
Чудни се патиштата Господови! А, некои приказни траат вечно. Тие се без рок на траење. Таква е приказната за рок-пионерите „Црни бисери“, еден од првите рок-состави на просторот на поранешна Југославија, кои беа посебно активни во ’60-те години на минатиот век.
За значајот, големината и важноста на „Црни бисери“ сега зборува и импресивна Greatest Hits Collection, која неодамна излезе под налепница на „Југотон – Croatia Records“. Дури 23 чита од севкупната кариера на овој состав, на кој и тоа како се сеќаваат рок-ветераните од Вардар до Триглав…
Вокално-инструменталниот ансамбл „Црни бисери“ е формиран во 1963 година во белградската населба Врачар, веднаш по формирањето на групата „Златни дечаци“. Како група, тие свиреа поразлична музика, па со името на групата, сакаа да ги известат сите, особено соседната група – групата од соседството – „Златни дечаци“.
Групата беше именувана според насловот на познат филм од педесеттите години – „Црни бисери“ – филм за млади деликвенти. Веднаш по основањето, тие свиреа beat, а подоцна се префрлија нa ритам и блуз
Тие започнаа во салата на месна заедница, каде што настапуваа во среда, сабота и недела. Подоцна, настапија во белградскиот Дом омладине, а на летна турнеја беа во хотелот „Мимоза“ во Тиват, во Црна Гора.

Првиот сингл беше објавен во април 1966 година. Покрај аранжманите, има и една авторска композиција на Влада Јанковиќ Џет – „Не одлази “.
„Црни бисери“ беа победници на Гитаријадата во Белград во 1967 година, а исто така беа и дел од култните филмови „Кога будем мртав и бео“ и „Трешња на Ташмајдану“.
Снимија многу материјал за Радио Белград и неколку видеа за ТВ Белград. Од 1965 до 1975 година тие ги обиколија Малта, Мароко и Тунис.
Групата беше распуштена во 1980 година.
– На овој компакт-диск се најдоа и првите снимки на „Бисери“ снимени во легендарното белградско „Студио 6“, како и неколку снимени за потреба на култниот ТВ-серијал – Концерт за млади, луди свет – изјави Влада Јанковиќ – Џет.