C_Two, новиот хипер автомобил од Римац пристигнува утре. Rimac Automobili објави видео во кое го најавува дека новиот C_Two автомобил официјално ќе пристигне на 1. јуни.
C_Two, новиот хипер автомобил од Римац пристигнува утре
Всушност, станува збор за сериска продукција на моделот C_Two, на кој Rimac Automobil намени ново име, кое ќе биде откриено утре.
Овој автомобил има дури 1.914 коњски сили и вртежен момент од 2.300 Nm. Нуди максимална брзина од 412 km / h и забрзување од 0 до 100 km / h за 1,85 секунди. Најавена е цена од 1,7 милиони евра, пренесуваат хрватските медиуми.
Покрај надреалната моќност и забрзување, Rimac C2 нуди и четврти степен на автономно возење. Исто така и најмодерни технолошки гаџети на денешницата во возило со тежина од 1.950 кг.
C2 моментално несомнено ги надмина најголемите конкуренти во класата на хиперавтомобили како што се Ferrari LaFerrari, Bugatti Veyron и Porsche 918 Spyder.
https://www.youtube.com/watch?v=XTIMdapHiJU