Тешката економска ситуација, за која некои аналитиари  тврдат дека е безизлезна, наведува на прашањето – како ќе се излезе од неа и дали воопшто има можност за тоа. Некои предлагаат вклучување на меѓународен фискален борд, што би значело странски стручњаци да влезат во нашите институции и да ја преземат контролата врз плаќањата и долговите на државата, односно на јавниот и на притатниот долг кон странство, се разбира и на побарувањата, да работат на ниво расчистување, да ги средат долговите на јавните претпријатија кон буџетот и кон двата суштински фонда - здравственио и пензискиот, да ги земат сметките и финансиските трансакции во свои раце, па така да ја оправат оваа наша крајно уништена економија, чиј „епитет“ го вадиме од фактите за намалената наплата на ДДВто од 470 милиони евра, дупката во пензискиот фонд, иселувањето, згаснувањето на фирмите поради финансиски тешкотии, утепаното земјоделство и сите знаеме што  сe’ спаѓа понатау, можеме да речеме дека ниедна стопанска гранка не може да се пофали со некој успех или дека добро стои финансиски. Но, доаѓањето на странски валутен борд не би можело да се оствар. Односно, ниедна власт нема да признае дека води лоша фискална политика, а веројатно нема законска основа за спроведување на таа мерка која е крајно потребна во сегашниве услови на банкротирана држава. Единствена можност останува проширувањето на соработката со Маѓународниот монератен фонд (ММФ).

Македонската држава, со водењето на економијата има проблем од почетоткот на своето осамостојувањсе, што укажува дека економијата е лизгав терен, многу сложен и дека за да се води исправно и нагоре, треба големи вештини и знаење.

Осамостојувањето на Македонија во 1991 година беше проследено со длабока економска криза, типична за постсоцијалистичките држави од Источна и Југоисточна Европа. Распадот на заедничкиот југословенски пазар, губењето на традиционалните трговски врски, санкциите кон Сојузна Република Југославија и грчкото ембарго предизвикаа економска нестабилност, криминал со транспортот, пад на производството, раст на невработеноста и инфлација. Во тие услови, соработката со ММФ стана клучен фактор во процесот на макроекономска стабилизација и транзиција кон пазарна економија.

ММФ претставува централна институција на глобалниот финансиски систем, чија примарна мисија е одржување на макроекономската стабилност, стабилни валути и фискална дисциплина. Во транзициските економии, особено во 1990-тите, ММФ настапуваше како носител на т.н. „Вашингтонски консензус“, кој вклучуваше либерализација на цените, фискална рестрикција, приватизација и отвореност кон странски капитал.

Теоретски, овие мерки се засноваат на неолибералната економска мисла, според која стабилните макроекономски параметри се услов за економски раст. Критичките економски школи, пак, укажуваат дека ваквиот пристап често го занемарува социјалниот контекст, институционалната слабост и потребата од активна развојна политика.

Историски развој на односите меѓу Македонија и ММФ

Раната фаза (1992–1995): стабилизација

Македонија стана членка на ММФ во 1992 година. Во првите години од соработката, главниот фокус беше ставен на стабилизација на монетарниот систем и сузбивање на инфлацијата. Со поддршка на ММФ, беше воведена строга монетарна политика и фиксен девизен курс на денарот, што придонесе за релативно брза стабилизација на цените.

Оваа фаза често се оценува како успешна, бидејќи Македонија избегна хиперинфлација каква што доживеаја некои други земји од регионот. ММФ во  тој период имаше улога на „економски архитект“, поставувајќи ги темелите на фискалната и монетарната политика.

Средна фаза (1995–2005): реформи и кризи

Во втората половина на 1990-тите, соработката со ММФ се продлабочи преку аранжмани насочени кон структурни реформи. Акцентот беше ставен на приватизацијата, банкарските реформи и намалувањето на улогата на државата во економијата. Иако овие мерки ја зголемија ефикасноста на одредени сектори, тие истовремено доведоа до раст на невработеноста и социјална несигурност.

По конфликтот во 2001 година, ММФ одигра значајна улога во стабилизирањето на јавните финансии и враќањето на довербата кај меѓународните инвеститори. Во овој период, ММФ не беше само кредитор, туку и важен сигнал за политичка и економска стабилност.

Зрела фаза (2006–2019): надзор без директно финансирање

Од 2006 година па наваму, Македонија немаше континуиран кредитен аранжман со ММФ, но соработката продолжи преку редовни консултации. Овој период се карактеризира со поголема автономија на економската политика, но и со постојани предупредувања од ММФ за растот на јавниот долг и фискалните ризици.

Ковид-криза (2020): враќање на ММФ како кризен актер

Пандемијата на КОВИД-19 ја врати директната финансиска улога на ММФ преку Инструментот за брзо финансирање. Оваа интервенција беше релативно флексибилна и покажа еволуција во пристапот на ММФ, кој дозволи поголема јавна потрошувачка во услови на глобална криза.

Од десно-економска перспектива, улогата на ММФ во Македонија се оценува како позитивна. Земјата успеа да одржи стабилна валута, релативно ниска инфлација и контролиран буџетски дефицит. Во споредба со други транзициски економии, Македонија избегна драматични финансиски колапси.

Од лево и развојно гледиште, резултатите се помалку импресивни. И покрај стабилноста, Македонија остана земја со низок економски раст, висока невработеност (особено во раните фази) и слаба индустриска база. Препораките и политиката на ММФ беа фокусирани на тоа „што да не се прави“ (да не се троши, да не се задолжува), но не и на „што да се гради“.

Отука, може да се заклучи дека ММФ беше успешен во спречување на кризи, но недоволен како поттикнувач на долгорочен развој.

ММФ и европските интеграции

Соработката со ММФ одигра значајна улога во приближувањето на Македонија кон Европската унија. Фискалната дисциплина, независната централна банка и стабилната валута се клучни критериуми и за ЕУ. Во тој контекст, ММФ делуваше како „технички подготвувач“ на земјата за европските стандарди.

Сепак, постои и одреден парадокс: ЕУ, за разлика од ММФ, дозволува и охрабрува активна улога на државата преку јавни инвестиции, структурни и кохезивни фондови. Мерките на ММФ, особено во раните фази, често беа порестриктивни од оние што би ги применувала самата ЕУ.

Во актуалниов крајно тежок економски период, со предвидениот огромен буџет за 2026 година од речиси 7 милијарди евра, најмногу за алиментирање на административната партиска војска, со предвиден буџетски дефицит од 3,5% од планираниот БДП, кој сигурно ќе ја надмине оваа бројка поради слабите приливи во буџетот, Македонија мора да се врати на почетничките релации со ММФ и со тоа да признае дека нејзината самостојна економска политика не мрднала ни за еден процент во развојот. Сите показатели за нејзиниот раст на БДП се движат во просек од 2-3 проценти, што никогаш ја немаат надминато годиншната инфлација, па со тоа ни растот не е   раст, туку е назадување. Од осамостојувањето до ден-денешен, Македонија го нема достигнато економското ниво од 90 тите години во индустрисото производство, во земјодлеството, во еренгетиката и во сите други економски гранки, што значи дека во деведесетитие години сме живееле многу подобро, иако беа кризни и воени во соседството.

Клучниот проблем за Македонија не е дали да соработува со ММФ, туку како таа соработка да се надополни со активна национална развојна стратегија, усогласена со европскиот модел на економска конвергенција. Само така, стабилноста може да стане средство, а не цел сама по себе.