологијата и да биде пионер во нивната имплементација. Денес во Dеntal International се применува целосно дигитален начин на работа, согласно последните светски трендови. Приватниот бизнис покрај тоа што нуди голема независност, овозможува и неограничени можности на креативност. 

Д-р Тања Дејаноска е специјалист по стоматолошка протетика и доктор на науки во истата област со објавени повеќе трудови во домашни и меѓународни стручни списанија. Во своето работење секогаш се трудела да ги следи најновите современи трендови во стоматологијата и да биде пионер во нивната имплементација. Денес во Dеntal International се применува целосно дигитален начин на работа, согласно последните светски трендови. Приватниот бизнис покрај тоа што нуди голема независност, овозможува и неограничени можности на креативност. 

Д-р Дејаноска е претседател на Комора на приватно здравство, комора која ги штити бизнис интересите на приватните здравствени установи. Таа е проект координатор на Концептот за масовна дигитализација на денталниот сектор во Македонија. Исто така е и член е и на управениот одбор во Фонд за здравствено осигурување на Македонија. Таа е голем поддржувач на женското претприемништво и борец за правата на жените. Основач е на Групацијата на жени-претприемачи и член на Здружението на бизнис жени. Во 2013 година е избрана за жена менаџер на годината.