Минатиот месец, приватната високообразовна институција, Универзитетот во Скопје, доби меѓународно признание за најдобар Универзитет во деловното образование и неговото значајно влијание врз обликувањето на следната генерација на бизнис лидери. Наградата ја продолжува долгогодишната стратегија на Универзитетот за квалитетно образование на студентитите – да биде конкуретни на пазарот на труд.

За универзитетската професорка од Универзитетот Скопје, Валентина Муцунска Палеска, статусот на најдобар значи престиж и конкуретска позиционираст на образовниот пазар, посветеност во работата, топ менаџер или лидер кој визионерски креира образовние, политики кои треба да бидат компатибилни со образовната легистлатива на државно ниво и следење на иновациите во образовните системи во Европа.
„Да се добие ваква награда, треба да има менаџер кој ќе умее да ги препознае идните потреби на студентите и да проектира визионерска политика која ќе ги исполни барањата на студентите. Она што го промовираат развиените образовни системи дека треба да продуцираме кадри кои ќе бидат подготвени да се справат со идните предизвици во бизнисот, тоа и го правиме во нашата образовна средина. Има строги критериуми врз кои може да се измери квалитетот на образовните политики и излезните решение по завршувањето на кој било степен на образование. Тука нема дилеми. Тоа се критериуми и стандарди кои што се креирани од страна на високообразовни институции и тела на ЕУ и сметам дека секој универзитет треба да ги мери своите капацитети“, смета Муцунска Палеска.
Генерација „Зет“
Во последно време доминира нова образовна парадигма кој го промовира генерација „Зет“. Тоа е генерација од средина на 1990-тите до средина на 2010-тата. Односно, генерација родена во време на глобализација и технолошка револуција.

Според Муцунска Палеска, оваа генерација е доста сензитивна во однос на мајндсетот кој го имаат и промовираат еден сосема нов приод во образованието на сите нивоа.
„Ако универзитет нема стратешки приод и не ги следи иновациите на таргет групите кои сака да ги привлече, тогаш нема да биде престижен конкурентен. Во тој сегмент од самото основање ги следиме тие трендови на младите и повозрасните. Станува збор за комплексен процес за кој треба да модифицираме одредени пристапи за креирање на образовен процес, настава и следење на пазар на труд, како и соработка со бизнис секторот за да може тој триаголник да го балансираме. Генерацијата „Зет“ смета дека успешна кариера може да се изгради само со знаење. Не постои друга алтернатива бидејќи се моделирани во едно време на светски кризи и нормално дека излезот од таква состојба го гледаат во стекнување на применливи знаења кои ќе овозможат успешно интегрирање во бизнисот“, вели професорката.
Најголем интерес за студирање на информатика
Во однос на интересот за струките на универзитетот, интересот варира од период. За време на пандемијата туризмот не бил на потребното ниво. Факултетот за информатика е секогаш атрактивен и тие кадри се дефицитарни и добро платени. За Економскиот факултет, професорката вели дека никогаш нема да изгуби од својата актуелност, бидејќи во сите компании се потребни економисти.
„Подготовката за секоја нова академска година е перманентен процес бидејќи за да се биде лидер во високо образование постојат три предуслови. Универзитетот мора да биде флексибилен и отворен, прилагодлив за променливото опкружување и потребните промени кои ќе ги задоволат барањата на студентите, да дадеме додадена вредност која ќе биде атрактивна за нив. Пред неколку години во Законот за високо образование се интегрираше еден член дека секој студент мора секоја академска година да извршува и практична настава. Тоа е во контекст на искуствените знаења. Сите факултети во рамки на Универзитетите мора да ги мерат своите успеси со бенчмарк на развиени меѓународно позиционирани универзитети и да ги почитуваат стандардите кои ги наметнува ЕУ за образованието. Ако тоа не се интегира во образовниот систем, не може да очекуваме дека ќе продуцираме кадри кои ќе бидат задоволни во однос на знаења и ќе имаат високо ниво на самодоверба да настапат на сцената на бизнисот“, вели Муцунска Палеска.
Професорката вели дека академскиот кадар на Универзитетот во Скопје треба д биде подготвен за активна соработка со студентите да добиваат навремени информации, а треба да добиваат и емоционална поддршка. Смета дека иако студентите демонстрираат самодоверба, сепак тоа е период на сензитивен премин од една во друга фаза во однос на образованието.
„Самата помисла дека тие се веќе академски граѓани предизвикува друго чувство. Треба да има предавања и вежби кои ќе придонесат да препознаат актуелни процеси во бизнисот, да не бидат трендови на академски знаења туку и трендови во фокусот. Соработуваме со компании дома и од странство. Тие се дел од советодавните тела на факултетите на Универзитетот и таа соработка со бизнис заедницата придонесува да ги чекираме нашите перформанси во однос на потребите на бизнисот“, вели Муцунска Палеска.
Универзитетот во Скопје преку својата методологија на работа, речиси идентична со начинот на работа на сите светски Универзитети, првенствено низ наставата, но и со спроведувањето на практичните ангажмани, постојано ја буди креативноста на студентите, истражувачкиот дух во нив и нивната потреба за освојување нови знаења и вештини.