Во земја каде возачот на камион сеуште се смета за типично машка професија, Благица Тасевска секојдневно ја прекршува оваа стереотипна слика. Зад воланот на својот камион, таа не се бори само против предрасудите на општеството, туку и ја докажува дека нема професија која е ограничена по пол. На четвртата меѓународна глобална конференција „Јас сум жена“, Тасевска зеде учество во панел дискусија за жени во традиционално машки професии, каде отворено сподели своето искуство како единствена во својот род на македонските патишта.

Од детски соништа до професионална реалност

Страста кон возењето кај Благојца се развила уште од детството.

„Се започна од мали нозе. Кога бев мала многу често велеше со себе. Знаете тоа за мене беа прекрасни моменти и средби", објаснува Тацевска. 

Овие рани спомени ја натерале да донесе одлука дека возењето ќе стане нејзина професија. Иако родителите биле загрижени за предизвиците што ги носи оваа професија, на крајот ја поддржале. 

„За поддршка и од родителите, меѓутоа беа многу знаете како ќе се справите со толку возач, сепак таа професија си бара премногу внимателност, прецизност", вели таа.

За неа, возењето на камион е нешто повеќе од професија - тоа е „чест и задоволство". Без да знае точен број на жени кои професионално се занимаваат со оваа работа во Македонија, Тасевска вели дека познава околу дисциплината која лично ја инспирирала да го следи својот сон и да стане професионалец.

Секојдневните предизвици и реакциите на околината

Кога станува збор за секојдневните предизвици, Тацевска со гордост зборува за својата работа. 

„Возам со големо задоволство и прецизност. Може да кажам дека нема ништо што ќе ме спречи", истакнува таа. За неа, техничките проблеми се само дел од работата што мора да се решават, и нема никакви пречки кои не може да ги надмине.

Меѓутоа, напоменува предрасудите сѐ уште постојат. 

„Да, предрасуди имало и сеуште ќе ги има", искрено признава Тасевска. 

Според неа, поголемиот дел од коментарите се позитивни, но од нашата земја се малку поголеми бидејќи сметаат дека е машка професија. 

„Дека само мажите може да ја работат, меѓутоа еве јас сум доказ дека може", категорично заклучува.

Пораки за идните генерации камионци

За да се охрабрат повеќе девојки да се вклучат во оваа професија, Тасевска смета дека треба да се организираат повеќе конференции и едукации. 

„Мислам дека треба да се учат повеќе и да се направат повеќе конференции и тоа е за да повеќе да се едуцираат и да се поттикнат за оваа професија", објаснува таа.

Совет за младите жени: „Ништо не е невозможно"

Нејзината порака за идните генерации жени шофери е јасна и мотивирачка: 

„Би им порачала да не се плашат од ништо, бидејќи ништо не е невозможно и ништо не е толку тешко како што изгледа". Со овие зборови, Тасевска не само што ги охрабрува младите девојки да ги следат своите соништа, туку и им покажува дека границите постојат само во нашите глави.