Во пресрет на објавувањето на финансиските извештаи за акциите поврзани со вештачката интелигенција се наметнува и прашањето: Што ги држи цените на акциите на ВИ во 2025 година?

 

Вештачката интелигенција (ВИ) веќе не е популарен збор, таа веќе е мотор вреден повеќе милијарди долари кој управува со повеќе сектори. ВИ е широко користена во ИТ, подобрувајќи го хардверот за компаниите што произведуваат чипови и преку генеративен софтвер, но исто така се користи и во автономни или самоуправувачки возила и во медицинската дијагностика.

-Револуцијата на ВИ е веќе тука и го промени начинот на функционирање на бизнисите и однесувањето на потрошувачите. Апетитот за изложеност на вештачка интелигенција продолжува да расте, а цените на акциите поврзани со вештачка интелигенција достигнуваат највисоки нивоа пред сезоната на заработка. Но, што ја движи динамиката и дали ќе трае?- анализира платформата за тргување Fortrade Internatonal.

Како изгледа секторот за вештачка интелигенција

Генеративниот пазар на вештачка интелигенција според предвидувањата на берзанските играчи во тековнава декада има раст од околу 40 милијарди долари во 2022 година на над 1,3 трилиони долари до 2032 година, покажува извештајот на Bloomberg од јуни.

Во поширок обем, PriceWaterhouseCoopers проценува дека ВИ може да придонесе да се слеат околу 15,7 трилиони долари во глобалната економија до 2030 година. Компаниите усвојуваат вештачка интелигенција во своето производство, а во одредени случаи се забележува и намалување на бројот на ново ангажирани работници. Исто така се прават проценки дали и до кој степен вештачката интелигенција може да ги намали трошоците за вработување и да ја подобри ефикасноста. И покрај трговските тензии и чудните падови, пазарите остануваат ентузијасти за ВИ. ЕТФ-овите забележуваат рекордни приливи, додека провајдерите во облак и производителите на чипови, во првите редови на револуцијата на ВИ, ги надминаа другите сектори.

 Што ги движи цените на акциите  на ВИ оваа година?

Годинава, акциите поврзани со вештачката интелигенција го продолжија својот раст. Голем број компании достигнаа рекордни нивоа што покажува тековна доверба на инвеститорите во иднината на вештачката интелигенција. Секако дека големиот трговски конфликт може или да влијае врз индустријата или да има негативно влијание врз економскиот раст, што потенцијално ќе доведе до помалку инвестиции во ВИ и намалување на побарувачката низ целата индустрија. Иако останува одредена опасност, во тек се преговори и потпишување на трговските договори меѓу САД и нивните партнери.

 Друга загриженост на почетокот на оваа година беше веста дека четботот на кинескиот DeepSeek даде слични резултати како ChatGPT, и покрај фактот што користеше постари NVIDIA AI чипови. Веста ја намали цената на акциите на NVIDIA и дејствуваше како пречка за секторот поради стравувањата дека големите компании за вештачка интелигенција би можеле да изберат да го одложат купувањето на најновите чипови на NVIDIA и дека целокупните инвестиции во индустријата би можеле да бидат намалени. Сепак, краткорочната распродажба се сметаше за претерана.

NVIDIA е највредна во светот тежи околу четири трилиони долари

NVIDIA, META, MICROSOFT и PALANTIR забележаа највисоки нивоа на сите времиња оваа година, бидејќи пошироките индекси достигнаа рекордно високи нивоа,  информира  Fortrade Internatonal.

NVIDIA е централен играч во вештачката интелигенција, бидејќи секоја компанија која инвестира во технологијата пожелно е купи од најнапредните чипови што ги нуди NVIDIA. Всушност за чиповите на NVIDIA голем интерес пројавија и земјите од Заливот на Блискиот Исток и неодамна Кина. Компанијата сега е највредна во светот, проценета на околу четири трилиони долари.

Како што објави оваа платформа компаниите како Microsoft и Amazon бележат огромен пораст на услугите во облак, што ја поттикна побарувачката за центри за податоци.

Мајкрософт инвестира околу 80 милијарди долари во центри за податоци и инфраструктура во облак, а компанијата, исто така, го подобрува вградувањето на генеративна вештачка интелигенција во своите платформи. На 14 јули, извршниот директор на Meta, Закерберг, изјави дека „стотици милијарди“ ќе бидат наменети за AI инфраструктура или „суперкластери“ и истакна дека ВИ во голема мера го подобри своето таргетирање на реклами.

Растот на акциите на Palantir оваа година беше поддржан од договорите со американската влада, со голем интерес генериран од нејзината платформа за вештачка интелигенција.

Што се очекува оваа сезона од заработката со акциите на вештачка интелигенција?

Пошироката берза, исто така, расте со позитивно расположение поради фактори како што е усвојувањето на предлог-законот за намалување на даноците во Конгресот. Со почетокот на сезоната на заработка во вториот квартал, пазарите се фокусирани на тоа дали вештачката интелигенција може да го продолжи интензитетот што доведе до зголемување на акциите. Од Microsoft, NVIDIA, GOOGLE, Meta и други ќе се очекува не само да покажат добри резултати, туку и да наведат дека нивната инвестиција во вештачка интелигенција произведува или ќе произведе траен приход.

Инвеститорите, исто така, ќе бараат најави за идни лансирања на производи и како компаниите ќе ја монетизираат вештачката интелигенција.

 Иако трговската војна сè уште може да ги попречи цените на акциите, сè поголем број земји потпишуваат трговски договори или се во преговори со САД, а пазарното расположение останува позитивно. ВИ продолжува да биде најважната инвестициска тема кај акционерите, при што фокусот останува на потенцијалот на секторот да го трансформира начинот на кој луѓето живеат и работат.