
По една година од почетокот на војната во Украина, норамлно е да се направи проценка на штетите или на последиците од агресијата што ја осуди целиот свет. И најголемиот лаик со голо око може слободно да констатира дека материјалните загуби се огромни, но пред се ненадоместлива загуба се животитие на возрасните и на децата во тие бесмислени акции, што сигурно можеа да се избегнат ако војната се водеше на маса, а не на бојното поле. Една стара антивоена поговорка вели: „Подобро 100 години преговори, отколку еден ден војна.“
Пробелмот е во тоа што од оваа војна, иако личи на локална, доби димензии на глобална, настрада целиот свет, поради нарушувањето на воспоставенот ред на снабдување со одредени стоки, пореметување на патиштата за достава, пореметување на прозиводството поради меѓусебната зависност од материјали, медијари и готови прозводи. Да, светот ќе најде други патишта, но за тоа ќе се потрошат многу пари, ќе помине време, а стандардот на граѓаните, особено на тие што живеат во земјите со послаба економја, ќе паѓа, ќе го јаде огромната инфлација што го погоди целиот свет. Се зголеми неизвесноста, пораснаа цените на сите артикли што ги извезува Русија на светскиот пазар. Русија е извозник на многу медијари за земоделството: ѓубрива, енергенси, потоа на метали (железото на пазарот е двојно поскапено, ако не и тројно) и на други компоненти кои се важни како инпут во производството и нормалното функционирање на светската економија.
Санкциите кон Русија
Европа и Америка на Русија и воведоа 10 пакети економски санкции, но факт е дека руската економија не потклекна така брзо, како што се очекуваше во западниот свет. Прогнозите на ММФ за минатата година беа дека, по воведувањето на санкциите, руската економија ќе доживее пад, дури и слом, дека ќе изгуби 20% од својот БДП, но таа доживеа значително помал пад, што не е безначаен. Русија минатата година изгуби 2,5% од БДП, но беше предвиден раст од 5,5%, па збирот на овие бројки изнесува 8%, што е голема загуба, особено за економија од тој тип. Руската економија може да се пофали со ниската задолженост. Јавниот долг е само 17% од БДП. Таа е една од најмалку задолжените економии во светот. Падот на руската економија ќе беше многу поголем ако соседот Кина, во интерес на својот развој и за инает на Америка, поради Тајванското прашање, не и подаде рака и не ги откупува руските енергенси, можеби не со пари, туку со високософистицирана електронска опрема, како чипови за секаква употреба, од кои Русија е зависна поради тоа што во ИТ индустријата значително заостанува зад азиските земји, зад Америка и зад Европа.
Овде можеме да констатираме дека Русија нема речиси ниеден производ со додадена вредност на европскиот пазар освен „Ладата“, возило за кое можеме да речеме дека е наменско, а не луксузо, со издржливост, но не и со некои посовмремени перформанси. На европскиот пазар како и на нашиот, нема ниеден производ за широка потрошувачака, ниеден алат, машина за домашна употреба, да не зборуваме за облека, мода, итн. Значи својот БДП, својот суфицит во трговската размена и курсот на рубљата можеме слободно да речеме дека Русија го остврува од извоз на суровини или медијари, а не и со извоз на производи со додадена вредност и конкурантни со производство на развиениот запад.
Дали Европа ќе избегне рецесија оваа година?
Поради ова, економиститие се прашуваат дали може Европската унија да избегне рецесија оваа година, со оглед на зависноста од суровините што потекнуваат од Русија. Инфлацијата во ЕУ значително е зголемена, но во овој дел од годината, според неколку централни банки, ситуацијата се смирува, една година од почетното зголемување на цените, односно од поетокот на руската агресија врз Украина. Всушност од оваа криза најмногу е погодена Европа. Во спопредба со американската економија - може да се рече дека американската економија се покажа способна да ги поднесе тешкотиите што ги наметна глобалниот застој на трговијата. Американската економија е самодоволна: има големи производствени потенцијали и капацитети, но има и голем пазар, голема потрошувачка/побарувачка од страна на сопствените граѓани со висок животен стандард. Европа е прилично зависна од увоз на репроматеријали и на храна. Некои велат дека Стариот Континент е најранливиот дел во овој дел на светот во овој момент.
Кина оживува по долгиот пандемиски „лок даун“ и почнува да увезува повеќе и репроматеријали и енергија што може да биде додатен „стимул“ за пораст на цените во наредниот период. Втора опасност за животот, е порценката на стручњаците за земјоделство дека светот се наоѓа пред една нова лоша земјоделска сезона. Првин, поради изменетитие услови што ги предизикуваат климатските промени. Второ, поради тоа што се предвудува недостиг на вештачки ѓубрива од Русија. Количеството храна, како основна компонента на животот, ќе биде намалено и поскапено. Заначи, инфлацијата и годинава ќе биде висока, или нема да се симне во очекуваните гранци, можеби ќе престане да расте.
Македонија и храната
Македонија е дел од регионот со назаден земјоделски систем, со застарена економска политика која во 21 век не му обезбеди доволно храна за целото население, иако сите стручни проценки докажуваат дека има можности за тоа: плодна земја, доволно вода, сонце и 4 годишни времиња. Најголемиот дел и на увозот и на извозот е врзан за пазарот на Европската унија, така што, како и регионот, ја делиме судбината на Европа. Економиите на земјите, како Германија, Австрија, Италија оваа година нема да забележат динамична економска активност, па така нема да повлечат толку побарувачка за стоките што се произведуваат кај нас. Затоа, најлесно и најбрзо што ни стои на раполагање е проширување на соработката со земјите од регионот, слични по нашите работни, бизнис-навики, менталитетот и говорот, особено во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ во рамките на која се намалуваат аминистративните бариери за размена.
Сепак, по прашањето за глобалната економија, стручњаците се оптимисти дека оваа година нема да дојде до глобална, светска рецесија. Се предвидува просекот да го извлече растот на економиите на Индија, Кина и Кореја, што би требало да повлечат и голем дел од остатокот на светот.
За европските змеји пак за кои ние сме врзани, проценката на ММФ се дека се очекува рецесија и во Обединетото кралство и во Германија.