Препознатливата македонска компанија за часовници „Божиновски“ со повик до сите дизајнери да учествуваат во дизајнот на новиот часовник „Swatch“ во седум осмини. Компанијата повикува заеднички да се испише нова „Swatch“ приказна – локална, автентична, македонска, а раскажана за глобален бренд.

„Темата за следниот, втор „Swatch“ е дефинирана. Сакаме да зборуваме во седум - осмински такт. Инспирирај се со најспецифичниот македонски код и покажи го звукот на Македонија на светот. Излези надвор од петтолинието, земи ја палетата со бои и исцртај го следниот македонски Swatch. Конкурсот е отворен до 15ти септември, а најдобриот дизајн ќе биде избран од страна на стручна комисија. Сите дизајни мора да бидат оргинални авторски дела. Секој учесник во конкурсот може да учествува само со еден свој дизајн“, велат од компанијата.
Избраниот дизајн ќе добие симболична награда од 1 000 евра, како и три примероци од часовникот и можност истиот да биде промовиран глобално во „Swatch“ групацијата.
За таа цел, дизајнери, илустратори и уметници и сопственикот на „Божиновски“, Игор Божиновски одржаа настан во Офицерскиот дом во Битола, во рамки на програмата на фестивалот „Браќа Манаки“. На работилницата се дискутираше за евентуалните визуелни форми на седум – осминскиот такт кој треба да го одразуваат новиот македонски часовник „Swatch“.
Ова ќе биде втор локален часовник со македонски дизајн под платформата „Своч на Кирилица“. По повид 30 - годишнината од независноста, Македонија минатата година го доби првиот дизајниран „Swatch“ часовник, предивзвикувајќи воодушевување во јавноста. Процесот започнал на почетокот на 2020 година и како дошло до неговото решние, за него веќе пишуваше и „Анторис“. Првиот македонски „Swatch“ часовник го доби името „Дениција“, со потпит на илустраторот Зоран Кардула.
Инаку, бизнис-приказната на „Божиновски“ започнала во 1996 година во Битола, со отворањето на првото продажно место за златен накит под брендот со истоименото име во Старата чаршија. Набргу по формирањето, благодарение на силната пасија, „Божиновски“ станува официјален застапник на швајцарскиот бренд часовници „Swatch“ за Македонија. Низ годините, се позиционира на врвот во секторот трговија, пред сè, поради препознатливиот имиџ и неприкосновен перфекционизам.
Водена од популарниот слоган на „Swatch“ - „Секогаш различен, секогаш нов“, компанијата стана препознатлив бренд што секогаш користи неконвенционални комуникациски алатки, преку кои се слави различноста. Благодарение на таа бренд-филозофија, чекор по чекор, покрај на Swatch, „Божиновски“ станува главен застапник и на други престижни брендови часовници и накит како: CK, Tissot, Longines, Omega, Tag Heuer, Damiani.