Алшар се наоѓа на списокот на светското наследстово на минерали. Рудникот се наоѓа на планината Кожув, на 900 метри надморска височина, во близина на македонско - грчката граница и на селото Мајден, 50тина км од Кавадарци. Името  е кратенка од првите букви на имињата на луѓето што управувале со него во почетокот на 20 век: Алатини, француско банкарско семејство и Шарто, рударски инженер. Алшар континуирано се истеражува, со големи временски прекини. Локалитетот на рудникот и околината биле познати многу одамна, се спомнува во документи и во литературни податоци.

Во 1886 година дадена е согласност со султанов указ од Иснанбул, да може да се отвори рудник. Официјално рудникот Алшар е отворен истата таа година и бил експлоатиран до балканските војни (1912- 1913). Во тој период, кога бил активен и работел, се копало од богатите зони на рудникот, минерали на арсен и антимон, кои биле транспортирани до Солун и до Демир Капија, а потоа, со железница, во разни европски земји. Кога научната јавност на тие змји, Австроунгарија, Германија, Франција, дури Англија, се заинтересирала за потелклото на тие минерали и почнале да се објавуваат инфомрмации за богатството на Алшар, се појавил голем интерес кај минеролозите за необичните и новооткриени минерали, од кои некои и ден денес се ендемични. Интересно е тоа што уште 1893 - 1894 година има објавено научни трудови во научни списанија за минералите од Алшар. И ден денес во многу познати музеи можат да се најдат примероци од овие ретки минерали како експонати.

Од рудникот се добивал антимон и арсен, но во тоа време овие сулфидни минерали биле користени како средства за депилација.

Повторниот интерес за Алшар почнал по Втората светска војна. Истражувањата ги почнал тогаш-формираниот Геолошки завод на Македонија. Локалитетот бил истражуван се’ до 1975, континуирано, вложувани се големи средства за дополнителни истражувања за добивање на концентрати и можност за примена, но никогаш не бил повторно отворен. Па, така, повеќе од 100 години рудникот не е активен.

Тоа што ги тера научниците постојано да копаат во неговата утроба е можната примена на еден од минералите на талиумот, а тоа е лорандитот (талиум арсен сулфид), најзастепаниот минерал на талиум во лежиштето. За него се пројавил интерес поради тоа што може да биде користен како природен детектор на една честичка од Сонцето која патува до Земјата за 8 минути. Тоа е единствената честичка што не е трансформирана при патувањето на својот пат, а која беше значајна посебно 50-тите и 60 тие години за дефинирање на сончевиот модел, односно за функционирањето на Сонцето, посебно за јадрото на сонцето и за ослободувањето на огромната енергија. Таа теорија беше дефинирана, но за да се додефинира тој модел, недостасуваше уште детекцијата на оваа честичка, неутрино (мал неутрон).

Во светот, за таа цел, во почетокот на 60-тите години на минатиот век почнати се неколку експертименти за детектирање на оваа честичка и дефинирање на овој модел, односно на теоријата на Сонцето кој бил со вештачки хемиски супстанци. Најпознат е американскиот експеримент со хлор. Соединенија на хлор биле поставувани во напуштени рудници длабоко под земја. Се претпосатавувало дека неутриното, ако погоди јадро на одредени изотопи на некои елементи - може ги трансформира во друг елемент. Тоа е познатиот експеримент „Хлораргон 37“. Така американските научници се обидувале да ја детектираат активноста на Сонцето и на самото неутрино, но тоа е многу скапа метода. Освен тоа, десетина години по почетокот на експериментот добиените податоци резултирале со само 40 проценти од теоретски пресметаната емисија на неутриното. Научниците дошле до заклучок дека можно е да има грешка во експериментот, или теоријата не е во ред и одлучиле да бараат можности за детекција со други природни детектори. Тогаш се семтало дека најдобри резултати би дал талиумот 205, изотоп многу малку застапен во вкупното количество на талиум. Решиле да го бараат таму кај што е најмногу застапен, а тоа е Алшар. Со тоа тогаш рудникот добива голем научен интерес.

Професорот Фридман од Чикаго, кој учествувал во овие експрерименти во Америка, го пронашол минералот во музејот во Чикаго. Добил дозвола да врши одредени експерименти, но за решавање на теоријата требало големи количества, десетици килограми лорандит, а тој имал само еден мал примерок. 1974 – 1975 година побарал од југословенската влада, официјално, преку американската влада, согласност да се извадат поголеми количества руда и да се извади минерал за да може тој експеримент да се спроведе. Но, барањето било одбиено. Сепак, професорот Фридман дошол во Македонија, го посетил рудникот и неговиот извештај е ставен во Монографијата за Алшар. Нашите геолози исто така дале свој извештај. Бидејќи барањето било одбиено, интересот на американците спласнал. На почетокот на 80 години, забраната била повлечена, но Американците пак не покажале интерес да ги продолжат истражувањата. Тогаш се појавил голем интерес од страна на германските истражувачи. 1984 година веќе се организира првата научна конференција за можноста за примена на минералите на талиумот, на лорандитот, како детектор на сончевото неутрино и се формира меѓународен проект и посебно југословенски проект кој бил еден од најголемите југословенски проекти од Југославија во кој  учествувале 30тина научни институции. Владата на Анте Марковиќ одобрила тогашни 300 илјади германски марки и одново почнале многу сериозни истражувања. Биле земени 10тина тони руда од кои бил сепариран 1 килограм лорандит кој бил поделен меѓу истражувачите за дополнителни истражувања. За жал со почетокот на војните  на територијата на Југославија, работата пак застанала.

Сега има ентузијасти кои работат, но сета активност остана на професорот Миодраг Павиќевиќ од Белград и на професорот Блажо Боев кои користат финансиска помош од австриската Фондација за наука. До денес траат истражувањата, така што се ближат крајните истражувања.

Во светот има истражувања со вложување на стотици милиони долари. Такви инвестиции во 60тите, 70тите и 80тите години имало во Италија, Германија, Холандија, имало заедничко руско-американско истражување под наслов „Галекс“, во Канада, во Јапонија и некаде 90 години се дефинира стандардниот сончев модел и се детектира  неутриното со вештачки хемиски супстанци. Дури раководителите на проектите од Америка и од Јапонија 2002 година добиле Нобелова награда за откритието, за детекцијата на неутриното.

Затоа е интересно да се продолжи со лорандит- експериментот (ЛОРЕКС). Тоа би било прва примена на природен детектор, најефтино, од научен аспект многу интересно.

Една од „народните приказни“ е мислењето дека во Алшар се крие некое големо богатство и тајанта на светот, па затоа меѓународниот фактор сака да ја „потурне“ Македонија кон  евро-атланските интеграции за полесно да ни го земе тоа богатство.

Научниците велат дека Алшар е рудник уникатен по своето богатство, посебно со талиумот и со неговите минерали, со разновидноста на минералите, но од економски аспект тоа е лежиште со дефинирани количества арсен и антимон. Но, има еден проблем зошто во минатиот и почетокот на овој век не се инвестирало. Проблемот е во сепарирањето на арсенот за да се добие доволно чист антимонов концентрат за да се добие антимон. Почетокот на 80тите години имаше интерес од единствената топилница за антимон во Зајача, во близината на Краљево, да инвестира во отворање на рудникот и добивање на концентрати кои би биле преработувани во топилницата за да се добе антимон, бидејќи е тој многу баран метал (на пример за акумулатори). Но, тогашните истражувања покажаа дека практично е невозможно да се очистат тие концентрати од арсен, бидејќи во рудникот се среснати арсенските со антимоновите минерали и поради тоа немаше реализација ни на таа иницијатива.

Прашањето на златното богатство

Алшар стана интересен и со тоа што на почетокот на 90тите години една американска компанија беше заинтересирана за истражување на присуство на злато и тоа во површинските делови на локалитетот. Резултатите беа оптимистички, но Американците се повлекоа поради политичката ситуација, војните во поранешната дрежава. Се уште траат истражувањата за евентуални количества на злато. Одредени количини на резерви се  веќе дефинирани. Прашање е: и да се додефинира количество злато, колку ќе биде лесно да се извади, дали  инвестицијата ќе чини повеќе од самото злато, што значи дали ќе биде исплатлива?

Енергетското прашање

Од аспект на прашањето на енергетските тајни и поуки што можат да се научат од Алшар, детекцијата на неутриното е корисна, бидејќи доаѓа од внатрешноста на сонцето, најголемата енергија ја носи таа честичка, па од таа премиса доаѓаат идеите дека можеби би можело да се реши прашањето на енергијата на нашава планета со  теории дека такви научни откритија можат да доведат до формирање на мали сонца кои би биле непресушен и бесплатен извор на енергија 

Медицинскиот аспект на Алшар

Од здравствен аспект, што не го спомнува никој,  арсеновите и талимските минерали се исклуително токсични. Во поново време има размислувања дека, ако на болните од рак им се инфундира високотоксична супстанца,  би можела да ги уништи клетките на ракот. Во соработка со една истражувачка група од Академијата во Словачка направени се испитување кај стаорци кои покажле добри резултати. Овие размислувања до пред 10-15 години воопшто не беа земани предвид.

Разновидноста на минералите

Минералите во Алшар се групирани во две големи групи. Едната група е несиликатни минерали, а другата голема група ги вклучува силикатните минерали. Кога станува збор за несиликатните минерали, Алшар предничи во бројот на примероците што ги поседува. На лолкалитетот се најдени 44 несиликатни минерали, а само еден силикатен минерал. Несиликатните минарали на Алшар се поделени во подгрупи: најголем дел се талиумските минерали и такви има 13 од вкупно 45те досега најдени во светот. Тоа е 30 процентно учество во вкупниот број талиумски минерали. Значи, локалитетот Алшар се вбројува во еден од трите најбогати во светот со овој елемент.  За богатството на Алшар со минерали доволно зборува следниот факт.

Светската асоцијација за минерали има признаено околу 5 илјади и 300 минерали. Од овие во Алшар досега се пронајдени примероци од 45. Тоа значи дека 1% од целокупното минерално светско богатство се наоѓа во рудникот Алшар. Но, бројот на минералите со кои располага Македонија е само околи 2/3 од овој број. Околу 15 минерали по некакви тајни канали се изнесени од Македонија од страна на луѓе што доаѓале на локалитетот. Во последниве 5 години истажувачката група направи напор да ги врати. Со испраќање дописи, до луѓе, до институции да се вратат па дури и со откуп. Така, во последниве 8 години, се успеало да се вратат 8 минерали. Остануваат да се вратат уште десетина примероци. Да нагласиме дека до пред 10тина години во Алшар имаше седум ендемски минерали, што не беа пронајдено на други локалитети во свсетот. Во овој период три од нив се најдени на други локалитети, така што во овој момент во Алшар има 4 ендемски. Трендот на криумчарење на минералите од Алшар продолжува. Останува отворена можноста јавното обвинителство, по допрен глас, да поведе истрага за начинот на кој се изнесувани овие минерали.

Има уште простор за истражување и за откривање на содржината на целиот локалитет. Но, треба државна финансиска помош. Последниот идентификуван минерал и структурно решен е пред повеќе од 6 години.  

Алшар врие од живот

Уште една димензија које се обзнани со издавањето на монографијата за Алшар, со чија промоција професорот Блажо Боев стана дописен член на МАНУ. Тој вели дека во Алшар, во тие екстремно тешки услови, врие од живот. Боев има истражувано дали во најекстремните услови што постојат на овој дел од земјината топка, во која има исклучително отровни супстанци, како арсен и талиум, можеме да очекуваме некои форми на живот. Боев вели дека резултатите се позитивни. Се потврдува тезата дека е можен живот, како и во други екстремни средини, како на дното на океаните, во длабоките рудници на Јужна Африка или на планетата Марс. Тие форми на живот се идентични на праформите од почетоците на животот, пред околу 4 милијарди години кои денеска можат да се најдат во фосилните карпи, тоа се нано бактерии, кои се исклучително важни за појавувањето на животот на планетава. Формите во Алшар живеат на арсенска подлога, ако им ја тргнете арсенската подлога ти не се размножуваат. Боев вели дека се најдени огромен број  такви форми. Сега, полека, видовите ги двоиме, вели тој.

Алашар е светски раритет според концентрацијата на талиум, на ниту едно друго место нема таква концентрација. Но, талиумот во моментов нема голема примена во светот. Затоа не може да постигне еквивалентна комерцијална вредност.

Според овие излагања може да се заклучи дека Алшар треба да и се остави на светската наука, додносно на научниците. Македонските нучници повеќе би сакале тој простор да им остане ним за научни истражувања, бидејќи светската научна мисла би добила многу повеќе од тоа богатство.

Алшар беше заштитено подрачје. Пред 7-8 години се повлече Законот за заштитено подрачје. Сега Алшар е даден под концесија, со услов концесионерот да овозможи присап за научни истражувања.      

Монографија за Алшар

Пред неколку години излезе монографијата за Алшар. Идејата потекна токму од големиот интерес за содржината и за вредноста на  рудникот. Автори: Глигор Јовановски, Блажо Боев, Трајче Стафилов Петре Макрески, Владо Матевски и Иван Боев. Монографијата е излезена во соработка со универзитетот Гоце Делчев од Штип, тиражот е поделен меѓу Универзитетот и МАНУ, а може да се најде во книжарницата на Академијата и да се купи.