Иако екологизмот во Македонија има релативно долга традиција, никогаш на тој активизам не му се обрнувало некое поголемо внимание. Еколошките невладини организации се доживуаа како пејачки друштва, а луѓето беа напред со времето и на сите нам ни’ укажуваа на тешките последици од загрозувањето на природата, со разни нечовечки активности, како фрлање отпад, загадување на реките, езерата, шумите, уништување на животинските видови ит.

Иако постојат и постоеја неколку силни невладини организации, ретко кога, или никогаш, нивите заблешки, сугестии и укажувања институциите ги немаат земено како значајни и применливи. Најдрастичен пример е борбата на активистите за заштита на Охридското Езеро. Дури, слободно можеме да речеме дека Министерството за животна средина е фомрирано меѓу последните министерства, повеќе од партиски потреби, кое се гледа дека нема некое влијание, иако можби има некоја програма усогласена со законите на ЕУ. Земјодлската политика исто така се покажа како неефикасна и покрај сите субвенции. Сведоци сме на секојдневни протести на зејодлеците за цената на откупот, на се помалата домашна земјоделска понуда на пазарот и на се повисоките цени. Надлежните органи кои треба(ше) да мислат на време на задоволувањето на прехранбените потреби на македонското население со производи од домашно производство, сега вртат глава и се правдаат дека „македонската економија е отворена“. Со тоа му даваат легитимитет на уништувањето на домашното земјодлество и амин на увозот од други држави на земјодлески производи со непроверен квалитет и, што е најважно, со цени по кои граѓаните не можат да ги купат, или купуват по три-четири домати во сред лето. Порано, скопскиот „јабучар“, пресладок, „го јадеа свињите“ од толку што го имаше, а ние децата го јадевме и како јаболко.   

Никој, од сите стручњаци, не можеше да сфати дека климатските промени настапуваат многу побргу отколку што се очекуваше, па да ја доведат Македонија до извозна земјоделска земја, а не увозна, а увозна значи и зависна.    

Планетата се движи кон опасната граница на загревање од 1,5 степен целзиусов што ќе го достигне за 10-тина години.

Растот на температурата од 2 степена ќе им донесе на потрошувачите и одгледувачите на пченица многу нагли скокови на цената. Пченицата е главно житно растение во светот и претставува извор на 20 проценти на белковините и калориите во исхраната на преку 3,5 милијарди луѓе ширум светот.

Во 2016 година е потпишан Парискиот договор за климата, со намера просечниот годишен раста на температурта да се запре на под 2 степена. Но, научниците веруваат дека дури и оваа цел да биде остварена, глобалното загревање ќе се одрази на приносите и на цената на пченицата во скорашна иднина.

Ова е шанса за македонските земјодлески власти уште веднаш да помогнат во планирањето на посевите со пченица, да помогнат во информирањето за ползата од  сеење што поголеми површини со пченица, со можност  достигнување толкави приноси – да има за извоз. Ова не е пуста желба. Да се потсетиме дека Македонија во поранешна Југославија беше втората житница, по Војводина.

И воопшто, цената на храната во Македонија, која е земјоделска земја, е несфатливо висока. Како се случи да дојде до тоа и дали може да се врати работата на некој прифатлив минимум? Климатските промени дополнително ја отежнуваат ситуацијата со одземање на површината и нејзината плодност и, се разбира, тоа уште повеќе влијае на цената. Затоа, за да се заштити и така малиот нискиот стандард на населението и да се запре продлабочувањето на сиромаштијата, да се постигне прехранбена независност и од стратешки причини, мора да се дејствува брзо и ефикасно.

Македонското земјоделство е запуштено со децении, па и со векови, а аграрната политика во поновата историја никогаш не ја карактеризирал современ и модерен пристап и концепција. Родните површини се обраснати, земјоделците одамна се индустриски работници, многумина без работа, ама никој не се враќа за да се занимава со селска работа. Сити се жалат од високите цени на зелените пазари, а никој не сади ништо.

Околу 25% од територијата на Македонија е обработливо земјиште, што е за секоја земја голем процент. Но, има еден голем парадокс: има 615 илјади хектари активни што се обработуваат, ама поради малите инвестиции и заостанатиот начин на обработка не даваат толку приноси колку што треба. Во Португалија на пример од еден хектар се добиваат 10-12 тони пченица, а македонските производители вадат по 2,5 до 3 тони. Има уште 250 илјади хектари оставени, што не се работат  и обраснати од дива трева. Особено тоа се примери во регионите во кои иселувањето е големо. Овие површини, ако се стават во „функција“, вкупното обработливо земјиште би изнсувало околу 900 илјади хектари од кои може да се вади храна со која можеме да ја нахраниме не само Македонија, туку  уште два пати по толку население. Значи, некој треба овие родни површини да ги активира, да ги стави во функција со крајна цел зголемување на производството и поевтинување на храната. Тие реформи ќе станат видливи тогаш кога државата ќе му гарантира на земјоделецот дека од земјоделието може барем пристојно, дури и комотно да се живее, односно тој само да произведува и да не бере гајле дека нема да го продаде производството. 

Деновиве земјодлеските власти пак ги замрзнуваат цените, ги огараничуваат маржите, се пењават во објаснувањето на причините за високите цени, но сето тоа е обратно од логиката на системот. Требаше на време да се мисли! Тогаш немаше трговците, прекупците и шпекулантите да набиваат маража од 200 – 250 проценти! Останува утехата дека „никогаш не е доцна“, но дали ќе го дочекаме тоа време е големо прашање.