
Пропадна и 14тиот тендер за градбата на акумулацијата односно на браната на Црна Река – Чебрен, веројатно во условите за тендерот стои и изградба на производниот капацитет со самата турбина, но во ниеден текст тоа не е јасно кажано.
Министерката за животна средина, Каја Шукова, на прес конференција потврди дека пропаднал и 14тиот тендер за изградба на хидроакумулацијата Чебрен, на кој за изведувач беше избрана грчката фирма „Архиродон“. Таа рече дека Грците кренале раце од Чебрен затоа што не можеле да обезбедат кредит од банките, потоа поради тоа што имало несогласувања за тоа дали прво треба да се земе дозвола за користење на водата или да се потпише договорот за концесија, и трето - министерката претпоставува дека можеби пресудно за грчката фирма бил и притисокот од јавноста кој беше негативен и поттикнат од страна на неколкумина енергетичари кои категорично се исправија - водата да не се дава на странци, зашто ќе ни ја користел со долгорочен концесиски договор.
Инженерите со неколку протести, под мотото „Чебрен и водите мора да бидат македонски“, го манифестираа незадоволството од, како што велат - „лошата владина одлука“. Според нив „штетата (злосторството) што се прави со издавањето на ПАХЕЦ Чебрен, на 60-годишна концесија на странци, е огромна.“
– Токму хидроцентралата Чебрен, која мора да биде македонска и Македонија да биде нејзин инвеститор, е најголемиот и најважен енергетски проект со стратегиска важност за одржување на енергетската независност на Македонија. Инсталираниот минимален капацитет од 333 MW треба да овозможи Македонија да остане во голема мера енергетски независна по 2028 година, кога поради Зелената транзиција треба да престанат со работа РЕК „Осломеј“ и РЕК „Битола“. Исто така, недозволиво е ХЕЦ „Тиквеш“ да се подарува – нашите води не се за продажба! Македонските природни богатства не смеат да се узурпираат и да се распродаваат на домашни и странски компании – велат членовите на Здружението на енергетичари на Македонија – ЗЕМАК.
Енергетскиот експерт, Константин Димитров од МАЦЕФ, патриотски и популистички ламентира дека македонската држава може сама да изгради ваков енергетски проект:
– Продаваме сè што имаме, ќе работиме за туѓи господари, за туѓи дворови. Нема ништо од ова да добие Македонија, а ако е веќе толку добро, нека земат 51 процент да биде во сопственост на Македонија, 49 грчко стопанство и ќе се реши проблемот. Наместо македонското електростопанството, од ваквиот лош бизнис, ќе се офајди грчкиот систем, бидејќи в раце ќе ги има сите расположливи капацитети за оваа постројка – вели Димитров.
Професорот Атанско Туневски исто така тврди дека Mекeдонија за 60 години на странскиот инвеститор ќе му подари 2,4 милјарди евра, демек сите пари од продадената струја ќе ги лапнеле Грците или странскиот инвестирот што евентуално ќе ја гади Чебрен.
Александар Дединец од МАНУ истакнува дека за реализација на целите од „Стратегијата за енергетика“ државата треба да вложи 20 милијарди евра, што ги нема и дека токму затоа треба да се реализираат енергетски капацитети по принципот на јавно-приватно партнерство, како што се прави со ПАХЕЦ „Чебрен“, кој е неопходен за балансирање на системот заради зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори.
– Со „Чебрен“ можеме да ги задоволиме капацитетите до 2040 година и само еден час во текот на деноноќието да ни биде критичен и да ни треба дополнително балансирање на системот. Без „Чебрен“ драстично се зголемува бројот на часови во кои ни е потребно балансирање – рече Дединец.
Шукова упати апел до енергетичарите да размислат дали да се распише нов тендер или хидроцентралата да ја градиме сами. Таа рече дека државата изгубила со пропаѓањето на тендерот.
„Анторис“ побара од Министерството за животна средина да го види договорот со Грчката Фирма. Министерството ни одговори дека пред завршувањето на целата тендерска постапка нема практика да се објавуваат договорите, но на нашата забелешка дека откако и овој 14ти тендер пропадна тој треба да биде објавен за доа го видиме и да го коментираме. Одделот за информации, за „Анторис“ вели дека последниот тендер се подготвувал 2 години со намера да успее, дури се одело на терен за да се види сликата на самото место. Зошто грчката фирма се повлекла пред потпишувањето на договорот, Министерството не знае, наведувајќи дека фирмата-конкурент не е должна да ги наведе причините за повлекувањето, односно за непотпишувањето на договорот.
Минималната моќност од 333 мегаватчасови не е голем капацитет, секогаш хидрото било резерва за производство на струјата, сеуште се главни централите на јаглен, а сега ќе бидат на гас и на сончева енергија. Но, поради големината на акулулацијата на водата во клисурата на реката Црана, овој капацитет би бил значеаен. Што се однесува до рочноста на партнерството во делбата на произведената струја, 60 години не е долг период, по кој централата останува во наша сопствнеост. Веќе поминаа 20 години во тендерски активности. Што се однесува на амортизацијата на објектот, 60 години исто така не се ништо. За тоа сведочат мавровските хидроцентрали, Матка итн.
Факт е дека Македонија не може сама да ја гради централата. Да можеше досега ќе ја изградеше. Едностано нема капацитет ни финансики ни деловен ни антиципативен, има само корупција. За да ја изгради треба да се задолжи и да враќа кредити исто така можеби 60 години. Ако се работи за јавно–привато партнерство тогаш Македонија ќе има добивка во сооднос со инвестираниот финансиски капитал во изградбата, а реката никој не може да ја пренасочи ниту да ја земе и да ја однесе на некоја друга територија. Контролниот пакет за странскиот инвестирот во моделот јавно-приватно партнерство е мотивот за неговото влегување во еден бизнис. Во сптротивно странскиот инвестирот нема причина да инвестира, во прашање е бизнис и профит, а не љубов.
Меѓу тие што се противат на изградбата на Чебрен по принципот јавно-приватно партнерство има добри познавачи на енергетскиот сектор, но одмана се назад од меѓународните финансиски текови и начин на копоративно водење на бизниост. Дури мислам дека веќе си се здодевни и самите себеси.
Ако сакаме некој друг да ни помогне во изградбата, а ние да не се задолжиме, тоа не може, мораме и ние нешто да дадеме.
Ако, пак, се инсистира во самостојна градба на капацитетот, Македонија ќе мора исто така да бара кредтдит дали од ЕУ, дали од меѓунардните инвестициони фондови и да враќа долгорочни ануитети најверојатно и повеќе од 60 години – со камата. Македонија веќе нема сила сама да гради вакви капитални капацитети во вредност од повеќе од една милијарда. Во македонкската економија е направена огромна дупка со фрлањето пари за проектот СК – 204, која никогаш нема да може да се надомести. Милијардата секогаш ќе фали!
Што се однесува до цената на струјата, па и така на Македонија и следува целосна либерализација во трговијата со струјата и нејзин отворен пазар. Законите на ЕУ не дозволуваат протекционистики мерки, можеби една од причините за инаетење и сопки на патот кон ЕУ лежат токму во тоа, а не предупредувањата дека Македонја ќе била окупирана и ќе ја изгуби својата енергетска независкот, ако божем досега бевме целосно независни со домашно производство.