
Зимата доаѓа. Се приближува периодот на загаденост на воздухот, по што Македонија, особено Скопје, е на врвот на листата најзагадени градови во светот, од што годишно умираат неверојатни 2000 граѓани на оваа мала земја, чии раководители не знаат да ги решат проблемите.
И покрај сите јавни расправи и енергетска регулатива, Македонија го нема намалено загадувањето. Еден од начините за заштеда и намалување на трошоцита за енергенсите, а со тоа и за намалување на загадувањето е почитувањето на градбата на зградите и куќите според принципите на енергетската ефикансот.
Цената на енергенсите за оддржување стабилана и комотна темература во домовите, во јавните установи и во фабричките хали, во денешно време ја формира крајната вредност на објектот.
Значи, добро изолираниот објект има поголема пазарна цена и повисоко ниво на комфор за живеење.
Употребата на соодветна изолација може да ја намали потрошувачката на енергија и за повеќе од 50%, тврдат стручњаците. Тоа значи милиони тони штетни гасови и честички помалку во воздухот што секојдневно го дишеме.
Како доказ дека еден објект ги задоволува критириумите за трошење „разумни“ количини енергија и помалку го загадува воздухот, државата воеде таканаречен „енегетски пасош“. Тоа е документ кој содржи податоци за енергетските карактеристики на зградата и препораки за зголемување на енергетската ефикасност. Воведувањето на градежните енергетски пасоши во нашето законодавство е еден од последните чекори во приближувањето кон ЕУ и кон нејзината директива за енергетските карактеристики на зградите воопшто.
Главната цел на пасошот е да покаже конкретни информации за енергетската ефикасност на одредена зграда, вклучувајќи податоци за очекуваните трошоци за енергија и исплатливи инвестиции кои би можеле да ја подобрат енергетската ефикасност на зградата и нејзините внатрешни системи.
Ако некој е заинтересиран за купување имот, таквите информации се неопходни, бидејќи енергетски неефикасен објект ќе бара или темелно реновирање или многу високи трошоци, што секако ќе влијае на одлуката на купувачот, исто како и на куповната цена.
Европската унија почна посериозно да ја регулира оваа материја во 2002 година. Од 2015 год, откако стапи на сила Закон за енергетика, односно Правилникот за енергетски карактеристики на згради, и кај нас почна да се работи на подигање на свеста за заштита на животната средина и намалување на емисија на СО2. Во 2019 год се направи Стратегија за намалување на загадувањето од домаќинствата со изградба на енергетски ефикасни објекти која се темели на неколку фактори.
Стратегијата предлага да се намалат комуналиите што ги плаќаат инвеститорите, а за разликата во цената да се обврзат да финансираат енергетски ефикасни објекти.
Енергетскиот пасош е со важност од десет години, ако не се направат значителни промени во објектот што би влијаеле на потрошувачката на енергија.
Вршење на енергетска контрола и издавање енергетски пасош може да се направи од страна на трговец-поединец или правно лице кое поседува лиценца за вршење на енергетска контрола. Во Македонија постои и активно работи Здружение на лиценцирани енергетски контролори- ЗЛЕК.
На домашен план, владата во 2019 година ја усвои Стратегијата за развој на енергетиката во Македонија до 2040 година. Стратегијата обезбедува платформа за целокупната модернизација и трансформација на енергетскиот сектор во согласност со енергетските трендови на ЕУ, придонесувајќи за зголемен пристап, интеграција и достапност на енергетските услуги, намалување на локалното и на глобалното загадување, и зголемено учество на приватниот сектор, имајќи ги предвид развојниот потенцијал на Македонија и домашните специфики.
Според извештаите од ЕБОР, нашите граѓани имаат искористено најголем дел од средствата 35% од овие кредитни линии или 6.8 милиони евра, во ооднос на останатите земји од регионот, а претпријатијата имаат искористеност од 11.8 милиони евра или 14%. До крајот на 2020 година имаше околу 1.670 проверени проекти од сите партнерски комерцијални банки во Македонија, со над 12 мил. евра реализирани. Просечната сума на кредитната линија беше околу 7.200 EUR.
Резултатите покажуваат дека со примената на овие мерки кај домаќинствата се постигнати најголеми заштеди во потрошувачката на финална енергија при затоплување на становите, потоа следат заштедите во подготовка на топла вода и сосема мал дел е за ладење.
Заокружувањето на правната рамка за енергетска ефикасност е направено на почетокот од 2020 година кога беше донесен Законот за енергетска ефикасност.
На купувачите треба да им биде даден на увид сертификатот за енергетски карактеристики на зградата, пред ставањето во употреба на зградата. Затоа, Законот ги обврзува инвеститорите кон барањето за издавање на одобрение за градење на нови згради или при значителна реконструкција на постојни згради, како составен дел на основниот проект да приложат потврда за усогласеност на енергетските карактеристики на зградата. И уште повеќе, одобрение за градење не може да се издаде без поднесена потврда за усогласеност. Потврдата за усогласеност ја издава носител на лиценца за вршење на енергетска контрола на згради.
Но, во Македонија не постои единствена база на податоци за јавните згради која би ги вклучила нивните енергетски карактеристики, во однос на потрошувачка на електрична и топлинска енергија. Всушност, додека не се подготви таков регистар, нема да имаме податоци кои згради се во најлоша состојба во однос на енергетските карактеристики.
Во Македонија, особено во Скопје, се гради со метеорска брзина, а купувачите се жалат на квалитетот и сметаат дека тој не е еквивалентен на парите што ги платиле за тој стан. Трошоците за загревање ја дигаат цената на основната потрошувачка кошничка.
Дали критириумите за градење по принципите на енергетската ефикасност се напуштени, или се плаќа за сертификатот, без направена соодветка контрола од лиценцираните проценители? Можеби и веќе нема стручен кадар да го направи тоа и покрај тоа што некои комори организира добивање странски сертификати за енергетски инженери. Енергетскиот пасош веќе не се ни спомнува во понудите на градежните фирми чија цел е да грабнат што поатрактивна локација во центарот на градот во соработка со општинските бирократи, што е јавна тајна.