
Речиси сите кафеански разговори завршуваат со тоа – кој е појак?: Америка, Русија, Кина, БРИГЗ итн. Во тие разговори можат да се слушнат и добри информации, од добро информирани луѓе, но и такви глупости што зборуваат дека на Америка конечно и е дојден крајот, само што не банкротирала, дека далеку заостанува зад брзорастечките економии итн. Но, податоците велат дека таа во речиси сите области во светската економија е на самиот врв и дека во догледно време тешко може да се каже дека некој ќе ја симне од тронот. Едно е сигурно, а тоа е дека Американците нема да дозволат лесно да бидат симнати од пој престол на глобални господари на парите и на технологиите.
И покрај тоа што Кина е на чекор да ја преземе титулата „најголема светска економија“ (по некои показатели тоа и е) и што во самиот врб забрзано се пикаат Индија и Индонезија, САД уште долго време нема да го предаде тронот во тоа што е најбитно во светот: технологиите, комуникационите дејности, трговијата, финансиите и фармацијата. Пресврт би можело да има во 2050 година, но тоа е уште далеку и неизвенсо. Тоа јасно се гледа на дијаграмот што го направи порталот „Висуал капиталист“ (Visual Capitalist), според податоците на Companiesmarketcap.com. Од шест претставени области, американсите компании не се прави само во една. Но, во таа на втората и на третата позиција убедливо и цврсто се држат познати американски имиња:
Информатичка технологија
Како што се знае, американската ЕПЛ(Apple) има најголема вреднсот во светот, според вредноста на нејзините акции на берзите. Таканаречената „пазарна капитлизација“ на производителот на прочуениот „ајфон“ изнесува 2 800 милијарди долари!
За споредба, ако ја земеме Македонија, односно нејзиниот бруто домашен производ, во 2022 година тој изнесувал речиси 12 милијарди долари, или Србија со БДП од 63,5 милијарди дилари, ќе видиме колкава е „големината“ на ЕПЛ. Вредноста на ЕПЛ, значи само на една американска фирма, е многу поголема од брудо-домашниот производ на многу земји заедно.
Во секторот на информатичките технологии, веднаш зад ЕПЛ можат да се наредат, познатитие „Мајкрософт“ со вредност од 2400 милијарди, а сега е во подем и „Нвидија“ со вредност од 1100 милијарди долари.
Енергетика
Следна најголам фирма е од областа на енергетиката. Поточно во петрохемијата. Тоа е единствената област во која Американците, условно речено, не владеат во светот. На прво место во оваа област е државната компанија на Саудиска Арабија „Сауди Арамко“, која, како најголем извозник на нафта во светот, на берзанскиот пазр вреди 2200 милијарди долари.
Но, веднаш зад неа се американските две - „Ексон“ со вредност од 430 милијарди и „Еврон“ со вредност од 297 милијарди, иако доаѓаат од земја која не е најголем извозник, но е најголем произведувач на нафта во светот. САД во 2022 година произведувале за 40 насто повеќе нафта отколку Саудиска Арабија или Русија.
Комуникации
Во секторот што претставува основа на денешното општество во целиот свет, онлајн комуникација, Американците ги држат првите две места. „Алфабет“ (Google) вреди 1600 милијарди долари, а „Мета“ (Facebook) 754 милијарди.
Кинеската фирма „Тенцент“ (WeChat) е трета со вредност од „само“ 389 милијарди долари. Овој производител на мултимедијални содржини и технологии глобално е водечки во сегементот на видео игрите.
Пазарната вредност не е се’
Пазарната вредност, или пазарната капитализација е една од начините за изразување на вредноста на компаниите која се наоѓа на берзата. Предноста на овој метод е што лесно се пресметуваа таа вредност, со едноставно множење на бројот на берзанските акции со нивната моментална цена.
Во наведениот пример, „пресекот“ е на 16. 08.2023 година
Но, треба да се има предвид дека пазарната капитализација не вклучува некои други битни финасиски параметри на успешност или здравјето на компанијата, како што се, на пример, нивото на задолженост и готовината.
„Потрошувачки“ гиганти
Едно од најпрепознатливите имиња на современото потрошувачко општество води на листата на секторот на производители или снабдувачи на стока за широка потрошувачка. Секој што слушнал за интернет-трговијата, секако слушнал и за „Амазон“. Овој конгломерат, кој денес успешно се занимава и со ИКТ бисзнис и клауд услуги, на берзата вреди 1400 милијарди долари.
Само поливина од оваа цифра вреди единствената фирма „Тесла“, глобален симбол како произведувач на електрични автомобили – 715 милијарди долари.
Многу помалку од компанијата на Илон Маск вреди компанијата на неговиот редовен конкурент на листата на милијардери на Форбс – Бернар Арон. Неговиот конгломерат на фирми на луксузни брендови „ЛВХМ“ (Luj viton) вреди „само“ 442 милијарди долари.
Финасии/капитал
Кога се во прашање вложувањата, односно собирање пари од целиот свет и пласирањето со цел „да се направат уште пари“, тука Американците се светски неприкосновени. Па, не е ни чудно тоа што во овој сектор, финасискиот, односно во бнакарскиот и во инвестиционите фондови, двете први места ги држат фирми со седиште во САД. Првото место и припаѓа на „Беркшир хатавеј“, на финансискиот маг Ворен Бафет, која вреди 774 милијарди долари. Спорд овие податоци, „Беркшир Хатавејх“ е далику пред поимот за банки „ЈП Морган Чејз“, која има акции во вредност од 437 милијарди долари.
Дури на трето место се појавува име од една од најбогатите земји во светот „IHC“ (Internacional holding Co.) од Обединетите арапски емирати со вредност од 240 милијарди долари.
Здравје/фармација
За тие што на секторот „здравје“ гледаат како на лечење, а помалку како на превентивата, секако не зачудува што овој сегмент на глобалната економија го држат фирми од „земјата на лековите“. Сите три компании на врвот и во овој сектор се од САД, земја во која се трошат повеќе апчиња по глава на жител и во која постои „апче за се’ и за сите“.
Имињата на компаниите можеби не и’ се познати на пошироката јавност, но тоа не и пречи на фармацевстката компанија „Ели Лили“ на берзата да вреди 520 милијарди долари, или „Јунајтед хелт“ (United Healt) со вредност од 469 милијарди.
Третата компанија секако ја препознаваме, затоа што, освен класичните лекови, има и производство на стока за широка потрошувачка за домаќинствата. Тоа е фирмата „Џонсон и Џонсон“ (J&J) со вредност од 448 милијарди долари пазарна вредност.
Така што грижите и тврдењата дека Америка е пред економски колапс, дека се движи кон амбис и дека кинеската економија само што не ја претркала и дека кинескиот јуан ќе го зами доларот - паѓаат во вода. Прво, размената со кинескиот јуан е само 5 проценти од светската трговија и тоа на билетерални релации, второ, американскиот БДП за 2022 година изнесува 25 илјади милијарди долари, а кинескиот 14 илјади милијарди, со таа ралика што американците својот БДП го прават со население од 160 милиони, а Кинезите со население од 1,5 милијарда. Ако сакате споредба и со македонскиот денар, кинескиот јуан (05.09.2023) се продава за 7,8 денари, а американскиот долар за 56,9 денари.