Да се извршуваат работните ангажмани во тек на патување експлодираше со популарноста на далечинското и хибридното работење. 

IWG, компанија која се занимава со изнаоѓање решенија за работа, спореди 26 градови низ светот, оценувајќи ги на скала од еден до 10 за следните категории:

- Климатизација

- Култура

- Сместување

- Превоз

- Храна и пијалак

- Среќа

- Брзина на Интернет

- Достапност на флексибилен работен простор

„Категориите се избрани за да се земе предвид оптималната средина за работа во странство, вклучително и основните услови за живот. Исто така, постојат фактори кои можат да влијаат на продуктивноста, како што се пристапот до интернет и достапноста на флексибилни работни простори“,смета Дарен Роџерс, менаџер во IWG, во Сингапур. 

Барселона е позната по својата енергична културна сцена и речиси целогодишното сонце, поради што се најде на врвот меѓу оние кои „бараат совршен спој на работа и одмор“, стои во соопштението од IWG. 

IWG, исто така, спроведе истражување на повеќе од 1.000 хибридни работници, кое покажа дека речиси три од пет (57 проценти) го продолжиле својот одмор работејќи од странство. 

„Хоризонтите на денешните работници повеќе не се ограничени само на нивните земји. Видовме дека вработените ширум светот навистина ја ценат можноста да можат да го продолжат својот одмор, а за возврат имаат корист и работодавците, со високо ангажирани, среќни и продуктивни тимови“, нагласил Роџерс, според CNBC Make It.

Најдобрите градови за работа на далечина

Истражувањето покажало дека брзината на интернет е клучна за дигиталните номади. Фактор што ги надминува и трошоците за живот и временските услови во еден град.

„Подемот на хибридната работа сега им овозможува на работниците да работат од каде и да можат, од каде ќе бидат најпродуктивни, дури и ако се во странство. Ова е овозможено со технологијата на облак, која бара сигурна, висококвалитетна интернет конекција“, истакна Роџерс.

Највисока брзина на интернет постигна Сингапур (9), потоа Њујорк (8,5) и Хонг Конг (8). Сингапур е рангиран на 21. место на листата, со одлични резултати во другите категории како среќа и транспорт.

„Сингапур е исто така најголемиот финансиски центар во Азија, а во космополитскиот град се наоѓа најдобриот аеродром во светот, кој често се смета како дестинација која овозможува лесен пристап до остатокот од Азија, вклучувајќи ја и Југоисточна Азија“, велат од IWG.

Барселона и Торонто, двата најголеми града, забележаа особено добри резултати во брзината на интернетот и цените за сместување.

Топ 10 градови за далечински работи:

Барселона

Торонто

Пекинг

Милано

Њујорк

Рио де Жанеиро

Амстердам

Париз

Џакарта

Лисабон

На пример, просечната месечна кирија во Барселона чини 1.158 долари и 1.769 долари во Торонто, во споредба со 3.632 долари во Њујорк, кој е најскап на листата.

„Привлечноста“ на Барселона

Привлечноста на Барселона лежи и во нејзината „уникатна комбинација на сонце, море, песок и космополитска атмосфера“, наведуваат од IWG.

Според студијата, шпанскиот град добил добри резултати во однос на транспортните трошоци и има „релативно ниски трошоци за живот“ во споредба со другите популарни европски градови.

Шолја кафе во Барселона чини во просек 2,68 долари, во споредба со 4,92 долари во Лос Анџелес и 4,57 долари во Пекинг, објаснуваат од IWG.

Покрај релативно прифатливите станови, според студијата, Торонто може да се пофали и со добри резултати на среќа и „изобилство на флексибилни работни простори“.

„Најголемиот град во Канада, како што покажува студијата, - нуди различно искуство за дигиталните номади, со повеќе од 25 отсто од градот покриен со шума и импресивни 18 отсто посветени на паркови, обезбедувајќи доволно зелен простор за опуштање среде брзата урбана средина“.

Шпанија и Канада минатата година воведоа нови дигитални програми за номади, апелирајќи до вработените професионалци дека можат да ја вршат својата работа насекаде.

На листата, првите три ги заокружува кинескиот главен град Пекинг, којшто воедно е и најдобар град за работа во Азија.

„Имаше исклучително добри резултати“ во категории како култура, сместување и транспортни трошоци, соопштуваат од IWG.

Градот има вкупно 1.484 галерии и музеи - најмногу после Њујорк. Според студијата, киријата во просек чини 1.204 долари месечно.

„Уметничката сцена на градот од светска класа, со бројни галерии и културни места, нуди извонредно искуство за патниците кои бараат увид во богатото кинеско наследство и современите иновации“, заклучи IWG.

IWG е основана во Брисел во 1989 година, со основна цел да обезбедуваат  работни простори кои се удобни, комфорни и пред се достапни. Сега се број еден снабдувач на работен простор во светот на глобално ниво, помагајќи им на осум милиони луѓе на шест континенти да работат флексибилно и попродуктивно.