Агресијата на Русија врз Украина ја отсече Европа од редовното снабдување со гас. Европа згреши што се потпре на рускиот гас, без да претпостави што може да предизвика една владејачка структура од земја од која нема ниту еден производ со додадена вредност на европскиот и на светскиот пазар, освен џипот Лада, кој е на последно место на популарноста на возилата. До пред украинската криза Европа од Русија добиваше 140 милијарди м3 годишно. Тоа е речиси една третина од вкупната потрошувачка на континентот. Но, тој гас одеше за Германија и за другите европски развиени земји, а Јужна Европа (Балканот) ги почувствуа директно последиците од секнувањето во снабдувањето со тој гас, па се соочи со голема криза, нарушување на ценовната стабилност, односно инфлација, која не се памети во последниве 20 години.

Загриженоста за состојбата со гас дојде и од Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), која упати апел до целата  ЕУ да штеди гас, ако сака да ја преживее зимата што доаѓа.

За да се задржат резервите на гас на соодветно ниво до крајот на грејната сезона, побарувачката мора да се намали за 9 до 13 насто во споредба со просекот од изминатите пет години, се вели во извештајот на ИЕА за состојбите на пазарот на гас претставен во Париз.

Што се однесува до нашето прилклучување на некаков посигурен и поголем тек, Македонија бавно се движи во тој правец, но работите не се застантаи, особено надеж дава приклпучувањто на Бугарија со Интерконекторот со Грција, кој од  1 октомври е во функција, Бугарија сега добива гас од Азербејџан. Две третини од оваа азиска земја е богата со нафта и природен гас и се смета за едно од најважните места во светот за истражување и развој на експлоатацијата на нафтата. Проектот за интерконекција со Бугарија почна во 2009 година, кога земјата беше многу силно погодена од одлуката на „Газпром“ да го прекине протокот на гас низ Украина. „Беше потребно долго време за да се постигне целта.“ Ова го изјави претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лејен, на свеченото отворање на бугарско-грчката гасна врска, преку која Бугарија ќе добива азербејџански гас. Таа истакна дека овој гасовод „ја менува играта“, ја менува ситуацијата и за Бугарија и за енергетската безбедност во Европа.

Во поздравните говори беше заклучено дека овој проект значи ослободување од зависноста од рускиот гас.

Големината на овој настан е што со постигнувањето на полниот капацитет на искористеност на овој гасовод што доаѓа од Азербејџан, има надеж цените на пазарот да се смират и да се намалат брановите што ги предизвика агресијата на Русија врз Украина и да се влезе до еден помирен пазарен период. Затоа, на овој настан со своето присуство значење му даде претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, а присутни беа и претседателите на Азербејџан Илхам Алиев, на Србија Александар Вучиќ, на Македонија Стево Пендаровски, премиерот на Грција Киријакос Мицотакис и премиерот на Романија Николае Чука.

Гасната врска меѓу Бугарија и Грција е долга 182 километри, а може да транспортира 3 милијарди кубни метри природен гас годишно, со можност за зголемување на капацитетот на 5 милијарди кубни метри во следните години.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека енергетската ситуација во Србија е тешка и рече дека земјата купува од Русија две милијарди кубни метри гас, но би било добро земјата да добие уште една милијарда од другата страна.

„За тој проект ќе изградиме интерконектор меѓу нас и Северна Македонија од многу причини, исто така поради можноста за поврзување со ТАП, кој води од Азербејџан до Италија, па да видиме што можеме да добиеме во иднина“ изјави Вучиќ.

Според сето ова, може да се претпостави дека Македонија, полесно може да се вклучи на патот на гасот од Азербејџан.  

Азербејџан е еден од спонзорите на коридорите за енергетски транспорт на релација Исток-Запад и Север-Југ. Преку транс-анатолскиот гасовод (ТАНАП) и транс-јадранскиот гасовод (ТАП) ќе испорачува природен гас од азербејџанскиот Шах Дениз за Турција и за Европа.

Во февруари оваа година НЕР, за Анторис, информира дела во нарендите 4 години многу индустриски објекти, институции, домаќинства ќе можат да се приклучат и да користат природен гас, поевтин енергенс, но, сепак и неговата цена ја диктираат светските берзи. Овааа државна институција (НЕР) ја спроведува изградбата на преносната гасоводна мрежа низ земјава и договорите за поврзување на мрежата со другите мрежи што водат до изворите на гасот. Изградбата е планирана да почне при крајот на оваа година. Во прашање беше финансиската конструкција и добивање на потребните одобренија за градба, па Договорот за грант од WBIF, во вредност од 10 милиони евра за градба и договорот за заем со ЕИБ, ЕБОР.

Овој интерконектор треба да стане оперативен во текот на 2024 година, со што нашите можности за снабдување ќе се диверзифицираат  и ќе овозможиме пристап до поконкурентни и постабилни пазари на природен гас. Тоа значи дека преку преносната мрежа на ДЕСФА, ќе имаме директен пристап до ТАП  (Trans Adriatic Pipeline), и до ЛНГ – терминалите во Грција. Изградбата на интерконекторот со Грција, ќе ни овозможи да имаме дополнителни 2.8 милијарди м3 годишно.

Конекција преку Бугарија

Македонија засега од Бугарија се снабдува преку само една врска, а често се споменува изградба на втор интерконектор меѓу Струмица и Петрич. Преку сегашниот интерконектор лани беа пренесни околу 430 милиони м3. Тоа е прв пат да се искористи повеќе од 50% од капациотетот на гасоводот, но тој проток не е рамномерен во текот на целата година. Во наредните години, ако на светската и на балканската почитичка сцена се смират страстите, се очекува тој пораст да биде побрз. Затоа, интерконекторот Струмица-Петрич е многу значаен за нас, бидејќи ние сакаме да користиме капацитети во складиштата на природен гас во Бугарија, и во таков случај протоците од нашиот источен сосед ќе треба да се оптимизираат.

Веќе целиот свет научи дека, а тоа е и старо правило во теоријата на економијата, дека сите јајца не се носат во една кошница. Во случај на концентрација на снабдувањето само од еден зивор, ги прави корискнисите многу ранливи во смисла на енергетска зависност. Не само енергетската, туку секоја друга зависност може да се злоупотребува.