Плакатот за претставата е дело на светски прославениот дизајнер Мирко Илиќ
Културната јавност во Белград жали затоа што беше откажана, поточно одложена, премиерата на претставата „Мојот маж“, според текстот на Румена Бужаровска, на која толку и се радуваа.
Имено, неколку часа пред почетокот на претставата, од Југословенско драмско позориште беше објавено дека премиерата се откажува поради болеста на актерката.
- Се гледаме на премиерата за неколку дена и бесконечно се радуваме – велат од ЈДП.
Румена Бужаровска - омилена писателка во Србија
Нашата писателка Румена Бужаровска е една од омилените во Србија, каде се објавени три нејзини збирки, а првата е „Мојот маж“. Поради премиерата на оваа претстава, таа специјално допатува во Белград.
По Скопје и Љубљана, ова е трето поставување на „Мојот маж“ на театарска сцена.
Збирката „Мојот маж“ има дваесетина приказни, но тие избраа пет - „Прељубник“, „Татко“, „Лиле“, „8 март“ и „Супа“.
Режисерка на претставата Јована Томиќ вели дека насоката во претставата беше тематски да се намали и специфицира темата, а тоа е односот помеѓу самите жени. Тие се пријателки, мајки и ќерки, колешки ... Овие се жени што ги препознаваме, тие се насекаде околу нас, приказните се одвиваат во различни социјални средини и социјални кругови.
Јована Томиќ, која ја режираше претставата, го опишува процесот на реализација како мошне возбудлив...
- Она што ги обединува сите е патријархалниот контекст во кој тие мора да живеат. И сега Румена не бега од локалниот контекст, имаме иконографија во секоја приказна што ги поврзува и Србија и Македонија, нема никаква разлика. Но, дојдовме до заклучок дека не е важно дали имате едно или пет деца, бидејќи проблемот е секогаш ист. Она што е фантастично во врска со Румена е тоа што таа го сфаќа тоа како факт, а не како памфлет и вели: „Така е, и да видиме што се случува со жените во навидум секојдневни мали ситуации, што всушност се одраз на големи проблеми“. Сопругот, односно мажот, не е присутен на сцената, но тој е фокусот и централната фигура на секој настан - дообјаснува Јована Томиќ.
Вака ќе биде на премиерата на „Мојот маж“. Се чека нов термин...- Претставата „Мојот маж“ е неконвенционална, вели големиот театарски режисер Горчин Стојановиќ и додава дека станува збор за вистински емотивен ролеркостер:- Се смеете, па малку би плачеле, благодарение на прецизната режија, од тон до тон, точна драматургија, уметничко изразување, со мерка помеѓу нешто што е секојдневно и процедурите со кои се надоградува.
Јована Томиќ, која ја режираше претставата, го опишува процесот на реализација како мошне возбудлив...